fbpx

Настинка, алергија или синусна инфекција? – Како да го препознаеме синуситисот?

tonus

Што е всушност синуситисот или синусната инфекција?

Денес ќе зборуваме за еден проблем кој неретко може да се јави кај многумина, а е често и резултат на обична настинка или грип. Станува збор за синуситис или синусна инфекција, а во продолжение ќе зборуваме за најчестите симптоми, причини поради кои доаѓа до ваквата инфекција и начини на кои може да си помогнеме.

Што претставува синуситисот или синусната инфекција?

Синуситисот најлесно кажано претставува воспаление на синусите, кое често е проследено и со нивно отекување. Синусите се четири празнини помеѓу носот и дишните патишта во главата. Во овие празнини се создава слузава материја што истекува преку каналите на носот и на овој начин тие се одржуваат чисти и без бактерии. Синусите се најчесто исполнети со воздух, но може да се затнат и да се наполнат со течност. Кога ова ќе се случи, можно е да се развијат бактерии и да дојде до инфекција – бактериски синуситис. Покрај бактериите и вирусите може да предизвикаат ваква инфекција, а тоа често се случува и при настинки, грип и сл. Во одредени случаи, синуситисот се јавува поради одредени алергии, воспаленија на забите и сл.

Типови на синуситис

Во поглед на времетраењето на ваквата инфекција, постојат повеќе типови:

"“Online”/
  • Акутен синуситис – подразбира појава на симптоми кои се типични за настинка: течење на носот, затнат нос и блага болка околу носот и челото. Ваквата инфекција трае околу 10-ина дена и често се случува да дојде до подобрување на симптомите во првите денови, но нивно повторно појавување и влошување. Ваквиот синуситис може да се третира во домашни услови и е релативно безопасен.
  • Хроничен синуситис – подразбира воспаление на синусите кое трае подолго од три месеци. Ваквата состојба ја нарушува нормалната функција на синусите и доведува до затнати дишни патишта во носот. Дишењето преку нос е отежнато и областа околу очите и челото може да ја чувствувате како потечена. Хроничниот синуситис може да биде резултат на инфекција, на појава на полипи или поради воспаление на обвивката на синусите. Поради затнувањето во делот на носот, може да дојде и до ослабнување на сетилото за мирис.
  • Субакутен синуситис – воспаление на синусите кое трае 4-12 недели
  • Повторувачки акутен синуситис – акутен синуситис кој се јавува 4 или повеќе пати во текот на годината, а трае помалку од 2 недели секој пат.

Најчести симптоми и причини за појава

Како што споменавме, синуситисот е честа појава кога сме настинати, односно кога имаме некаква вирусна инфекција, како што е сезонскиот грип.

Најчестите симптоми се:

  • Болка и чувство на отеченост и затнатост во областа на образите, очите и челото
  • Затнат нос
  • Ослабнато сетило за мирис
  • Зелен или жолт слуз кои доаѓа од носот
  • Главоболка
  • Покачена телесна температура
  • Болка во грлото
  • Непријатен здив

Кај помалите деца, знаци за синуситис може да бидат и: надразливост, проблеми со јадење, дишење исклучиво преку уста.

Покрај настинката или сезонскиот грип, синуситисот може да се јави и како резултат на одредена алергија (сезонска), појава на полипи, други здравствени состојби, изложеност кон чад или други иританти и слично.

Понекогаш е тешко да се разграничи помеѓу настинка, алергија или синусна инфекција. Настинката обично има одреден пик, ден или два кога состојбата е најлоша, а потоа се повлекува. Таа трае од неколку дена до околу една недела. Често се случува настинката да премине во синусна инфекција.

Алергиите, од друга страна, се јавуваат поради одредени иританти (прашина, полен и сл.) кои ја иритираат внатрешната обвивка на носот. Најчестите симптоми на алергија се: кивање, чешање на носот и очите, затнат нос, течење на носот и сл.

Третирање на синусната инфекција

Синуситисот може да се третира на повеќе начини, во зависност од симптомите и степенот на инфекцијата.

Обичната синусна инфекција се третира со:

  • Препарати за одзатнување на дишните патишта
  • Лекарства за третирање на настинка или алергија
  • Пиење на течности
  • Капки за нос

Доколку симптомите не се подобрат по 10 дена, вашиот доктор може да ви препише:

  • Антибиотици
  • Орални или локални одзатнувачи
  • Лекарства на база на стероиди

Од друга страна, хроничниот синуситис се третира преку првенствено таргетирање на потенцијални, скриени состојби – пр. Алергија

Во тој поглед, може да се препорача употребата на:

  • Интраназален стероиден спреј
  • Локален антихистамински спреј или орални апчиња
  • Плакнење на носот со раствор на сол кој исто така може да содржи одредени пропратни лекарства
  • Назални кортикостероиди или орални кортикостероиди

Секако, третманот е индивидуален и зависи од степенот на инфекцијата, нејзиното времетраење како и од симптомите. Затоа, најдобро е пред да употребите некаква терапија, да се консултирате со вашиот доктор доколку се сомневате дека страдате од синусна инфекција.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор