fbpx

ВАЖНО: 8 правила за САМОИЗОЛАЦИЈА

tonus

Една од најефикасните стратегиите за спречување на ширењето на корона вирусот (или подобро кажано, контролираното ширење), како на и на многуте влади во светот, така и на нашата е самоизолацијата. Во текстов ќе се осврнеме на неколку најважни работи кои се поврзуваат со поимот самоизолација, како и најчестите нејасни работи и прашања околу овој ,,процес”.

1) Кој треба да биде во самоизолација?

Луѓето кои што патувале во кризните жаришта (на пример Италија, Кина, Иран, Шпанија, Франција итн.), но и жариштата со среден ризик (повеќето Европски земји) се оние кои што, по секоја цена мора да бидат во самоизолација, 14 денови.

Изолацијата, односно најмалку 14 дневното седење дома, силно се препорачува и за постарите лица, лицата со хронични болести и лицата со нарушен имунитет. Имајќи во предвид дека здравствените власти предложија привремена мерка која подразбира неработење на сите образовни институции, исто така препорачливо е сите млади луѓе да останат дома. Сопствениците на фирмите се охрабруваат да ја организираат работата на соодветен начин според кој и на сите останати ќе им се овозможи да ги извршуваат работните обврски во домашни услови.

"“Online”/

Значи, практично секој треба да се труди да остане дома, а доколку има неопходност од излегување (одење по храна или одење во болница), да избегнува блиски контакти со други луѓе (да се држи дистанца од најмалку 1,5 метар). Особено ова одржување дистанца важи за луѓе кои покажуваат некакви симптоми на настинка. Ако самите имаме симптоми, носењето хируршка маска е неопходно!

Сето ова е важно, бидејќи можеби спречувањето на вирусот во оваа фаза е веќе невозможно, но можно е спречувањето на неговиот ескпоненцијален раст. Со тоа би ,,купиле” нешто повеќе време за нашиот здравствен систем, односно тој не би бил преоптеретен и би можел да помогне на оние заразени кои имаат неопходна помош (најчесто ранливите категории: повозрасните луѓе и оние со компромитиран имун систем). Ресурсите за жал, не само кај нас, туку и секаде во светот се ограничени.

2) Како да знаеме дали самоизолацијата ја изведуваме правилно?

Освен што треба при влегувањето дома, внимателно да ја отстраниме нашата облека и веднаш да измиеме раце, постојат уште неколку важни работи кои треба да ги направиме за да бидеме сигурни дека самоизолацијата не е залудна.

Прво, особено доколку покажуваме симптоми на настинка, треба почесто да миеме раце, почесто да ги дезинфицираме површините (на соодветен начин, со дезинфекциски средства со најмалку 70% алкохол).

Второ, треба да избегнуваме долги блиски контакти со домашните, односно добро е ако е можно да седиме во одделни соби. Сè останато, односно сите останати вообичаени активности нема потреба да се менуваат.

3) Дали МОРА да останам дома?

Усвоените мерки од владата кои важат за оваа новонастаната ситуација се на еден начин задолжителни. Тоа се укажува и со мерките за санкционирање, кои се предвидуваат за непочитувањето на препораките, според членовите 205 и 206 од кривичниот законик. Тоа особено важи за лицата кои се враќаат од кризните жаришта со висок и среден ризик и за жителите на дебарско, но и за сите останати. Значи за излегување од дома треба да имате оправдани причини.

Сепак, властите во овој момент сигурно не би биле толку ригорозни, затоа треба да сфатиме дека имаме колективна одговорност и да не дозволиме државата да мора да воведува ред со репресивни мерки. Тоа никому не би му било драго.

Треба да сфатиме дека сите учествуваме во градењето на т.н. ,,колективен имунитет”. Здравјето на секој еден од нас, зависи од овој колективен имунитет, односно негативните последици од неговото нарушување, ќе може да ги почувствува секој од нас, ако не тој самиот, некој негов близок.

Поради тоа, треба да ја сфатиме сериозноста на ситуацијата и да ги следиме сите препорачани мерки од надлежните.

4) Дали треба да се тестирам, ако почувствувам симптоми кои мене ми наликуваат на корона вирус?

Симптомите на овој вирус многу често можат да се помешаат со симптомите на обичните воспаленија на дишни патишта, особено кај помладите. Граѓаните, во паника можат да бараат да бидат тестирани, но доколку немале контакт со лицата дојдени од кризните жаришта, веројатноста да се заразени е навистина мала.

Препораката од здравствените власти е следна: треба да се тестира секој оној кој ќе почувствува симптоми слични на CoViD-19, но засега, само доколку постојат докази дека бил во контакт со лица кои доаѓаат од земјите со висок или среден ризик или пак остварил подолг контакт со лицата кои биле во контакт со потврдено заразените, а подоцна подлегнале на изолација.

5) Како да земам терапија за мојата веќе постоечка дијагноза, од дома?

Ако сте лице со висок ризик, односно повозрасно лице или хронично болни, за вас тоа треба да го направи некој друг, ваш близок. Изложувањето на ризик со одењето по болници може скапо да чини. Лекарите од некои клиники веќе на веб страни објавија свои мејл адреси, па на тој начин можете и да им се обратите за совет, доколку имате потреба.

6) Дали изолацијата има поента доколку некои од домашните постојано излегува?

Ова е добро прашање. Доколку излегувањата на некои членови од семејството се почести од оние неопхоните (за храна и лекови), тогаш целосната самоизолацијата на другите членови од семејството веќе може да ја изгуби смислата. Затоа излегувајте поретко и само кога е неопходно.

7) Како да останеме здрави во текот на самоизолацијата (физички и ментално)

Подолгиот период на домашна изолација може да предизвика анксиозност, но и почесто јадење, како и многу мала подвижност. За справување со анксиозноста зборувајте со семејството, а исто така може да биде од голема и физичката активност, како и анимирањето со филмови и книги. Играјте со вашите деца, користете домашни направи за вежбање, на интернет постојат различни вежби од типот на склекови, сквотови, вежби за истегнување кои можете да ги правите итн.. Занимавањето со различни домашни работи исто така подразбира физичка активност.

Исто така, прошетките (но сами или со пријател), како и возењето велосипед (секако доколку не сте во ризичните групи) може да помогне. Вирусот не се шири преку воздухот. Но, запаметете, што помалку контакти и без седнување во кафулињата. Инаку самоизолацијата нема да вреди.

Во однос на храната. Ова може да биде период во кој ќе се посветите на истражување на што значи тоа здрава храна, како и да приготвите некои здрави рецепти. Наоѓањето на интересни занимации како читањето книги гледањето филмови и физичката активност, може да помогне во трошењето калории, како и тргнувањето на мислите од храната.

8) Што со домашните миленици?

Имајте колку што е можно помалку контакт со милениците и одржувајте ја почесто нивната хигиена. Доколку не сте од ризичната група, можете нормално да го прошетате вашиот миленик. Секако, по враќањето дома, миењето на раце е задолжително.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор