fbpx

РУЗМАРИН – миризливиот лек од Медитеранот

tonus

Рузмаринот (Rosmarinus) е род на дрвенести повеќегодишни, зимзелени растенија со листови во вид на иглички кои имаат многу специфичен пријатен вкус и ароматичност. Во превод од латински името рузмарин означува ,,свежина на морето”.

Оваа билка е типична за медитеранскиот предел, па е една од најупотребуваните во Медитеранскиот начин на исхрана, но денес се одгледува ширум светот и најчесто се користи како зачин, за подготовка на чај, есенцијално масло, а наоѓа и различни други примени во фармакологијата и индустријата за козметика (главно за сапуни и парфеми).

Во минатото, луѓето го користеле рузмаринот како лековита билка за најразлични здравствени проблеми (мускулна болка, подобар имунитет и циркулација, здрава коса итн), па така денес се прават сé повеќе истражувања кои потврдуваат некои од одамна користените бенефити на оваа билка.

Во продолжение, нешто повеќе околу ова, односно научно-базирани факти за рузмаринот.

"“Online”/

1. Моќно антиоксидативно и антимикробно дејство

Антиоксидантите се одбранбениот механизам на телото од слободните радикали – штетни компоненти кои постојано се продуцираат како метаболитички отпад во телото и оксидативно ги оштетуваат неговите различни клетки и ткива. Организмот има механизми самиот да продуцира одреден процент на потребни антиоксиданти, но сепак генерално зависи од внесените.

Постојаните оксидативни оштетувања, водат до процеси на хронична инфламација или воспаление, кое пак на подолг рок е една од главните причини за развој на хроничните заболувања.

Антиоксидативните компоненти на рузмаринот главно се полифенолите – рузмарична и карносична киселина. Порани силното антиоксидативно дејство на рузмаринот, тој често се користи како природен конзерванс за одредена масна храна, на пример.

Продуктите од рузмарин имаат и антимикробно дејство, па затоа често маслото се користи за поуспешно лекување на раните.

2. Рузмаринот може да го снижи шеќерот

Доколку не се третира, високиот крвен шеќер може да води кон кардиоваскуларни, бубрежни, нервни и очни оштетувања. Затоа, особено дијабетичарите мораат постојано да ја контролираат глукозата во крвта. Контролирањето, секако се одвива со соодветниот третман и здравата исхрана, но и некои билки, како рузмаринот на пример, можат да бидат од помош.

Иако досегашните студии на тема рузмарин и крвен шеќер се лабораториски и анимални, постојат сериозни индикации дека чајот од рузмарин делува на намалување на шеќерот. Дејството се должи на неговите т.н. компоненти со инсулински ефект (пред сé споменатите антиоксидативни соединенија рузмарична и карносична киселина) што значи рузмаринот помага за полесна апсорпција на глукозата во мускулното ткиво.

3. Рузмаринот има заштитно дејство во однос на нервниот систем

Истражувањата покажуваат дека вдишувањето на мирисите на рузмаринот, а особено на есенцијалното масло од рузмарин, можат да превенираат од разградување на ацетохолинот, соединение многу важно за концентрацијата, размислувањето и меморијата.

Други истражувања сугерираат дека вдишувањето на есенцијалните масла на рузмаринот и сличните билки можат позитивно да делуваат на мозочната функција кај повозрасните лица, особено на оние што патат од Алцхајмер.

Слични ефекти се пронајдени и од пиењето на чај од рузмарин.

4. Може да делува на намалување на болките од артритис

Прелиминарните резултати од студиите укажуваат дека маслото од рузмарин може да помогне во намалувањето на воспалителните процес кои водат до отоци, болки и вкочанетост во зглобовите.

Се смета дека ваквото дејство се должи на можноста на некои компоненти од рузмаринот да го попречат влезот на белите крвните клетки во воспалените ткива, односно на имуните клетки кои понатаму испуштаат хемикалии што дополнително го зголемува воспалението.

Според едно истражување, оние лица со ревматоиден артритис кои имале масажа со есенцијално масло од рузмарин три пати неделно, имале намалување на воспалителните болки во колената за дури 50%, за разлика од оние кои имале масажа без вакво масло (само 12% намалени болки).

Ревматоидниот артритис е автоимуно заболување при кое телото со својот имун систем непотребно ги напаѓа ткивата на зглобовите, повредувајќи ги и предизвикувајќи воспалителни процеси. Ваквата состојба ги создава непријатните симптоми.

5. Погодна билка за подобра циркулација

Лошата циркулација е доста чест проблеми, особено кај повозрасните лица со помала физичка активност. Ако често искусувате чувство на ладно во рацете и нозете, вреди да се обидете да си помогне со маслото од рузмарин.

Иако се потребни повеќе истражувања на оваа тема, некои студии покажуваат дека масажите со есенцијалното масло можат да помогнат во ширењето на крвните садови, со што крвта полесно може да стигне до крајните делови на екстремитетите и на тој начин да ги затопли.

Други потенцијални бенефити од рузмаринот:

кардиоваскуларно здравје
• подобра дигестија
• контролирање на телесната тежина
• поздрава коса и промовирање на раст на нови влакна
• антиканцерогено дејство
• антистресно дејство
• намалени менстурални болки
• третирање на анемија


Корисни состојки на рузмаринот

• Билни масти
• Билни хормони
• Боренол
• Витамин Ц
• Ензими
• Етерични масла
• Калциум
• Железо
• Витамин Б6
• Камфор
• Смола
• Танини
• Холин
• Цинеол
• Терпени


Како да подготвите чај од рузмарин?

Чајот од рузмарин е доста лесен за подготвување во домашни услови. Потребни се само две намирници: вода и рузмарин.

1. Ставете на вриење околу 300ml вода:
2. Додадете една лажичка сушен рузмарин.
3. Покријте го садот – по 10 минути процедете и уживајте во пиењето на вкусниот чај, кој најдобро се комбинира со мед и лимон.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор