fbpx

ТИНЕЈЏЕРСКИТЕ ГОДИНИ – период кога особено треба да се придаде значење на СПИЕЊЕТО!

tonus

Спиењето е неопходна човечка потреба, која нажалост често се занемарува и потценува и неретко се случува да се „жртвува“ со цел завршување на некоја обврска, задача, работа и сл. Квалитетниот и редовен сон е клучен за нашето целокупно здравјефизичко и ментално. Дополнително, тој го одржува и зајакнува нашиот имунитет, допринесува за подобро расположение, енергичност, но е и неопходен период кога сите ткива во нашето тело се репарираат. возрасната популација, а на децата им е потребно значително повеќе сон. Токму на оваа тема, спиењето кај децата, ќе зборуваме малку повеќе во оваа денешна статија.

Зошто е важен сонот за нашето здравје?

Проценките се дека приближно една третина од нашиот живот ќе го поминеме спиејќи. Тоа значи дека сонот е голем, незаменлив дел од нашиот живот, а тоа е така со причина. Во нашето тело постои внатрешен биолошки часовник или т.н циркадичен ритам. Ваквиот ритам претставува збир на физички и ментални промени, како и промени во однесувањето, кои го следат 24 – часовниот циклус на денот. Овие природни промени во телото главно се придвижувани од светлината, односно од денот и ноќта. При крајот на денот и почетокот на ноќта, телото започнува со лачење на хормонот мелатонин кој нè прави да се чувствуваме поспано и помага при одржување на ваквата поспаност низ целата ноќ. Спиењето е инаку период во кој се одвиваат огромен број на различни регенеративни процеси во организмот. Ткивата заздравуваат, мозокот ги обработува и складира новите информации, а се исфрлаат и сите штетнни, непосакувани продукти. Невроните комуницираат и се реорганизираат, со што се одржува здрава и оптимална функција на мозокот. За време на спиењето се репарираат и нашите мускулни ткива, се создаваат хормони и се обновува нивото на енергија.

Квалитетниот сон во текот на ноќта ни овозможува нормално функционирање наредниот ден, контрола на нашиот метаболизам и телесна тежина, добро расположение, го намалува ризикот за појава на разни заболувања и сл.

"“Online”/

Кои се општите препораки за времетраењето на сонот?

Општо усвоените препораки за број на часови кои треба да ги отспиеме секоја ноќ, во зависност од возраста се:

  • Новороденчиња (0-3 месеци): 14-17 часа дневно
  • Доенчиња (4-12 месеци): 12-16 часа дневно (заедно со дремки)
  • Мали деца (1-2 години): 11-14 часа дневно (заедно со дремки)
  • Деца од предучилишна возраст (3-5 години): 10-13 часа дневно (заедно со дремки)
  • Деца кои одат во училиште (6-12 години): 9-12 часа дневно
  • Тинејџери (13-18 години): 8-10 часа дневно
  • Возрасни (18-65 години): 7-9 часа дневно
  • Лица над 65 години: 7-8 часа дневно

Овие препораки се општи и секако постојат лица кои се исклучок од нив и имаат потреба за повеќе или помалку од овие препишани часови. Меѓутоа, иако постојат исклучоци за овие препораки, голем дел од општата популација се смета дека има дефицит од спиење. Според некои проценки, се смета дека 50-70 милиони жители во САД имаат недостаток од сон поради некаква причина. Дури 35,2% од возрасните лица во САД, пријавуваат дека спијат помалку од препорачаниот минимум од 7 часа во текот на денот.

Ваквите бројки покажуваат всушност колку често се потценува и занемарува спиењето. Затоа, не треба да дозволиме обврските и секојдневните проблеми да ни го попречат и одземат времето кое ни е потребно за одмор.

Какви потреби за сон имаат тинејџерите?

Една студија ги проучувала специфичните навики и потреби за сон на тинејџерите. Во студијата биле вклучени 10,11 и 12 годишни деца, а нивните навики за спиење биле следени во летниот период, повеќе години по ред. Целта била, во летниот период децата да се соберат во еден вид на камп, каде ќе имаат активности преку ден, а навечер ќе биде мерен и анализиран нивниот сон. На овој начин, преку повеќе годишни резултати, научниците може да добијат увид во промените кои се јавуваат кај адолесцентите во поглед на спиењето.

На почетокот на студијата, децата спиеле во просек околу 10 часа, а тинејџерите околу 9,25 часа. Но, интересно и доста изненадувачки за научниците било што како поминувале годините, потребата за сон кај децата не се намалила, туку или останала иста или се зголемила. Во текот на студијата, децата спиеле ист број на часови, но и како што старееле се буделе потешко и им било потребно повеќе време за да се расонат. Ваквите резултати научниците велат дека дополнително ја нагласуваат потребата од континуиран, квалитетен и долг сон, особено низ тинејџерските години.

Сонот е неопходно гориво за мозокот на младите

Во една друга студија, истите научници откриле дека доколку им се даде неограничено време за спиење, тинејџерите можат без проблем да спијат и до над 10-11 часа, без никаков проблем. Ова било силен доказ за научниците дека кај овие тинејџери постоело претходен, значителен дефицит од сон. Добро е познато дека телото и мозокот минуваат низ сериозни промени низ адолесцентноста, а голем дел од ваквите промени се одвиваат додека спиеме. Телото на тинејџерите извршува огромен број на процеси за време на спиењето, каде се создаваат низа на соединенија кои го придвижуваат процесот на раст и развиток. Затоа, научниците потенцираат дека тинејџерските години се исклучително важни за развојот на мозокот и телото кај децата, а тоа мора да биде пропратено со здрави и соодветни навики за спиење.

Нажалост, голем број истражувања и статистики покажуваат дека адолесцентите немаат доволно сон и дека обврските од училиште, технологијата, пристапот до интернет, гледањето телевизија – се дел од причините кои допринесуваат за ваквиот дефицит.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор