fbpx

Зошто МАЖИТЕ, но и ЖЕНИТЕ, по 40-тата година потешко слабеат?

tonus

Ако постојано имате проблем со вишокот килограми, а веќе сте ја минале 40-тата година, сигурно сте забележале дека многу е потешко да ги намалите килограмите, во однос на претходно. Ова секако лесно можат да го забележат и повозрасните луѓе кај кои проблемите со килограмите се нешто ново.

 

Како што старееме, нашите тела не ,,одговараат” исто на обидите за намалување на килограмите. За ова тврдење постојат биолошки објаснувања, на кои во продолжение ќе обрнеме малку подетално внимание.

 

[Поврзано: Имате 40 години, а се чувствувате како 25. Дали е можно? Што означува поимот БИОЛОШКА ВОЗРАСТ?]

"“Online”/

 

Имено, утврдено е дека како што старееме, генерално кај луѓето се јавува тенденција на зголемување на телесната тежина и тоа за 0,5kg – 1kg, секоја наредна година. Овие килограми можеби ,,на прва” не изгледаат многу, но со текот на времето тие имаат потенцијал да се наталожат и да направат значителни промени во BMI, и тоа во обем во кој би можеле слободно да се дефинираат како обезност или гојазност (BMI>30).

 

[Поврзано: Индекс на телесна маса – предности и маани]

 

Искуствата и статистиките јасно укажуваат: инциденцата или зачестеноста на обезноста кај општото население се зголемува во 20-тите години, а својот пик го достигнува од 40 до 59 години, а потоа слабо опаѓа по 60-тата година.

 

Тоа не значи дека секој човек по својата 40-та година ќе почне да таложи маснотии, бидејќи телесната тежина е дефинирана во огромна мера и од генетиката, навиките, генерално за физичка активност и исхрана. Како и да е, постои одредена тенденција според која поголемиот дел од популацијата почнува да има посериозни проблеми со тежината по својата 30-та или 40-та година.

 

[Поврзано: Кои масни наслаги се поопасни – на струкот или бутовите]

 

Постојат низа причини зошто е ова случај

 

Како што веќе и рековме, зад овој ,,феномен” стојат длабоки биолошки причини, за кои ќе зборуваме во продолжение (за само неколку од нив).

 

Со текот на годините, телото губи од својата мускулна маса

Мускулното ткиво почнува да губи од својот обем со текот на времето, па така почнува да опаѓа уште по 30-тата година. Проценките се дека тоа намалување е од 3-8% на една декада. Процесот се нарекува саркопенија и се споменува во едно истражување од 2004-та година, објавено во Current Opinion in Clinical Nutrition and Metabolic Care.

 

[Поврзано: Што треба да знаете за вежбите со тежина?]

 

Дополнително, недоволната физичка активност, пандемиски раширена појава, дополнително допринесува во губењето на мускулното ткиво. За намалувањето на активноста кај повозрасните лица допринесуваат и одредени чести заболувања, како артритисот на пример.

 

[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]

 

Како количеството мускулно ткиво е поврзано со несаканите флуктуации во телесната тежина?

 

Чистото мускулно ткиво користи значително повеќе калории отколку масното ткиво. Така, ако редовно сме физички активни со тежина, оддржувањето на мускулното ткиво во огромна мера ќе ни помогне да трошиме повеќе калории, дури и кога сме помалку активни.

 

[Поврзано: Што се, всушност КАЛОРИИТЕ и колку дневно треба да внесуваме за да слабеење?]

 

Хормонски промени што се природни со процесот на стареење

 

И мажите и жените минуваат низ повеќе промени во хормонските нивоа, како дел од природниот процес на стареење. Овој факт е уште едно од објаснувањата зошто со текот на времето одржувањето, односно намалувањето на телесната тежина станува сè потешко.

 

[Поврзано: ЕДНОСТАВЕН тест за хормонски дисбаланс кој можете самите да го направите!]

 

Кај женската популација, по некаде 45-тата година, почнува периодот на менопаузата. Оваа состојба поттикнува значително намалување во нивоата на естроген, што потенцијално може да води кон таложење на маснотии во пределот на стомакот. Дополнително, периодите на перименопауза и менопауза значително влијаат на стабилноста на расположението, што ги прави здравите навики помалку веројатни, а нездравите, како пушењето и прејадувањето – почести.

 

Како резултат на ова, просечното зголемување на килограмите во периодот кој претставува премин во менопауза е околу 2,5 килограми.

 

[Поврзано: Нехормонско третирање на ,,жешките бранови” во менопаузата]

 

Кај машките поединци во периодот по 40-тата година (1-2% годишно) почнува да опаѓа нивото на тестостеронот. Помеѓу останатите функции на тестостеронот, тој е задолжен и за тоа како масните ткива се распространети низ телото, но и колкава е масата и цврстината на мускулите. Видовме зошто намалувањето на мускулната маса делува негативно на килограмите во целина.

 

[Поврзано: 7 хормони кои го отежнуваат слабеењето!]

 

Намалувањето на нивоата на хормонот на раст, што исто така се случува со стареењето, исто така има негативен импакт врз телесната тежина кај повозрасните лица. Имено, една од функциите на овој хормон е во однос на синтезата и одржувањето на мускулната маса.

 

Метаболизмот е поспор од претходно

 

Ова веројатно и претходно сте го слушнале. Но, што означува фразата?

 

Споменатото намалување на мускулната маса со текот на стареењето, неминовно ќе влијае на успорување на метаболизмот – комплекс од процеси кои ја претвораат храната во енергија (помеѓу останатото).

 

Имањето повеќе масно ткиво, а помалку мускули, го успорува согорувањето калории. Помалото ниво на активност што доаѓа со возраста, исто така има силно влијание на успорување на метаболизмот.

 

[Поврзано: Најосновни работи што треба да ги знаете за вашиот метаболизам]

 

Дополнително, одредени доста чести здравствени наршувања, исто така влијаат на успорувањето, на пример нарушувањата на тироидната жлезда.

 

[Поврзанo: Кога ви е потребен тест за тироидната жлезда?]

 

Со текот на годините, поверојатен станува седечкиот начин на живот, но и зголемувањето на стресот

 

Како минуваат годините, доаѓа период кога треба да обрнуваме сè повеќе внимание на сè повеќе важни аспекти од животот – партнерот, семејството, децата, кариерата….  За себе, имаме сè помалку време. Како да не сме свесни дека ако не се ,,негуваме” себеси, губат и нашите блиски.

 

Споменатиот период најчесто настапува по 40-тата година, заедно со претходно споменатите бројни хормонските промени, што нè прави уште поподложни на хроничниот, неконтролиран стрес.

 

[Поврзано: Како СТРЕСОТ го намалува ИМУНИТЕТОТ?]

 

Неконтролираниот стрес освен што е самиот по себе ризик-фактор за здравјето, тој делува и условно кажано индиректно – врз нашите секојдневни навики. Врз животните навики: колку сме активни, како се храниме, колку ,,пороци” имаме итн.

 

[Поврзано: Седечкиот начин на живот може да биде ризик-фактор за наршено здравје, слично како и цигарите!]

 

Неретко, имајќи намера да заштедиме време, посегнуваме по различни диети, кои не само што нема да ни помогнат, туку значително ќе ни одмогнат. Огромен дел од лицата што се обидуваат да ослабат преку диети, запаѓаат во т.н. Јојо ефект. Што означува овој поим и како го уништува здравјето, прочитајте тука.

Многу повеќе детали за тоа на кој начин стресот допринесува кон зголемување на телесната тежина, прочитајте во една од нашите претходни статии, под наслов: Како СТРЕСОТ ја зголемува телесната тежина и што треба да направите за да го спречите тоа?

 

Што можеме да направиме за да го избегнеме зголемувањето/да ја намалиме телесната тежина по 40-тата година?

 

Тоа што контролата на телесната тежина е потешка со текот на годините, не значи дека е невозможна и претешка за постигнување.

 

Во најкратки црти, за постигнување на оваа цел пред сè потребна е поголема посветеност на здравиот начин на живеење, во однос на посветеноста што сме ја имале во младоста.

 

Тоа би значело учење кои се и како да се усвојат навиките за здрав начин на живот, кои се основните принципи за здраво и трајно слабеење и можеби најважно – совладување техники кои ќе можат на подолг рок да нè ослободат од тежината на хроничниот стрес. Овие ,,техники” се индивидуална работа, односно не постојат одредени што важат за секого подеднакво.

 

Многу повеќе околу принципите (и лајфстајл факторите) за здраво слабеење, односно што треба, а што не треба да правите за трајно да ослабете, прочитајте тука.

 

За закажување консултација, односно ПРОГРАМА за слабеење кај Д-р Митов, кликнете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор