fbpx

Салата од СВЕЖИ ЈАГОДИ И МЛАД СПАНАЌ – неочекувана и поинаква, но навистина вкусна и здрава комбинација!

tonus

Пролетта е веќе одамна пристигната, а тоа значи дека претстојниот период е одлична шанса да се искористат сите свежи намирници кои ги нуди природата. Секако, пазарите се оние кои нудат најголем избор на свежи зеленчуци и овошје од кои може да се подготват навистина нутривни, интересни рецепти. Токму поради тоа, во продолжение ќе издвоиме два навистина поинакви, но подеднакво вкусни и здрави рецепти за подготовка на свежа салата од јагоди и спанаќ.

Вкусни, колоритни и омилени на многумина – јагодите се симбол на пролетта!

Јагодата (Fragaria ananassa) потекнува од Европа, од 18-от век, односно е хибрид од два диви видови на јагоди од Северна Америка и Чиле. Има интензивна црвена боја и е меѓу најслатките и сочни овошки.

Овие бобести овошки се најпознати по својот богат антиоксидативен состав на кој всушност и се должат повеќето корисни влијанија, како: срцево здравје, контрола на шеќерот во крвта итн.

"“Online”/

Освен како свежо овошје, тие се јадат често во различни комбинации на салати, џемови, како додатоци на различни десерти итн. Во продолжение го издвојуваме нивниот импресивен нутритивен состав.

Јагодите се ниско-калорична, здрава овошка!

Дефиницијата за нутритивно-густа храна гласи: секоја храна која има висок процент на вода и хранливи материи, а ниска енергетска (калориска) вредност. Јагодите со нивниот состав спаѓаат токму во оваа категорија. Содржат дури 91% вода, 7,7g јаглехидрати(од кои 5g прости шеќери) и нешто под 1g протеини и масти.  Значи само 30kcal на 100g.

Покрај ова, јагодите содржат и 2g растителни влакна и низа на микронутриенти и антиоксидативни компоненти.

Витамини и минерали

Најзастапените витамини и минерали кај јагодите се:

  • Витамин Ц – јагодите се одличен извор на витамин Ц, кој покрај антиоксидативната улога има и имуностимулирачка, а значаен е и за кожата.
  • Манган – овој минерал е еден од најзначајните ,,минерали во траги” кои се есенцијални за организмот.
  • Витамин Б9 (фолна киселина) – клучен за нормалниот раст на ткивата и функционирањето на клетките, а особено значаен кај бремените жени.
  • Калиум – есенцијален минерал, со повеќе значајни функции во организмот, помеѓу кои и регулирањето на крвниот притисок.

Во помали количини јагодите содржат и железо, бакар, магнезиум, фосфор, витамин Б6, витамин К и витамин Е.

Вкусна, освежителна салата од јагоди и спанаќ!

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 10-15 минути, а истата е доволна за околу 4-6 лица.

Потребни намирници:

  • Половина килограм јагоди, излупени и измиени
  • 100g фета сирење 
  • Една помала главица црвен кромид, ситно исецкана
  • Околу 300g млад спанаќ
  • 50-70g исецкани ореви (можете да користите и печени)

За преливот:

  • Малку маслиново масло
  • 1 лажица мед или јаворов сируп
  • 2 лажички Балсамико оцет
  • 1 лажичка соја сос

Подготовка:

  • Во длабок сад за салата ставете ги јагодите, спанаќот, сирењето, кромидот и оревите.
  • Во мал сад измешајте ги состојките за преливот, а потоа истиот додадете го кон останатите состојки. 
  • Нежно промешајте и послужете. Ваквата салата е најдобро веднаш да се консумира, но истата може да се чува во фрижидер и до еден ден.

 

Во продолжение ќе издвоиме уште една варијанта на оваа интересна салата со јагоди и спанаќ.

За овој рецепт потребни се повеќето состојки кои беа искористени и кај останатата салата, но има одредени мали промени.

Салата од спанаќ, јагоди и бадем

За подготовка на овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 10 минути, а истата е доволна за околу 4 лица.

Потребни намирници:

  • 300g свежи јагоди
  • Околу 50g исецкани бадеми (препорачливо печени)
  • Една помала краставица, исечена по должина, па потоа на половина
  • Половина главица црвен кромид
  • Околу 200g млад спанаќ

За преливот:

  • Сок од половина лимон
  • 2 мали лажички балсамико оцет 
  • 1-2 мали мали лажички мед
  • 1 голема лажица маслиново масло
  • 1 голема лажица афионово семе

Подготовка:

  • Состојките за преливот искомбинирајте ги во мал, длабок сад. 
  • Краставицата, спанаќот, кромидот, јагодите и бадемите ставете ги во длабок сад за салата. Кон нив додајте го преливот и нежно промешајте.
  • Послужете веднаш. Остатоците може да се чуваат во фрижидер и да се јадат наредниот ден.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор