fbpx

ЗАГРИЖУВАЧКО откритие за солта…

tonus

Една нова студија на тема влијание на солта врз имуниот систем, објавена пред 7 дена од Универзитетот во Бон, Германија, дава не баш очекувани резултати. Утврдено е дека освен што претераното консумирање на сол влијае на покачување на крвниот притисок, исто така влијае и на намалувањето на капацитетот на имуниот одговор.

Истражувањето најпрво се одвивало на лабораториски глувци, а потоа и на луѓе. Испитуваните субјекти консиумирале 6g сол повеќе од препорачаниот дневен максимум (значи во просек колку што внесуваат Македонците на дневна основа).

Интересно е да се спомене дека ова количество на сол е еднакво на она што го има во два оброка брза храна.

"“Online”/

И во двата дела од студијата, добиените резултати се идентични: ,,Забележано е намалено дејство на имуниот систем при инфекции од различни причинители.” Ова значи дека испитаниците имале потешки облици на инфекции и симптомите биле подолготрајни.

Препорачани количини на сол од Светската здравствена организација

„5g сол дневно, не повеќе!” велат од СЗО! Сè што е над овој дневен максимум за возрасни лица, се смета дека има штетно дејство за човековиот организам. Оваа количина одговара на една кафена лажичка сол.

Но, речиси насекаде низ светот, оваа максимална количина се надминува. Причините за тоа се воглавно брзиот начин на живот, а со тоа и сè поголемата побарувачка за процесирана храна и брза храна. Ваквите типови на храна подразбираат големи количества на зачинетост и сол.

Ова е и една од причините или поттикнувачите на ,,пандемијата” на хипертензијата и другите кардиоваскуларни нарушувања ширум светот.

Што е ново што ни го покажува оваа студија?

Освен веќе многупати потврденото дејство врз крвниот притисок, оваа студија укажува и на влијание на прекумерното консумирање на солта врз намалувањето на имуниот одговор.

На испитуваните волонтери кои консумирале 6g сол повеќе од максималното препорачано количество, по 7 дена со ваква исхрана им била земена крв за испитување на гранулоцитите. Таков тест на гранулоцитите бил направен и пред да почне експериментот. Испитувањата по завршувањето на седумте дена, покажале дека гранулоцитите послабо се справуваат со бактериите, отколку оние гранулоцити пред почетокот на експериментот.

Исто така, кај луѓето волонтери, прекумерната количина на консумирана сол резултирала и со зголемени нивоа на глукокортикоиди. Дека ова го намалува имуниот одговор не е изненадување. Најдобро познатиот глукокортикоид, кортизонот, најчесто се користи за супресирање на воспаленија.

Според проф. Д-р Кристиан Курц од институтот за експериментална имунологија при Универзитетот од Бон, биолошките механизми според кои се одвиваат имуносупресирачките ефекти на солта, не се целосно познати и треба да се истражува уште доста во таа насока. Исто така, за него, овие резултати не биле баш очекувани, бидејќи претходните студии дури воделе во спротивната насока.

На пример, инфекциите на кожата предизвикани од некои типови на паразити кај експерименталните животни биле побрзо надминувани кај оние субјекти кои имале исхрана богата со сол. Откриено било дека макрофагите, имуни клетки кои ги напаѓаат и ,,јадат” паразитите предизвикувачи на инфекцијата, се особено активни во присуство на сол. Така, заклучокот од студијата бил дека солта може да делува имуностимулирачки.

Зошто имуностимулирачкото дејство се случува само кај кожата?

Студијата од Бон покажува дека генерализацијата на имуностимулирачкото дејство на солта е сосема погрешна. Имено, тоа е така поради две причини:

1) Прво, телото ја задржува на одредено оптимално ниво концентрацијата на солта во крвта и повеќето органи, бидејќи во спротивно многу важни биолошки процеси би биле попречени од неа. Значи, ако е во поголем вишок, телото се обидува да ја отстрани солта преку бубрезите и преку потењето.

2) Кожата служи како резервоар на сол. Таа е единствен исклучок, единствен орган каде телото може да си дозволи да ја има солта во вишок. Ова се смета и за причина зошто поголемите количества на сол можат да бидат од помош кај кожните инфекции.

Извор: https://www.uni-bonn.de/news/076-2020

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор