fbpx

5 едноставни промени за намален ризик од канцер!

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Комплексноста на физиолошките процеси кои водат кон малигните заболувања, прави тие сé уште да бидат, во голема мера енигма за научниот свет. Точно е дека со текот на времето научниците имаат сé повеќе информации околу поединечните видови на канцер, па така достапни стануваат и различни нови начини на третирање.

Сепак, превенцијата останува најзначајниот и централен начин за спречување на заболувањата од овој тип.

За среќа, сé повеќе расте и свесноста за ова. Луѓето се сé позагрижени и повеќе обрнуваат внимание на работите кои самите можат да ги превземат, за максимално да го намалат ризикот од развивање некакво малигно заболување.

Во оваа намера, како клучен поим се појавува животниот стил или какви ни се животните навики.

"“Online”/

Веројатно сте слушнале повеќе дезинформации, но и  контрадикторности во рамките на самиот научен свет околу превенцијата од канцер. Сепак, околу некои работи постои консензус.

Во продолжение, ќе наведеме неколку од нив, односно 5 едноставни животни навики кои треба да ги применуваме, за сведување на ризикот од малигни заболувања на минимум.

1) Заборавете на цигарите

Најчесто пушењето се поврзува со здравјето на белите дробови и тоа е точно, цигарите предизвикуваат околу 80% од случите на рак на белите дробови. Дополнително и цела една лепеза на потешки и полесни белодробни заболувања, како и рак на усна празнина, грло и гласни жици. Само 4 цигари дневно, го зголемуваат ризикот од рак на бели дробови за цели 5 пати и општо, го намалуваат животниот век.

Fibro Gel

За жал, во Македонија пушењето може да се смета за проблем број 1 од аспект на  јавното здравје, бидејќи котираме на самиот врв според бројот на пушачи и тоа во светски рамки.

Токсичниот чад од цигарите ја напаѓа буквално секоја една клетка од нашето тело. Можеби ова ви делува чудно, но постои биолошко објаснување. Имено, цигарите содржат најмалку 7000 хемикалии од кои 100тина се потврдено токсични, а околу 70% од нив, потврдено канцерогени. Ова се потврдените негативности од компонентите, само до овој момент!

Кога овој чад со стотиците тешки токсини ќе го вдишиме, тој преку алвеолите преминува во крвотокот, односно во патиштата на хранливите материи и кислородот. На тој начин доаѓа до секоја една клетка, на секое ткиво.
Откако крвта ќе ја заврши работата, се филтрира во бубрезите, а урината се складира во мочниот меур. Бубрезите треба да ја исфилтрираат крвта, па така токсините од цигарите доспеваат и до мочниот меур, каде се складираат одредено време. Притоа, тука тие го напаѓаат ѕидот и го оштетуваа- затоа една од главните причини за рак на мочен меур е токму пушењето.

Значи, директно се погодени белите дробови, крвните садови, бубрезите и мочниот меур, но ниедно ткиво не е поштедено од токсините, па така цигарите делуваат лошо и на имунитетот, импотенцијата и плодноста кај мажите и жените, видот, остеопорозата итн.

Од сето ова, можеме јасно да заклучиме дека прекинувањето со пушењето е една од клучните животни навики за намалување на ризикот од малигни заболувања. Ако имате проблем со откажувањето, а повеќе пати сте се обидувале, вреди да се обидете и поврторно или да побарате помош од стручно лице.


2) Хранете се здраво


Иако исхраната не може да гарантира превенција од канцер(впрочем како и сите други животни навики), но може значително да го намали ризикот, особено од одредени видови на канцер. Генерално, здравата исхрана подразбира:

Исхрана базирана на поголеми количества свежа храна, односно овошје и зеленчук, полнозрнаста храна, мешунки и јатки (здрави масти). Досега, како најдобар избор се покажала Медитеранската исхрана, која се базира толку на споменатите елементи.

Внимавајте на телесната тежина – максимално избегнувајте ги процесираните производи со додадени шеќери и нездрави маснотии(заситени и трансмасти), кои значително ја зголемуваат калориската вредност, но се штетни и од повеќе други аспекти. Ограничете ја употребата на месо и млечни производи, особено препроцесирани.

Целосно избегнувајте процесирани месни производи – вакумираните месни производи содржат докажано канцерогени супстанции за конзервирање. Ова се препораки од СЗО.

Не пијте алкохол, или пијте во умерени количества – алкохолот докажано го зголемува ризикот од рак на дебело црево, дојка, бели дробови, бубрези и црн дроб. Со количините, расте пропорционално и ризикот.


3) Бидете физички активни

Освен што ова ќе ви помогне полесно да ја контролирате телесната тежина, што директно го намалува ризикот од рак на дојка, простата, бели дробови , дебело црево и бубрези, физичката активност е добра и за менталното здравје.

Неконтролираниот стрес, според некои студии може да го зголеми ризикот од некои типови канцер.

Редовната физичка активност има и низа други бенефити покрај превенирањето на малигните заболувања.


4) Заштитете се од сончевите зраци

Ракот на кожа или меланомот е помеѓу најзастапените, но во исто време и малигно заболување кое најлесно може да се превенира. Кратки совети за превенција:

• Избегнувајте претерана изложеност на сонце од 11 до 4 часот, кога UV индексот е доста висок. Ова важи особено во летните месеци.

• Носете очила за сонце и останете во сенка колку што е можно повеќе, ако веќе морате да бидете надвор во овие часови.

• Покривајте ги најизложените делови од кожата со лесна облека.

• Не претерувајте со кремите за сончање и внимавајте на нивниот фактор – дали е погоден за вашиот тен, односно колку ќе може да ве заштити.

• Избегнувајте тремани во солариуми.

Сепак, немојте целосно да избегнувате изложеност на летното сонце, заради продукцијата на витаминот Д, телото има потреба од сончевите зраци. 15тина минути на жешкото сонце, нема да делуваат штетно, сосема напротив.

5) Правете чести лекарски прегледи, особено ако сте во некаков ризик

Раното дијагностицирање на некои видови канцер може да значи живот. Две компоненти се тука најважни: едукацијата и скринингот.

На пример, жените од 40-45 години, треба да прават еднаш годишно ПАП тест. Жените од 45-54 треба да прават мамографија еднаш годишно, а оние над 55 години, барем еднаш во две години.

За останатите видови малигни заболувања, нема вака брзи и лесни тестови, но важно е да се знае како да се препознаат симптомите, со цел одење на соодветен преглед.

Некои од најчестите знаци за канцер вклучуваат отечени лимфни јазли, обемни крварења, хроничен замор, неочекувано губење на телесната тежина, болки во градите и грлото кои не поминуваат итн.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X