fbpx

3 ПРИЧИНИ зошто СЕЈТАНОТ е добра замена за месото!

tonus

Се’ поголем дел од популацијата практикува исхрана која се базира на растително потекло. Така, неминовно се јавува силна потреба за т.н. ,,алтернативи” или замени за тип на храна што е од животинско потекло.

Ваквиот тренд може да се смета за сосем позитивен. Во овој контекст, денес ќе зборуваме за уште една популарна намирница која e се’  попопуларна. Станува збор за сејтанот.

Што е сејтан?

Сејтанот во суштина преставува пченичен глутен, односно протеин со расително потекло. Ова го прави сејтанот особено погоден за вегетаријанците и веганите. Глутенот е главниот протеин во пченицата, со текстура која потсетува на месото – причина зошто сејтанот е популарен супститут за месните производи.

"“Online”/

Во однос на вкусовите карактеристики, сејтанот има неутрален вкус, кој може да биде појачан со зачини и маринади. Заради овие причини, сејтанот е намирница што може да се искористи во навистина голем број рецепти – може да се пече, пржи, па дури и да се вари.

Има ниска содржина на јаглехидрати и маснотии и доста висок процент на протеини.

[Поврзано: Глутен – митови и факти!]

Сејтано се добива со формирање на тесто по мешањето на пченичниот глутен со вода. Потоа тестото се цеди со што се ослободува останатиот скроб и се добива концентрирана глутенска маса.

Сејтанот претставува здрава храна, особено за лицата што избегнуваат животински продукти. Исклучок се лицата со глутенска интолеранција и целијакија. 

[Поврзано: ГЛУТЕН – Целијакија, алергија или интолеранција?]

Во продолжение, ќе видиме 5 силни бенефити од консумирањето сејтан.

Нутритивно концентрирана храна

Сејтанот е храна којашто со векови се консумирала во традиционалните источни кујни, како во кинеската и јапонската – како замена за месо кај вегетаријанските Будистички свештеници. 

Во западниот свет на голема врата доаѓа во 60-тите години на минатиот век, а особено се популаризира со растот на веге популацијата.

Нутритивниот состав на сејтанот зависи од начинот на кој се подготвува, но генерално во 100g сејтан има 120 калории, 25g протеин, 4 грами јаглехидрати и само 1 грам маснотии. Дополнително, сејтанот содржи и солидни количества калиум, калциум и железо.

Идеална храна за вегетаријанци и вегани

Како што можеме да забележиме од бројките, сејтанот е концентриран протеински извор. Посебно се издвојува содржината на есенцијалната аминокиселина лизин, која е дефицитарна, посебно кај лицата што имаат главно растителна исхрана.

Покрај тоа што е богат протеински извор, сејтанот е извор на уште два микронутриенти што се дефицитарни кај оваа популација. Станува збор за калциум и железо.

[Поврзано: Како да дознаете дали внесувате доволно КАЛЦИУМ?]

100g сејтан задоволува и до 10% од дневните потребни за железо. Железото претставува есенцијален минерал кој му е потребен на организмот за создавање на црвени крвни клетки. Железото исто така го помага транспортот на кислородот до клетките, а неговиот недостаток води кон различни видови анемија.

[Поврзано: Кои се најдобрите извори на ЖЕЛЕЗО во исхраната?]

Добра храна за здраво слабеење!

Самиот состав – низок процент масти и јаглехидрати (вкучително шеќери) и висок процент на протеини, укажува дека станува збор за храна што е добра за процесот на слабеење. Всушност, може да се каже дека сејтанот има многу малку калории.

Протеинскиот состав поттикнува раст на мускулите (кои понатаму трошат повеќе калории), но поттикнува и подобро чувство на заситеност (што е од исклучителна важност за процесот на намалување телесна тежина). Иако е концентриран избор на протеини, сејтанот нема голем процент од повеќето есенцијални аминокиселини. Затоа, во секојдневната исхрана треба да се комбинира со други растителни намирници богати со протеини, како што се мешунките на пример.

[Поврзано: Растителни протеини – Дали се доволни, колку и кои се добри извори?]

Сејтанот исто така може значително да допринесе во слабеењето, заменувајќи го местото, кое честопати знае да биде концентриран извор на маснотии, односно калории.

Одлична храна за лицата со нарушена гликемија и за намалување на холестеролот

Овие укажувања се споменуваат во истражувања кои се објавени во познати научни списанија, како Journal of Nutrition и Journal of the American Dietetic Association.

Во нив се вели дека консумирајќи сејтан, како дел од исхраната со намалени животински маснотии, може значително да си го  подобриме шеќерот во крвта и да се подобри општата инсулинска сензитивност. Покрај тоа, забележано е и намалување на ,,лошиот” LDL холестерол.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор