fbpx

Што претставуваат ШЕЌЕРНИТЕ „ПИКОВИ“ или СКОКОВИ и зошто се ОПАСНИ?

tonus

Доколку редовно го следите нашиот блог, сигурно до сега сте забележале дека секогаш кога зборуваме за исхраната и дијабетот, но и предијабетот, ги споменуваме т.н шеќерни „пикови“. Во продолжение, ќе зборуваме и ќе го објасниме во малку повеќе детали овој термин, што тој значи и зошто ваквите пикови или наречени и „скокови“ може да бидат штетни по здравјето и да го зголемат ризикот од предијабет и дијабет.

 

Што се случува во телото по внесување на храна богата со шеќер?

Уште на самиот почеток треба да напоменеме дека под изразот шеќер подразбираме бел, рафиниран шеќер – сахароза. Иако изразот шеќери погрешно се асоцира и со некои останати соединенија, пр. скробот, тоа се всушност сложени јаглехидрати и врз телото имаат сосем различен ефект од оној на белиот шеќер. Просто кажано, сите шеќери се јаглехидрати, но не сите јаглехидрати се шеќери.

Сахарозата претставува шеќер, дисахарид, изграден од моносахаридите глукоза и фруктоза. На нашето тело му е потребна глукозата како извор на енергија, па така таа е корисна и неопходна за нас. Јаглехидратите и шеќерите внесени во телото се доведуваат до молекули на глукоза и таа потоа со помош на хормонот инсулин, навлегува во нашите клетки. Доколку е внесено умерено количество на шеќери, еден здрав организам може да произведе доволно инсулин и на тој начин да се транспортира шеќерот до клетките.

"“Online”/

Но, консумирањето на голема количина шеќери (особено доколку се прости шеќери како сахарозата) доведува до нагло и големо количество на создаден инсулин. Со текот на времето ова може да доведе до проблеми во количината која се создава и ефикасноста на овој хормон. Колку повеќе инсулин се испушта во крвта, толку побрзо нивото на шеќер во крвта се стабилизира и ние всушност сме повторно гладни. Со внесот на нов оброк богат со шеќер, ваквиот циклус се повторува. Затоа намирниците со големи количества на шеќери се сметаат како една од главните причини за покачување на телесната тежина и тие се оние кои главно ги предизвикуваат т.н шеќерни скокови или „пикови“. Тие се извор на брзо достапни, големи количества на калории, кои најчесто се вишок и телото потоа ги складира како масни наслаги.

 

Што се шеќерните „пикови“ или скокови и како тие влијаат на здравјето и метаболизмот?

Со правилно разбирање и менаџирање на шеќерните пикови, ризикот од предијабет и дијабет може значително да се намали и држи под контрола. Како што споменавме, наглото покачување на шеќерот во крвта се јавува кога нивото на глукоза во крвта брзо се зголемува по консумирање на храна богата со шеќери. Со текот на времето, доколку ваквата храна редовно и обилно се консумира, ваквите скокови може да доведат до инсулинска резистенција, каде што клетките на телото имаат послаб и влошен одговор кон овој хормон, еден од првите чекори кон предијабет и дијабет

Спречувањето на „пиковите“ на шеќерот во крвта, главно се постигнува преку усвојување на поинакви диететски навики и стратегии. На пример, консумирање на храна со низок гликемиски индекс (ГИ), која побавно и континуирано го зголемува шеќерот во крвотокот. Вклучување на намирници и храна богати со влакна, како што се житарките, мешунките и зеленчуците, исто така може да помогне во регулирањето на нивото на шеќер во крвта со забавување на варењето и апсорпцијата на јаглехидратите. Дополнително, редовната физичка активност може да биде корисна алатка која ја подобрува функцијата на инсулинот, помагајќи ја способноста на телото поефикасно да управува и да го троши шеќерот. 

Големината на оброците и нивнот состав се главните фактори кои ќе влијаат на гликемискиот индекс и јачината на шеќерните „скокови“. Поради тоа, лицата со веќе присутни ризик фактори или веќе дијагностициран предијабет или дијабет, треба особено да се внимателни во овој поглед. Но, истото важи и за здравите лица, бидејќи ваквите шеќерни скокови со текот на времето, може да доведат до покачување на тежината, зголемување на масните наслаги и со самото тоа, се зголемува и ризикот за идни компликации и проблеми со здравјето

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор