Иако сувите смокви се достапни во текот на целата година и имаат одличен вкус, тешко може да се каже дека постои повкусна и посочна овошка од свежата смоква.
За да биде ваквиот вкус можен допринесуваат уникатниот баланс помеѓу шеќерите и шеќерните киселини, но и самата структура – сочна срцевина, мека коричка и крцкави семчиња.
Затоа, да го искористиме овој период од годината богат со свежи смокви!
Приказната на овошките – здравје во слатка форма!
Покрај одличниот вкус, смоквите се концентриран извор на различни хранливи материи. Во продолжение, зошто смоквите се одличен избор за одржување на здравјето на коските.
Смоквите претставуваат изненадувачки богат извор на нутриенти што учествуваат во градењето на коскеното ткиво – калциум и магнезиум.
Едно сервирање од овие овошки обезбедува и до 100mg калциум. Покрај тоа, едно истражување од 2018 година ни укажува дека јадењето смокви може да делува на инхибирање на активноста на остеокластите – компоненти кои ги прават коските кршливи. Всушност, може да се каже дека смоквите помагаат во превенирањето, па дури и во третманот на остеопорозата.
[Поврзано: Остеопороза – колку е значајна физичката активност?]
Нутритивна вредност во 100g свежи смокви и суви смокви
во 100g | Свежи смокви | Суви смокви |
Калории | 70 | 250 |
Јаглехидрати | 19g | 64g |
Протеини | 0,7g | 3,5g |
Масти | 0,3g | 0,9g |
Растителни влакна | 3g | 10g |
Калиум | 7% од дневните потреби | 20% од дневните потреби |
Манган | 6% од ДП | 26% од ДП |
Витамин К | 6% од ДП | 16% од ДП |
Витамин Б6 | 6% од ДП | 6% од ДП |
Магнезиум | 4% од ДП | 17% од ДП |
Калциум | 4% од ДП | 16% од ДП |
Витамин Б1 | 4% од ДП | 6% од ДП |
Витамин А | 3% од ДП | |
Витамин Ц | 3% од ДП | |
Цинк | помали количества | 4% од ДП |
Фосфор | помали количества | 7% од ДП |
Железо | помали количества | 11% од ДП |
Извор и на калиум
Во само една свежа смоква има над 150mg калиум, минерал кој е есенцијален за здравјето на нашите коски. Една мета-анализа од 2015-тата година, објавена во Osteoporosis International вели дека калиум бикарбонатот или цитратот, двете форми на калиум најдени во смоквите, го намалуваат излачувањето на калциумот. Ваквото намалување силно допринесува за зајакнување на коските и намалување на коскената ресорпција – биолошки процес кој ги ослабува и ги прави коските поподложни на кршење.
[Поврзано: КАЛИУМ – најважниот минерал за лицата со покачен крвен притисок!]
Бројни други корисни ефекти за здравјето
Смоквите можат да бидат значаен дел од исхраната при остеопороза и значаен дел во нејзиното превенирање, но тоа е далеку од единствен бенефти од овие јужни овошки. На пример, нејзините растителни влакна можат да допринесат за подобра дигестија и превенција од колоректален канцер. Потоа, станува збор за храна концентрирана со антиоксидативни материи, храна што е одлична за процесот на слабеење, подобро здравје на срцето, кожата.
Смоквите поседуваат и антидијабетичен ефект, а одредени истражувања ги поврзуваат и со позитивни ефекти во однос на еректилната дисфункција и здравјето на косата.
Многу повеќе детали на оваа тема, прочитајте во една од нашите претходни статии: СМОКВИ – ретко кое овошје има вакви карактеристики!