fbpx

Дигитално заморено ОКО – Што значи и како да се заштитиме?

tonus

Модерното време не може ни да се замисли без различните електронски уреди – телевизор, компјутери, лаптопи, таблети, смартфони и бројни други ,,гаџети”. Секој од нив емитува т.н. сина светлина. Веројатно досега сте слушнале за овој поим, кој најчесто се поврзува со нешто негативно. Во продолжение повеќе околу ефектите на сината светлина и како да го намалиме ризикот по нашето здравје од неа.

Најпрво, што претставува сината светлина?

Сината светлина е дел од видливиот спектар на светлина – светлина што може да биде регистрирана од човековото око. Станува збор за вибрација од 380 до 500 нанометри, тоа би било – најкратка должина на бранови, но најсилна енергија. Околу една третина од целата видлива светлина се смета за високо-енергетска или ,,сина” светлина.

Сончевата светлина е најзначајниот, природен извор на сина светлина. Вештачките извори на оваа светлина се различните светилки и рамните екрани на повеќето електронски уреди.

"“Online”/

Зошто ни е важна сината светлина?

Бранoвите на сината светлина нè расонуваат, ја зголемуваат свесноста, помагаат за меморијата и когнитивните функции и го природно го подигнуваат расположението. Сината светлина е значен фактор во регулирањето на т.н. циркадијален ритам, или нашиот природен биолошки часовник.

[Поврзано: Многу е поважно КОГА јадеме одошто мислиме!]

Природната сончева светлина исто така е многу значајна за растот и развојот на очите и видот кај децата. Несоодветната, односно недоволната изложеност на сина светлина може да води до миопиа или кратковидост.

[Поврзано: Зошто при дијабет е неопходна РЕДОВНА грижа за очите?]

Дали предолгата изложеност на сина светлина е нездрава?

Изложеноста на сина светлина од различните електронски уреди е многу мала во споредба со изложеноста од сонцето. Сепак, експертите се сè позагрижени за долгорочниот ефект на постојаната изложеност на рамните екрани, особено предолгите интервали минати пред нив и премалата близина од окото до екранот.

Поради кои причини сината светлина е лоша за нас?

Бидејќи окото нема добар механизам за блокирање на сината светлина, речиси ,,целата” минува низ неговиот преден дел (рожницата и леќата) и доаѓа до ретината или мрежницата. Потоа, клетките на ретината ја ,,претвораат” светлината во сигнали што можат да бидат процесирани во слика од страна на мозокот.

Подолгата изложеност на сина светлина може да доведе до оштетување на ретиналните клетки, предизвикувајќи проблеми со видот, како макуларна дегенерација, катаракта, и други проблеми со очите. За жал, истражувањата покажуваат дека децата се поранливи на сината светлина, отколку возрасните. Затоа е многу важно да им се ограничи пристапот до електронските уреди барем на неколку часови.

[Поврзано: Зависност од електронски уреди]

Дополнително, изложеноста на сина светлина навечер, го ,,збунува” мозокот, нарушувајќи ги нивоата на одредени хормони поврзани со спиењето, како мелатонин и кортизол. Покрај тоа, кога сината светлина го нарушува циклусот на сон, се јавуваат и други проблеми, како ниски нивоа на лептин (хормон на ситоста), покачен шеќер во крвта, а можни се и зголемувања на  нивоата на хормони што се поврзани со одредени типови канцери.

[Поврзазно: МЕЛАТОНИН – суплемент за спиење – Колку да се зема и кои се несаканите ефекти?]

,,Дигитално заморено око”

Сината светлина може да бидее директен причинител за заморените очи. Како што веќе видовме, таа многу полесно продира низ окото, па постојаната изложеност од близу на ваква светлина создава еден вид визуелен ,,неред”, кој води кон заморување на очите – појава што се нарекува и дигитално заморено око.

Утвредено е и дека лицата кои огромни периоди минуваат пред дигиталните уреди, помалку трепкаат. Тоа води кон посуво и ,,позаморено” око. Другите симптоми што можат да се појават се главоболки, замаглен вид и болки во вратот и рамењата. Според статистиките од САД, дури ⅓ од населението постојано страда од овие симптоми.

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствувате ЗАМОРЕНО]

Дали ви се потребни очила што ја блокираат сината светлина?

Иако постојат бројни студии на темата, во научниот свет се’ уште не е постигнат консензус по ова прашање. Како и да е, ако минувате голем дел од денот пред некаков екран, очилата што имаат механизам за блокирање на сината светлина можат да бидат од корист.

Што друго можеме да направиме за да го ,,неутрализираме” или намалиме негативниот ефект од сината светлина?

– Инсталирајте апликации што ја ,,филтрираат” сината светлина од екраните на компјутерите и ,,паметните” телефони.

– Ако имате работа пред компјутер, на секој половина час правете пауза од неколку минути. Пауза во која, секако, нема да гледате во екранот или други екрани.

– Намалувајте ја светлината на своите уреди и најдете начин да си го ограничите времето што го минувате на телефон за забава.

– Зборувајте со својот очен лекар ако често имате проблеми со очите или мислите дека проблемите ви се директно поврзани со минувањето долги периоди пред екраните.

 

– Ако постојано имате проблеми со заморени очи, користете капки што ќе оневозможат сушење и иритации на очите.

– Ограничете им го времето минато пред различни екрани на вашите најмали.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор