fbpx

РУКОЛА – Зелено злато од МЕДИТЕРАНОТ! Како една навидум обична „трева” го чисти црниот дроб и штити од рак!

tonus

Руколата е билка типична за медитеранскиот регион. Со векови била користена за најразлични цели од традиционалната медицина во овие простори – од третирање на различни дигестивни проблеми, подобра циркулација, па се до поттикнување подобар имунитет и ,,чистење” на црниот дроб.

Руколата се вбројува во групата на круциферозни зеленчуци (Brassica семејството), заедно со особено здравите зеленчуци, како брокула, карфиол, зелка, кељ итн. Како и сите останати зеленчуци од групата, руколата е особено нутритивно сконцентрирана храна, богата со нутриенти, а особено сиромашна со калории.

Најчесто се користи за подготовка на освежителни салати, традиционалните пити, супи, паста и најразлични други рецепти, а оние кои тешко го поднесуваат нејзиниот специфичен вкус, но сакаат да ја внесуваат, најчесто ја додаваат во зелените смути напитоци.

"“Online”/

Во последно време, доста се зборува за корисните ефекти од почестото консумирање на руколата. Дали навистина е толку здраво да се јаде рукола?

Нутритивно сконцентрирана храна

Руколата има навистина малку калории (само 5 калории во 20 грама), а од друга страна импресивен микронутритивен состав (во истата количина – 20g):

• над 30% од Дневните Потреби за витамин К кај возрасни лица
• 4% од ДП за калциум
• 2,5% од ДП за витамин Ц
• 10% од ДП за витамин А
• 4% од ДП за витамин Б9 (фолна киселина)

Покрај овие, руколата содржи и низа други минерали и витамини во нешто помали количества, како железо, магнезиум, фосфор, калиум и холин.

20g руколата содржи 0,5g растителни влакна, што е исто така сосема солидно количество.

Подобро здравје на коските

Во помалку од 100g рукола, се содржат 100% од дневните потреби за витаминот К. Јадењето на зелените зеленчуци, богати со овој витамин, овозможуваат добра превенција од негов дефицит.

Витаминот К е клучен за здравјето на коските, а учествува и во правилното згрутчување на крвта. Дополнително, руколата е солиден извор и на минералот калциум, исто така многу значаен за метаболизмот на коските. Недостаток од споменатите нутриенти, води кон зголемен ризик од кршливост на коските и губење на нивното ткиво – остеопороза.

Витаминот К ја подобрува и апсорпцијата на калциумот.

Подобро кардиоваскуларно здравје

Руколата придонесува за подобро здравје на срцето преку своето моќно антиоксидативно, антиинфламаторно дејство. Антиоксидантите на руколата го намалуваат нивото на холестеролот и хомоциестинот (значајни ризик-факори за срцеви заболувања), дејство познато за повеќето круциферозни зеленчуци.
Најзначајните антиоксиданти кај руколата се: глукозинолатите (кои и го даваат специфичниот нагорникав вкус), различни полифенолни, флавоноидни антиоксиданти итн.

Исхраната богата со свежа, нутритивно сконцентрирана исхрана, истражувањата ја поврзуваат со подобра циркулација, нормален крвен притисок и намален ризик од срцев и мозочен удар.

Покрај антиоксидантите, руколата содржи и солидни количества растителни влакна и минерали, како магнезиум и калиум – многу важни хранливи материи за здравјето на срцето.

Контролирање на телесната тежина и подобро дигестивно здравје

Како што веќе забележавме, сите круциферозни зеленчуци се особено  нутритивно сконцентрирана храна – имаат навистина ниска калориска вредност.

Ова ги прави одлична храна за додавање во здравиот начин на исхрана при слабеење. Исто така, нешто што е многу важно за процесот на слабеење – круциферозните зеленчуци содржат одлични количества растителни влакна (повеќето содржат во една порција и до 1/4 од нашите дневни потреби!). Голем дел од популацијата има проблем со доволниот внес на овие важни компоненти за дигестивното, а преку тоа и за целокупното здравје. Значи, освен што практично не можете да претерате со оваа храна, таа истовремено ќе ви обезбеди и извонредна хранливост.

Растителните влакна претставуваат храна за корисната цревна микрофлора и помагаат во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта (низок гликемиски индекс), што прави да сме сити подолго време. Дополнително, тие можат да допринесат за побрза и подолга заситеност преку врзувањето на слободната вода во стомакот.

Фиберот го подобрува дигестивно здравје – подобра цревна перистатика, намален ризик од најчестите дигестивни заболувања – дијареа, запек, синдром на нервoзни црева, нарушувања поврзани со корисната цревна микрофлора, разни воспаленија итн.

Едно истражување покажува дека со зголемувањето на внесот на фибер во организмот, опаѓаат шансите за развивање на колоректален канцер.

Глукозионатите на руколата го стимулираат доброто работење на црниот дроб, односно продуцирањето на детоксифицирачките ензими кои се клучни во неутрализирањето на штетниот метаболитички отпад кој постојано се продуцира во телото – слободните радикали. Покрај ова, споменатите антиоксидативни компоненти, заедно со сулфурафанот, превенирааат од воспалителни процеси на внатрешното ткиво во дигестивниот тракт.

Контролирање на крвниот шеќер

Повеќе студии утврдуваат дека јадењето свежа храна (овошки и зеленчуци), може значително да го намали ризикот од развивање на дијабет тип 2. Ова особено важи за круциферозните зеленчуци (како руколата) и зелениот лиснат зеленчук.

Одредени лабораториски и анимлани истражувања покажуваат и антидијабетичен ефект кај испитуваниот екстракт од рукола.

Дополнително, како што претохдно веќе споменавме, исхраната богата со круциферозни зеленчуци превенира од гојазност (а помага и при решавањето), претставува добар извор на растителни влакна и ја намалува инсулинската резистентност. Сето ова е многу важно во превенцијата и третирањето на дијабетот.

Антиканцероген ефект

Руколата, како и повеќето билки од семејството круциферозни зеленчуци, содржи фитонутриенти наречени глукозинолати, кои повеќе истражувања ги поврзуваат со успешната борба против малигните клетки. По консумирањето на храната богата со глукозинолати, тие во дигестијата се помешуваат со ензимите наречени миросинази, кои имаат способност да ги претворат овие глукозинолатите во компоненти со силен антиинфламаторен и антиканцероген ефект – изотиоцијанати

Дополнителни компоненти на руколата со антиканцероген ефект: сулфурафан и еруцин.

Истражувањата ги поврзуваат зеленчуците од семејството на руколата и со намален ризик од: рак на дојка, колоректален канцер, канцер на простата, на бели дробови итн.

Сепак, важно е да се нагласи дека сепак потребни се доста понатамошни истражувања за да се потврди овој ефект, но и да се најде начин тој да се искористи во праксата. До тогаш, круциферозната храна, како руколата, редовно треба да биде застапена на нашите трпези.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор