fbpx

ЦРВЕНОТО МЕСО и белиот ШЕЌЕР меѓу главните „виновници“ за појавата на ДИЈАБЕТ ТИП 2!

tonus

Добро знаеме дека процесираната храна е штетна, нездрава и може потенцијално да го зголеми ризикот за најразлични заболувања. За високо процесираната храна и за начините преку кои може да се намали нејзината употреба веќе имаме и зборувано во претходна статија.

Во оваа денешна статија ќе се задржиме на поврзаноста меѓу овој тип на храна и ризикот за дијабет, а конкретно ќе погледнеме резултати од неодамнешна студија кои директно ги поврзуваат црвеното месо и рафинираниот, бел шеќер како главни виновници за појавата на дијабет.

 

Што претставува процесираната и високо процесираната храна?

Под процесирана храна се подразбира било кој тип на храна или намирница кои трпи некој начин на обработкафизички или хемиски. Најчесто тоа се процесите на миење, сецкање, димење, термички обработки (пастеризирање, мрзнење, печење), ферментирање или пак додавање на одредени конзерванси.

"“Online”/

Ваквите обработки не се ништо ново и човекот ги употребува веќе илјадници години. Тие се одличен начин да се заштити храната од расипување, а и често  се користат и за полесен транспорт и подолго складирање. Во некои случаи (како мрзнењето и ферментирањето) нутритивниот состав на храната сосем малку се променува, па некогаш дури и се подобрува и зачувува.

Но, проблемот настанува со високо процесираната храна, односно храна која е преполна со шеќери, сол, масти и конзерванси. За ваквата храна е потребно сосем малку или не е потребно воопшто било каква подготовка, односно таа е веднаш погодна за консумирање. Во овој тип на храна се вбројуваат :

    • Кондиторските производи (чоколади, бомбони, смоки, слатки и сл.
    • Пржените производи – пример чипсот
    • Процесираните месни производи
    • Сладоледи, торти и слични слатки производи
    • Безалкохолни пијалоци
    • Низа на млечни продукти со додаден шеќер

 

Црвеното месо и белиот шеќер се поврзуваат со речиси 70% од новите случаи на дијабет на глобално ниво

Според одредени истражувања, 70% од новите 14,1 милиони случаи на дијабет може да се препишат на 11 најчести фактори поврзани со исхраната. Меѓу нив, особено се истакнува употребата на црвено месо и месни преработки, како и на бел, рафиниран шеќер, но и недоволниот внес на полнозрнести житарки. Од вкупниот број на нови случаи, околу 26% се поврзуваат со недоволен внес на житарки, 24,6% со преголем внес на прости шеќери и 20,3% со преголем внес на процесирани месни производи. Се смета дека неквалитетниот тип на јаглехидрати (прости шеќери), како и нивниот преголем внес се смета за една од главните причини за појава на дијабет тип 2. 

Ваквите резултати не се изненадувачки, но навистина се индикатор за една алармантна статистика која често се игнорира. Инаку, преку бројни статии на нашиот блог имаме зборувано за важноста од редовен внес на полнозрнести житарки, особено во поглед на нивниот позитивен ефект врз дијабетот и контролата на шеќерот во крвта. 

Во поглед на месото, студијата покажува дека црвеното месо, особено неговите преработки се сериозен ризик за дијабет. Дополнително, црвеното месо е добро познат ризик фактор и за кардиоваскуларното здравје, а повеќе на таа тема може да прочитате во наша претходна статија. Покрај тоа, овој тип на месо го зголемува и ризикот за хипертензија, холестерол, мозочен удар, како и за појава на одредени типови карцином

Процесираната храна исто така се смета дека допринесува за т.н хронично воспаление или хронична инфламација. Инфламацијата влијае негативно на нивото на инсулин во крвта, а тоа би значело и директна поврзаност со ризикот за дијабет. Затоа, од особена важност е да се внесуваат што е можно повеќе свежи намирници – овошје, зеленчук, житарки, мешунки, јатки, семки и сл. Ваквата храна содржи разни антиоксиданти, како и соединенија кои делуваат анти-воспалително. Ваквата храна исто така помага и да се одржи здравјето на нашата цревна микрофлора, што е директно поврзана со имуниот систем, а преку тоа и со ризикот за голем број други заболувања, меѓу кои и дијабетот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор