fbpx

СЕЛЕН – опасност од предозирање со БРАЗИЛСКИ ОРЕВЧИЊА!

tonus

Селенот е еден од есенцијалните, т.н. ,,минерали во траги” кои се неопходни за потребите на организмот. Тој може да биде присутен во храната, во некоја и додаден, а може да се внесува и како суплемент.

Функции на селенот во организмот и препорачан дневен внес

Пред 70 години овој минерал се сметал за токсичен. Подоцна е најдено дека има свои корисни функции и е класифициран како еден од микронутриентите кои се неопходни во трагови за правилното функционирање на организмот. Всушност, ова значи дека и недостатокот, но и вишокот од селен можат да бидат многу штетни за организмот. Балансираниот внес е клучен.

Функции на селенот во човековиот организам:

"“Online”/

– заштита на клетките од моќни слободни радикали
Преку учеството во ензимот кој е зависен од селен-глутатионот, селенот е моќно антиоксидативно средство. На пример, овој ензим делува на создадениот водороден пероскид од различни причини. Водородниот пероксид е еден од најчестите слободни радикали.

заштита на организмот од воспаленија, поддршка на имуниот систем и на работата на тироидната жлезда
Селенот исто така во комбинација со сулфурната аминокиселина цистеин формира антиоксидантни протеини наречени селенопротеини. Ваквите протеини обезбедуваат селен за ткивата намалувајќи ги воспаленијата и подржувајќи ја функцијата на имуниот систем и тироидната жлезда.
– учество во синтезата на ДНК

– значаен за репродуктивното здравје

Дневниот препорачан внес за селен според Светската здравствена организацијa e од 0,8 до 1mcg на килограм телесна тежина за возрасни, нешто помалку за деца и нешто повеќе за трудници и доилки.

Недостатокот на селен може да предизвика неправилна функција на тироидната жлезда, намален имунитет, сериозни срцеви заболувања, ослабено срце, па и срцево затајување во крајна линија (Кешаново заболување).

Вишокот пак, од друга страна може да биде штетен, токсичен, па дури и фатален во некои случаеви. Може да предизвика дијабет, абнормално намалување на шеќерот во крвта, гадење, откажување на бубрезите, срцев удар, интестинални и неврологички симптоми, мусклуна слабост итн.

Делува како моќен антиоксидант

Слободните радикали се нормални биопродукти кои се создаваат од разните метаболитички процеси. Тие можат да предизвикаат најразлични оштетувања на различни типови на клетки, односно да предизивикаат оксидативен стрес. Како што веќе споменавме, улогата на селенот во некои од ензимите кои се справуваат со овие радикали е многу значајна.

Имуностимулирачко и антивирусно дејство

Недостатокот на селен го намалува капацитетот на имуниот одговор. Селенот во поновите истражувања се покажува како поважен за имунитетот од она што се сметаше. Една студија покажува дека активираните имуни клетки имаат зголемени потреби од селен и селеноцистеин.

Суплементацијата со селен се покажала како поттикнувачка за Th1 типот на имун одговор, пред Th2 одговорот.

Th1 имун одговор или уште наречен клеточен имунитет, се поврзува со одговорот на имуниот систем на малигните клетки и на патогените како вирусите на пример, кои делуваат во внатрешноста на клетката. Додека, Th2 имуниот одговор подразбира борба со ,,туѓите тела” надвор од клетките.

Според ова, недостатокот од селен може да доведе до посериозни компликации и при некои вирусни инфекции кои се сметаат за безопасни. Оптималните количини на селен во организмот ги заштитуваат имуните клетки и ја промовираат продукцијата на антитела. Намлените количества пак, можат да ги оштетат имуните клетки преку оксидативен стрес, оставајќи им простор на тој начин на инфективните патогени.

Селенот може да го намали ризикот од некои видови на канцер

Ова својство на селенот се должи на неговата способност да ги намали оштетувањата на ДНК и оштетувањата предизвикани од оксидативниот стрес, но и на неговото имуностимулирачко дејство (рано откривање и уништување на малигни клетки од страна на имунитетот).

Анализата на 69 стдуии со вкупно 350 илјади испитаници покажува интересни резултати. Имено, оние испитаници со повисоки, оптимални нивоа на селен во крвта имале значително помал ризик од развој на повеќе типови канцер: на дојка, дебело црево, бели дробови и канцер на простата.

Заштитно дејство на срцето

Во анализа на 25 студии, добиените податоци велат дека оние испитаници со 50% повисоко ниво на селенот во крвта се поврзуваат со 24% намален ризик од срцеви заболувања.

Се смета дека селенот има позитивен ефект на кардиоваскуларното здравје, пред сè заради неговиот придонес во намалувањето на хроничните воспалителни процеси. Ваквите процеси се еден од главните ризици за повеќето срцеви заболувања.

Превенција од ментални заболувања

Алцхајмеровото заболување е едно од најчестите вакви заболувања кај повозрасните луѓе и подразбира ослабена меморија, нарушено размислување и однесување. Ова заболување е и честа причина за смртност. Се смета дека хроничниот оксидативен стрес е голем ризик фактор за развој на заболувањата слични на ова.

Како што веќе споменавме, селенот делува како моќен антиоксидант, па може да го намали ризикот од хронични воспалителни процеси.

Неколку студии покажуваат дека пациентите со Алцхајмер имаат ниски нивоа на селен во крвта, а додавањето на бразилските ореви во исхраната покажало одредени подобрувања кај овие пацинети.

Медитеранската диета, која е богата со селен поради морската храна и јаткастите плодови повеќе студии ја поврзуваат со значително намален ризик од Алцхајмеровото заболување.

Селенот е особено значаен за правилната функција на тироидната жлезда

Ткивото на тироидната жлезда содржи најголеми количества на селен отколку било кое друго ткиво во орагнизмот.

Освен што го заштитува тироидното ткиво од оксидативни оштетувања, селенот игра улога и во продукцијата на тироидните хормони. Тироидната жлезда е многу значајна за регулацијата на метаболитичките процеси и контролата на растот и развојот.

Недостатокот на селен во организмот може да води кон болести на тироидната жлезда како Хашимотово заболување, во кое имунитетот го напаѓа тироидното ткиво.

Може да помогне во намалувањето на симптомите на астма

Астмата е хронично заболување кое делува на дишните патишта преку кои се пренесува неопходниот кислород до белите дробови. Овие патишта при ова заболување се постојано воспалени и стеснети, што ги предизвикува и типичните симптоми(хронична кашлица, тешко дишење итн).

Селенот може да помогне во намалувањето на оваа хронична инфламација и кај овие засегнати ткива. Ова го покажуваат повеќе научни студии.

Една студија вели дека пациентите со астма кои имаат поголеми нивоа на селен во крвта, имаат подобра функција на белите дробови за разлика од оние со помали нивоа.

Здрава храна богата со селен

Како што веќе кажавме, ниту е добро да се има недостаток на селен во организмот, ниту пак да се има превисоки нивоа. Балансот е многу важен, па затоа треба да се биде внимателен со храната богата со селен, а таква здрава храна се:

Бразилски ореви – во само 28g има преку 700% од дневните препорачаниот внес (ВНИМАНИЕ!) – немојте да внесувате повеќе од едно вакво оревче на неколку денови.
– Туна – во 100g се содржат над 130% од ДПВ
– Интегрален ориз – 1 чашка содржи 20mcg
– Интегрален леб – 1 кришка обезбедува 10mcg
Други извори можат да бидат овес, некои видови на печурки, морска храна итн.

Сепак, во расителната храна процентот на селен зависи и од почвата на која расте билката.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор