fbpx

Здрав микс – свежи зеленчуци и ЛЕЌА за подготовка на здрави и вкусни салати

tonus

Со изобилството на зеленчуци кои се среќаваат на пазарите во овој период од годината, речиси секојдневно треба да настојуваме да подготвиме бар малку свежа салата. Салатите се дел од исхраната кој не треба да се потценува и занемарува. Тие претставуваат одличен прилог на секое јадење, а се одличен извор и на бројни витамини, растителни влакна, минерали и антиоксиданти. Но, тие не мора секогаш да се користат како прилог. Постои плеада на рецепти за подготовка на салати кои може да се искористат и како главно јадење или како опција за вечера. Токму затоа, во продолжение издвојуваме еден одличен микс на мешунки и свежи зеленчуци, односно подготовка на салати од леќа.

 

Зошто леќата е супер мешунка?

 

"“Online”/

Леќата припаѓа во семејството на мешункасти плодови заедно со гравот, грашокот, наутот итн. Присутна е во различни варијанти, односно облици и бои: црвена, кафена, црна и зелена. Но, сите имаат слична нутритивна вредност.

Оваа мешунка е особено богата со протеини (една од најбогатите растителни храни со протеини), растителни влакна, железо и други компоненти со низа корисни дејства за нашето тело. Дополнително, лесна е за приготвување, а има и доста ниска цена. Ова ја прави леќата можеби најдостапниот извор на протеини од храната.

Многу често оваа мешунка е потценета, иако за многу ниска цена, добивате продукт богат со низа на есенцијални хранливи компоненти. Во суштина, оваа храна може да се смета за супер-храна. На пример, леќата е продукт кој покрај високиот процент на протеини, содржи витамини од Б групата, магнезиум, цинк, железо и калиум во значителни количества.

Во својот состав содржи дури 25% протеини и има солидна количина на железо. Ова ја прави леќата добра замена за месните производи. Ова е многу важно за вегетаријанците.

Во 200g зготвена леќа се содржат:

  • 232kcal
  • 40g јаглехидрати (од кои дури 16g се растителни влакна)
  • 18g протеини
  • 1g масти

 

Медитеранска салата од леќа

 

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 30 минути и истиот е доволен за 4 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 шолја незготвена леќа (или две и пол шолји зготвена леќа)
  • 1 краставица, исецкана
  • 1-2 свежи домати, исецкани
  • 1 главица кромид, ситно исецкана
  • Малку свеж магдонос
  • Неколку каламата маслинки (или било кој друг тип на маслинки)
  • Малку фета сирење или урда (околу 100-150g)

 

За преливот:

  • Маслиново масло
  • Балсамико оцет
  • Сок од половина лимон
  • 2 лажички сенф
  • 1 мала лажичка мед
  • Малку сушено оригано
  • Сол и мелен црн бибер

 

Подготовка:

  1. Доколку користите неподготвена леќа – ставете ја исплакнатата леќа во тенџере и кон една шолја леќа додадете 3 шолји вода. Гответе со капак околу 20-30 минути, додека леќата не омекне и не се свари. Потоа процедете ја леќата и оставете ја да се олади. Во меѓувреме подгответе го преливот и исечкајте ги зеленчуците.
  2. Свежите зеленчуци додадете ги кон леќата и промешајте. Потоа додадете го преливот и повторно промешајте. Зачинете со сол и бибер по желба. На крајот, додадете го фета сирењето или урдата на врвот и послужете со парче интегрален леб.

 

Салата од леќа, моркови и целер

 

За подготовка на оваа салата ќе ви бидат потребни околу 30 минути и истата е доволна за околу 6-8 порции.

 

Потребни намирници:

  • 1 шолја незготвена леќа (околу 200 грами)
  • 2-3 моркови, исецкани на кругчиња
  • 1 поголема главица кромид, исецкана
  • 2 чешниња лук, ситно исецкани
  • Сок од лимон
  • Малку свеж магдонос
  • Околу 100g целер, ситно исецкан
  • Малку сол и мелен црн бибер како зачини
  • Маслиново масло

 

Подготовка:

  1. Во тавче ставете ги леќата, кромидот и лукот. Додадете вода колку да ги покрие зеленчуците и да се издигне 2-3cm над нив. Доведете ја до вриење, а потоа на потивок оган гответе околу 20 минути, додека зеленчуците и леќата не омекнат.
  2. Процедете ги зеленчуците и оставете ги да се оладат. Префрлете ги во сад за салата и кон нив додадете ги маслиновото масло, целерот, сокот од лимон, магдоносот и зачинете по желба со сол и бибер. Фино промешајте и послужете.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор