fbpx

Две салати на база на ЦВЕКЛО – здрави, вкусни и брзи за подготовка!

tonus

Зеленчуковите салати претставуваат одличен начин да се комбинираат повеќе типови на намирници со цел приготвување на разновиден, здрав и вкусен оброк. Ваквите оброци се и најчесто ниско калорични, а се полни со растителни влакна, здрави масти и јаглехидрати, како и низа на витамини и минерали. Затоа, тие се одлични прилози за ручек, односно одлични опции за појадок или вечера. Бидејќи секогаш треба да настојуваме да се храниме со сезонски зеленчуци, денес издвојуваме два рецепти за салати од цвекло, кое во претстојниот период се среќава во изобилие.

Нутритивен профил на цвеклото

Цвеклото е двегодишно растениe со темноцрвен вретенест корен и темнозелени листови, спаѓа во најкорисни и најлековити градинарски култури. Се користи целото растение и може да се употребува во текот на целата година. Многу често се ферментира и се користи во текот на зимата. Ова растение изобилува со есенцијални хранливи материи како витамини, минерали, но и некои фитохемикалии кои можат да имаат дури и лековити својства.

Цвеклото има малку калории, а од друга страна висок процент на значајни витамини и минерали. Во 100g приготвено цвекло има само 44kcal, а покрај тоа се содржат и:

"“Online”/
  • 10g jaглехидрати
  • 1,7g протеини
  • 0,2g маснотии
  • 2g растителни влакна

Застапени се и други елементи во помали колични, но и неоргански нитрати и пигменти, кои имаат низа на корисни дејства по здравјето на човекот.

Салата од цвекло и наут

За овој рецепт ви се потребни околу 40 минути за подготовка, а истиот е доволен за околу 2 порции.

Потребни состојки:

  • 4 средно големи парчиња цвекло
  • Половина лажичка мелен кумин
  • 1 конзерва подготвен наут
  • Маслиново масло
  • Сок од лимон
  • 200ml грчки јогурт
  • Малку чили во прав
  • Свеж магдонос или нане
  • Сол и мелен црн бибер

Подготовка:

  1. Рерната вклучете ја на 200 степени и оставете ја да се загрее. Цвеклото исечете го на половинки или на четвртинки. Зачините искомбинирајте ги сите и промешајте ги. Во големо тавче ставете го наутот, а врз него парчињата цвекло. Посипете со малку маслиново масло, а потоа зачинете го наутот и цвеклото. Посолете по вкус. Печете околу 20-30 минути.
  2. Во меѓувреме, измешајте ги сокот од лимон, малку сол и бибер и грчкиот јогурт.  Во садот со ваквиот сос, ставете го одозгора цвеклото и наутот. Декорирајте со малку свеж магдонос или нане. Послужете со парче интегрален леб.

Салата од цвекло и киноа

За подготовка на овој рецепт ќе треба да одвоите околу 30 минути, а истиот е доволен за околу 4-6 порции.

Потребни состојки:

  • 1 шолја киноа
  • Маслиново масло
  • Околу половина килограм цвекло (3 средно големи парчиња)
  • 1 главица кромид
  • 2 чешниња лук
  • Сок од лимон
  • Свеж магдонос
  • Малку мелени ореви
  • Балсамико оцет
  • Околу 100-150g фета сирење (може и урда)
  • Сол и мелен црн бибер

Подготовка:

  1. Подгответе ја киноата така што ќе ја измешате со 2 чаши вода. Ваквата смеса доведете ја до вриење, а потоа оставете ја со капак да врие околу 15-20 минути, односно додека киноата не омекне и не ја впие целата вода. Тргнете ја од оган и оставете ја покриена со капакот уште 3-5 минути.
  2. Во меѓувреме, во тавче со маслиново масло ставете ги цвеклото и кромидот и динстајте ги околу 10 минути. Потоа, додајте го лукот и гответе уште 2-3 минути. Кон ова, додајте ја зготвената киноа, сокот од лимон, магдоносот и оревите. Зачинете со сол, бибер и балсамико оцет по желба.
  3. Ваквата салата послужете ја топла со малку фета сирење или урда на врвот.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор