fbpx

Зошто е важно да се сончаме во зимските денови?

tonus

Иако се наближуваме до пролетните денови, зимата се уште можеме да ја почувствуваме, особено преку помалата изложеност на сончевите зраци. Нашата држава има умерен број на сончеви денови во зимскиот период, па можеби затоа секој од нив треба да го искористиме малку повеќе и да практикуваме барем кратка, умерена изложеност на зимското сонце. Инаку, постојат повеќе различни придобивки кога сме изложени на сончевите зраци, особено во зима. Неколку од нив ќе бидат тема на денешната статија и ќе ги издвоиме во продолжение.

Што претставуваат сончевите, односно УВ зраците?

УВ (ултравиолетово) зрачење претставува дел од природната енергија на сончевите зраци. Во електромагнетниот спектар, УВ светлината има пониски бранови должини  отколку видливата светлина, па така овие зраци се невидливи за нашите очи.

Постојат два вида на УВ зраци, а прекумерната изложеност и на двата е потврдено од науката како ризик фактор за појава на ракот на кожа.

"“Online”/

 

  • УВА (ултравиолетови А) – зраци со подолга бранова должина и се главно асоцирани со стареењето на кожата. Тие ја пенетрираат кожата подлабоко. Тие исто така може да ги пенетрираат облаците и прозорците.

 

  • УВБ (ултравиолетови Б) – зраци со пократка бранова должина и се асоцирани со изгореници (горење) на кожата. Тие делуваат врз првите, надворешни делови на кожата. Ознаката SPF (sun protection factor) која е напишана на повеќето креми за заштита од сонце, е всушност ознака која дава објаснување колку долго нашата кожа е заштитена од УВБ зраците, при изложеност на сонце. УВБ зраците полесно се филтрираат и тие не ги пенетрираат прозорците.

 

Често во временските прогнози или на интернет, се среќаваме и со изразот УВ индекс. Тој претставува интернационален стандардизиран начин за мерење и соопштување на моќта (во поглед на изгореници на кожата) која ја имаат УВ зраците на одредено место и во одредено време. Скалата се движи од 1 до над 11, а повисока вредност значи и поголема моќност.

Како влијаат УВ зраците на нашата кожа?

Иако согледавме дека УВА и УВБ зраците имаат различен ефект врз нашата кожа, двата типа се потенцијално штетни и опасни по здравјето на кожата. Прекумерната изложенос на сонце, односно на ваквите зраци, без соодветна заштита, може да доведе до генетски промени или мутации кои се всушност причина за појава на ракот на кожата. Покрај тоа, УВ зраците, особено УВА имаат сериозен ефект врз предвременото стареење на кожата.

УВ изложеноста која довела до изгореници на кожата го зголемува ризикот за појава на меланом – најсериозниот и најопасен облик од трие типови на рак на кожа. Се проценува дека повеќето случаи на немеланомен и голем дел од меланомниот рак на кожата е поради изложеноста на УВ зраци.

Исто така, УВ изложеноста е кумулативна, што значи дека честа изложеност го зголемува ризикот од појава на заболувања на кожата со текот на времето. Телото има начини како да репарира дел од оштетената ДНК во клетките, но доколку оштетувањето е посериозно, механизмите за репарација се недоволно ефективни, а тоа може да доведе до појава на рак.

Ризикот од изложеноста на УВ зраци во зимскиот период

За време на зимскиот период, УВ зраците имаат помала моќ и земјината атмосфера го филтрира поголемиот дел од нив. Но, сепак, во чистите и ведри зимски денови, сонцето со своите УВ зраци може да предизвика одредено оштетување на вашата кожа. Ризикот за ова е особено нагласен за лицата со посветол тен и за сончањето на повисоките (планински) места. Колку е поголема надморската висина, толку УВ зраците се посилни. Затоа е многу важно да се употребува некаков вид на заштита – крема, лосион, спреј, кога сме на планинско место. Дополнително, снегот рефлектира и до 80% од УВ зраците, со што се зголемува ризикот од изгореници.

Исто така, како што се наближуваме кон пролетните денови, УВ индексот полека но сигурно се зголемува. Затоа е особено важно да се внимава при подолга изложеност на сончевите зраци, особено во претстојниот период.

Позитивни ефекти од изложувањето на сонце во зима

Откако ги споменавме можните несакани ефекти, сепак треба да нагласиме дека умерена изложеност на сонце е особено корисна и препорачлива, особено во зимскиот период. Облачното и сиво време може навистина негативно да влијае како на здравјето така и на расположението. Сонцето има интересен ефект во зимскиот период и истото ги мотивира луѓето да направат мала прошетка, да се видат со своите пријатели, да го посетат најблискиот парк и сл. Покрај ваквото позитивно влијание на менталното здравје, сонцето може да даде и други бенефити, како што се:

  • Подобрување и зајакнување на имуниот систем – едно истражување покажало дека изложеноста на сончеви зраци ја зголемува мобилноста и бројот на имуните клетки во организмот. На овој начин се подобрува и зајакнува имуниот одговор на телото кон разни инфекции. Покрај тоа, добро познато е дека сончевите зраци се неопходни за создавање на витаминот Д, кој дополнително го зајакнува и подобрува имунитетот.

 

  • Го подобрува расположението – умерена и блага депресија е честа појава во зимскиот период. Со изложеноста на сончеви зраци, нашиот мозок испраќа сигнали со чија помош се излачуваат одредени хормони во организмот кои го подобруваат нашето расположение. Исто така, сонцето може да го подобри и нашето ниво на енергија, фокусираност и концетрација.

 

  • Подобар квалитет на спиење – циркадниот ритам кој го контролира ритамот на спиење е силно зависен од изложеноста на светлина. Во тој поглед, сончевите зраци може да помогнат да бидеме фокусирани и енергични во текот на денот, а да имаме поголема желба и потреба од сон во ноќните часови. Всушност, преку поголема изложеност на светлина во текот на денот, телото ќе продуцира повеќе мелатонин – хормонот заслужен за чувството на поспаност, во текот на ноќта.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор