fbpx

Зошто СЕДЕЧКИОТ начин на живот прераснува во сериозен ПРОБЛЕМ и ризик по ЈАВНОТО ЗДРАВЈЕ?

tonus

Прекумерната тежина е сè почест здравствен проблем со кој се соочуват многу луѓе. Своевидна пандемија, обезноста е многу повеќе од естетски проблем, таа сериозно влијае и го загрозува целокупното здравје. Ваквиот проблем се јавува поради низа на причини кои меѓусебно се надоврзуваат и го даваат ваквиот ефект. Првенствено, исхраната е сè повеќе калорична, процесирана и нездрава, но проблемот лежи и во малата раздвиженост и недоволната физичка активност кај голем дел од популацијата. Поради тоа, денес ќе зборуваме малку повеќе околу последиците кои може да се јават поради неактивниот начин на живот, особено во поглед на покачување на телесната тежина.

Покачената тежина – една од најчестите здравствени состојби на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

Зошто доаѓа до прекумерно покачување на телесната тежина?

Главната, фундаментална причина поради која луѓето имаат вишок килограми, е дисбалансот помеѓу внесените и потрошените калории. Со други зборови, јадеме повеќе отколку што имаме потреба. Овој проблем е дополнително влошен кога е зачестена консумацијата на храна богата со масти и шеќери и кога не постои доволна физичка активност.

Ваквиот дисбаланс во нашата исхрана и физичка активност често е предизвикан и е под влијание од обврските, секојдневието, навиките и сл. Недоволното влијание и ангажирање на здравствениот систем во овој поглед, исто така може да се вброи како негативен фактор. Покачувањето на телесната тежина може да се јави и поради други здравствени состојби, генетика и сл. – но кај поголем дел од популацијата начинот на живот е воглавно виновен за вишокот килограми.

Покрај храната, се смета дека нивото на физичка активност, во светски рамки, е значително намалено. Помалку време имаме за себе бидејќи повеќе време патуваме до работното место, повеќе време сме во седечка позиција и сл. Исто така, напредокот на технологијата има делумен придонес и до намалена физичка активност кај децата и тинејџерите.

Зошто седечкиот начин на живот е особено штетен?

Според СЗО (Светската Здравствена Организација) околу 2 милиони смртни случаи секоја година се должат и препишуваат на физичката неактивност. Токму поради тоа, СЗО ги вбројува седечкиот начин на живот и физчката неактивност во топ 10-те причини за смрност кај луѓето. Поради темпото и начинот на кој се одвиваат денешните работни обврски, се смета дека седечкиот начин на живот е веќе сериозен проблем и ризик по јавното здравје. Проценките велат дека 60-85% од популацијата во развиените земји, води седечки начин на живот. Голем број студии покажуваат дека седењето и физичката неактивност значително го зголемуваат ризикот за:

  • Прекумерна телесна тежина
  • Тип 2 дијабет
  • Одредени форми на рак
  • Кардиоваскуларни заболувања
  • Предвремена смрт и др.

Доколку физичката активност е занемарена веќе подолг временски период, тогаш на телото навистина му се отежнуваат дури и најосновните функции како одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта, одржување на нормален крвен притисок и сл. Покрај физичкото здравје, седечкиот начин на живот влијае особено негативно и на менталното здравје и благосостојба. Една студија во која биле вклучени над 10.000 испитаници, покажала дека физичката неактивност и честото седење го зголемуваат ризикот за бројни ментални нарушувања.

Како физичката активност го спречува покачувањето на тежината?

Научно утврдените, универзални препораки велат дека физичката активност треба да се практикува барем во времетраење од 150 минути неделно. Во тој период може да бидат различни активности со среден и висок интензитет. Тука се вбројуваат активности како трчање, спортување, пливање, возење велосипед, брзо пешачење, вежбање со тежина и сл. Сите овие форми на физичка активност го намалуваат значително ризикот за гореспоменатите заболувања. Дури и секојдневно пешачење може навистина позитивно да влијае врз здравјето.

Во поглед на телесната тежина, физичката активност е од особено значење и е втората најкорисна алатка после исхраната. Првично, поголема раздвиженост значи и поголем број на потрошени калории. Тоа директно помага при слабеењето, особено кога е комбинирано со соодветна и правилна исхрана. Во комбинација, ова би довело до т.н калориски дефицит, односно телото ќе биде приморано да се насочи кон сопствените резерви за да ги задоволи потребите за енергија. Дополнително, физичката активност може да има особено корисен ефект долгорочно, бидејќи помага да се гради ново и посилно мускулно ткиво, нè одржува фит, ја зголемува нашата самодоверба и го подобрува расположението, ги зајакнува нашите коски и сл. Сето ова допринесува кон полесно контролирање на телесната тежина на подолги патеки.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор