fbpx

Зошто e СЕЛЕНОТ важен минерал за функцијата на ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА?

tonus

Често слушаме за важноста од доволен внес на минерали – главно преку разновидна исхрана или суплементи. Телото не може да ги создаде минералите и тие мора да ги внесуваме секојдневно. Денес, ќе се задржиме на селенот, поконкретно ќе зборуваме за неговата поврзаност со тироидната жлезда.

 

Која е функцијата на тироидната жлезда?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

"“Online”/

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. Исто така, овие хормони го помагаат контролирањето на растот на клетките, нивното обновнување и метаболизмот. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

 

Зошто е селенот важен за функцијата на тироидната жлезда?

Селенот е минерал во трагови кој игра клучна улога во функцијата и здравјето на тироидната жлезда, делувајќи како клучна компонента на ензимските групи вклучени во метаболизмот на тироидните хормони. Поточно, селенот е од суштинско значење за синтезата и активноста на селенопротеините, како што се глутатион пероксидазите и тиоредоксин редуктазите, кои ја штитат тироидната жлезда од оксидативно оштетување. Овие ензими помагаат да се неутрализира водород пероксидот и други типови на реактивни соединенија (слободни радикали) генерирани за време на производството на тироидните хормони, со што се заштитува здравјето и функцијата на жлездата.

Покрај тоа, други ензими кои зависат од селенот, како јодотиронин дејодиназите, се од витално значење за конверзија на неактивниот тироиден хормон тироксин (Т4) во неговата активна форма, тријодотиронин (Т3), кој ги регулира метаболичките процеси низ телото. 

Сето ова покажува дека соодветниот внес на селен поддржува ефикасна синтеза и регулација на тироидните хормони, намалувајќи го ризикот од нарушувања како што се хипотироидизам, Хашимото тироидитис и Гравесова болест. За храна која е добар извор на селен се смета: бразилски ореви, риба, мисиркино месо, морски плодови, јајца, пилешко, мешунки, урда, спанаќ и сл.

Поврзано: СЕЛЕН – опасност од предозирање со БРАЗИЛСКИ ОРЕВЧИЊА!

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор