fbpx

Кои се потенцијалните физички и емоционални промени предизвикани од АНКСИОЗНОСТА?

tonus

Анксиозноста е нажалост сè повеќе застапена и се смета дека околу 3,6% од светската популација страда од анксиозно растројство. Во САД оваа бројка е уште позагрижувачка и се проценува дека 18% од населението ја има оваа состојба. Сè повеќе науката ја проучува анксиозноста и ефектите кои таа може да ги има врз нашето секојдневие. Досега се добро познати повеќе различни ефекти кои таа ги има врз нашето тело, а тоа и врз здравјето. Затоа, во продолжение ќе зборуваме малку повеќе за овие ефекти и како истите да ги препознаеме, но и како да си помогнеме со цел подобро да ја контролираме анксиозноста.

Што претставува анксиозноста?

Анксиозноста може најлесно да се опише како чувство на грижа, неспокој, напнатост и вознемиреност. Тоа претставува нормална емотивна состојба кај луѓето, а најчесто е асоцирана со ситуации кои мозокот ги доживува како закана или опасност. Ваквата појава е нормална при доживување на некои стресни ситуации (губење на работата, несреќен случај, расправии и сл.) Таа може да има значително влијание врз нашето здравје, расположение и психичка благосостојба.

[Поврзано: Како анксиозноста го попречува слабеењето?]

"“Online”/

Зошто точно доаѓа до појава на анксиозност и зошто таа некогаш преоѓа во растројство, науката сè уште не дала одговор. Се смета дека не постои една, единствена причина за анксиозност, туку станува збор за повеќе фактори кои се во игра (генетика, претходни стресни ситуации, фамилијарна историја поврзана со анксиозноста и сл.)

Важно е да се разграничи разликата меѓу анскиозност и анксиозно растројство. Како што рековме анскиозноста е нормална човекова реакција на дадена стресна ситуација. Кога ваквата реакција преминува во растројство, стресот и стравувањата се прекумерни и не соодвестуваат на дадената ситуација, а состојбата влијае и спречува нормално секојдневно функционирање.

Кои се најчестите симптоми на анксиозноста?

Иако најчесто анксиозноста се асоцира со ефектите врз менталното здравје и распложение, таа исто така пројавува и физички симптоми.

Често кога се чувствуваме загрижено и анксиозно, може да забележиме и физички промени:

  • Потење на дланките
  • Забрзан пулс
  • Непријатно чувство во стомакот и лошење
  • Главоболка
  • Слабост или замор
  • Забрзано дишење
  • Тресење
  • Стегнатост во мускулите
  • Несоница

Додека, умствените и емоционални симптоми се:

  • Надразливост
  • Немир
  • Проблеми при концентрирање
  • Чувство на паника
  • Прекумерно анализирање и мислење на конкретна ситуација

Доколку овие симптоми се присутни подолг период, тогаш најверојатно станува збор за анксиозно растројство или некоја друга форма на растројство. Овие симптоми имаат исклучително негативен ефект врз телото и нашето здравје, па затоа најдобро е навремено да се побара помош од стручно лице кое може да ви помогне полесно да се справувате со ваквите симптоми, но и да се обидете преку различни методи да ги елиминирате.

Ваквите анксиозни моменти или често наречени и напади, може да бидат особено вознемирувачки и непријатни. Понекогаш луѓето ги поистоветуваат овие напади со панични, но постои разлика помеѓу двете состојби.

[Поврзано: Која е разликата меѓу анксиозност и панични напади и како да ги препознаеме?]

Што се смета за ризик фактор и какви компликации може да се јават?

Точната причина за појава на анксиозноста и анксиозното растројство не се целосно разјаснети, но познати се повеќе различни ризик фактори кои може да допринесат кон нивната појава. Тие најчесто се:

  • Трауматски и тешки претходни искуства
  • Генетика
  • Други здравствени состојби – срцеви заболувања, дијабет, состојби кои се одликвуаат со хронична болка
  • Употреба на одредени лекарства
  • Пол – анксиозноста е почеста кај жените
  • Стресни секојдневни ситуации
  • Претходно нарушено ментално здравје

Доколку не се побара решение и третман, живеењето подолго време со анксиозност може да го зголеми ризикот за појава на други здравствени проблеми, како што се: депресија, проблеми со дигестијата и апетитот, несоница, потешкотии при извршување на обични обврски, проблеми на работното место, училиште, факултет, намалена социјализација и потешкотии во одржувањето на контакт со блиските и сл.

Што може да помогне кај лицата со анксиозност?

И покрај тоа што ефектите од анксиозното растројство се многубројни и значајни, ваквата состојба е една од најлесно излечивите ментални состојби. Ова не значи дека тоа е лесно да се постигне, но постојат бројни терапии и лекувања кои можат да помогнат.

Секој што има подолга и значајна анксиозност, како и проблеми поврзани со спиењето, треба да се консултира и разговара со доктор. Терапии, промени во животниот стил и лекарства се дел од методите кои може да се покажат како корисни во справувањето со анксиозноста.

Промени во начинот на живот кои може да делуваат позитивно врз анксиозноста

Постојат навистина многу фактори кои се во наша контрола, а може поволно да влијаат врз анксиозноста која ја чувствуваме. Дел од ваквите фактори се:

  • Практикувајте вежби за релаксација – вежбите за дишење и опуштање на телото се особено корисни во овој поглед. Некогаш тие се и дел од претходно споменатата когнитивно – однесувачка терапија, а нивното релаксирачко и анти-стрес дејство е научно потврдено. За правилното дишење имаме пишувано во претходна статија и истата може да ја прочитате доколку кликнете тука.

  • Бидете физички активни – во бројни наврати ги потенцираме придобивките од физичката активност. Намалување на стресот и лачење на ендорфини – хормони кои делуваат позитивно врз нашето расположение, се токму некои од причините зошто вежбањето е добро против анксиозноста.
  • Разговарајте почесто со пријател, член од семејството или стручно лице – ова може значително да помогне во справувањето со анксиозноста и со стресот. Луѓето околу вас може да ви се голема поддршка и не плашете се од барањето на помош.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор