fbpx

Какви сè здравствени бенефити нуди скушата?

tonus

Рибата претставува исклучително здрава храна и намирница која може навистина да допринесе кон подобро здравје. Препораките велат да се јаде риба еднаш до два пати неделно. Таа е извор на бројни корисни нутриенти, без разлика за кој тип на риба станува. Некои видови нудат подобри количества на омега-3 масни киселини, а други пак поголеми количества на квалитетни протеини и витамини. Без разлика на видот, рибата е препорачлива за редовна употреба. Па затоа, во денешната статија издвојуваме еден тип на морска риба која често се среќава и на нашите пазари, а тоа е скушата.

 

Кои се нутритивните карактеристики на скушата?

 

Скушата се смета за здрава, морска риба која е одличен извор на омега-3 масни киселини. За разлика од некои други типови риба, таа содржи нешто повеќе калории, па така на 100g има:

  • 190 калории
  • 12g масти (од кои 3 грами заситени и 7,5g незаситени масти)
  • 19g протеини
  • 0g јаглехидрати

 

Покрај макронутриентите скушата содржи и низа на микронутриенти, првенствено витамините: А, Д, Б6 и Б12, како и минералите: железо, магнеизум, фосфор, калиум, цинк и др.

"“Online”/

Ваквиот нутритивен профил на скушата ја прави риба која нуди интересни и бројни здравствени придобивки, а дел од нив ги издвојуваме во продолжение.

 

Кои се здравствените придобивки кои ги нуди скушата?

 

1 . Одличен и богат извор на омега – 3 масни киселини

Како што споменавме, скушата претставува риба која е одличен извор на овие здрави масти кои често се смета дека се недоволно внесувани. Освен некои делови на Источна Азија и делови од Европа, се смета дека преостанатиот дел од популацијата има дефицит од овие здрави масти. Омега – 3 масните киселини се смета дека имаат анти-воспалително дејство, како и позитивно влијание врз кардиоваскуларното здравје.

Како еден од најдобрите извори се сметаат, секако, рибите кои содржат повеќе масти како скушата, лососот, харингите и сл. Други солидни извори на омега-3 се јатките (првенствено оревот), маслиновото масло, семињата и сл.

 

2 . Одличен извор на витаминот Б12

Проценките се дека 6% од населението од САД има дефицит од ваквиот витамин, а ваквиот процент расте и до 20% кај лицата над 60 години. Овој витамин се смета за исклучително важен за нашето здравје и е заслужен и вклучен во мноштво биохемиски процеси. Неговиот недостаток може да резултира со анемија и проблеми со нервниот систем. Скушата претставува извонреден извор на витаминот Б12, па така зготвен филет од скуша задоволува 279% од дневните потреби за овој витамин.

 

3 . Содржи големо количество на квалитетни, комплетни протеини

Покрај импресивниот микронутритивен профил, скушата е и одличен извор на протеини. Во еден филет на скуша има дури 21g на комплетни протеини. Комплетни протеини значи дека овој тип протеини ги задоволува потребите за сите 9 есенцијални амино киселини кои мораме да ги внесуваме преку исхраната. Скушата се смета за риба која има поголема содржина на масти, а помала на протеини. Сепак, 21g на протеин во филет од скуша е импресивно количевство. Ова укажува на важноста и квалитетот на рибиното месо и колку е неопходно редовно да се консумира различен вид на риба.

 

4 . Не содржи високи количества на жива

Иако морската храна се смета за нутритивна и здрава храна, еден негативен аспект е што таа може да содржи жива – токсичен метал кој може да се акумулира во ткивата на рибата. Па така, здравствените препораки укажуваат на сосема ретко консумирање на некој тип риба поради количевството на жива. Атлантската скуша се наоѓа на листата на риби кои се смета дека имаат најмали количества на жива во својот состав. Важно е да се напомене дека ова важи за Атлантскиот тип на скуша, а останатите типови скуша како Шпанскиот и Кралскиот тип, содржат поголеми количества

 

 

5 . Претставува одличен извор на селен и витамин Д

Покрај одличните количества на протеин, омега – 3 масни киселини и витаминот Б12, скушата се смета за месо кое е богато со минералот селен и витаминот Д. Еден филет на скуша задоволува 71% од потребите за селен и повеќе од 100% од потребите за витаминот Д. Селенот е важен минерал кој има бројни функции во телото: антиоксидативно дејство, спаѓа во градбата на бројни ензими наречени селеноензими, има улога во функцијата на имуниот систем, ги регулира тироидните хормони и целокупното здравје на тироидната жлеза итн.

Витаминот Д, кој е исто така витамин што е во дефицит кај многумина, има навистина огромен број функции во огрганизмот. Тој може да се продуцира при изложеност на сонце, но и да се внесе преку исхраната и суплементите. Доколку сакате да прочитате за многуте функции кои ги има ваквиот витамин во нашето тело, кликнете тука.

 

Покрај ваквите здравствени бенефити се смета дека скушата може да допринесе кон: подобро когнитивно здравје, намалени нивоа на триглицериди, подобрено кардиоваскуларно здравје, намалена инфламација во телото и сл. Ова укажува дека скушата е здрава и корисна риба за нашето здравје, а дополнителен бонус е дека таа е релативно евтина и достапна. Во нашите маркети се среќава како свежа и смрзната, а за нејзина подготовка постојат безброј рецепти.

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор