fbpx

Истражување: ДЛАБОКИОТ СОН е еден вид „СПАСИТЕЛ“ на меморијата!

tonus

Спиењето е основна човекова потреба и истото има ефект врз нашето целокупно здравје. Во изминати статии имаме зборувано за фазите на спиење, науката позади нив и нивните ефекти. Во тој поглед, денес ќе се задржиме на т.н фаза на длабок сон и ќе зборуваме малку повеќе за поврзаноста меѓу оваа фаза и ризикот за појава на Алцхајмерова болест.

 

Зошто фазата на длабок сон е важна?

Оваа фаза, исто наречена и фаза на бавни бранови, е важен и клучен дел од спиењето кој е заслужен за оптимална и соодветна функција на мозокот и на меморијата. Ваквата фаза е т.н и не-РЕМ фаза и спаѓа во истата категорија како и првите две фази. Се смета дека во првиот дел од ноќта, ваквата фаза на длабок сон се одвива во подолги периоди. Пулсот и ритамот на дишење се најмирни и најбавни за време на оваа фаза. Сите мускули на телото се многу опуштени и електричните импулси во мозокот дополнително се успоруваат. Како што споменавме, луѓето е тешко да се разбудат од оваа фаза и доколку некој месечари, најверојатно во моментот протекува фазата на длабок сон.

За сите бенефити кои ги пружа спиењето, неопходно е протекување на сите фази. Фазата на длабок сон се смета за исклучително важна и неопходна за складирање и сортирање на сеќавањата, како и за подобрена способност за складирање и менаџирање на нови информации. Оваа фаза исто така му овозможува на мозокот да се одмори и да ги обнови своите резерви со енергија (во форма на глукоза) за денот што претстои.

"“Online”/

Во овој стадиум од спиењето доаѓа и до балансирање и урамнотежување на хормоните во телото. Хипофизата (мала жлезда во телото) го лачи хормонот за раст, кој помага на ткивата и клетките да растат и да се обноват.

 

Истражување: длабоката фаза од спиењето го намалува ризикот од појава на Алцхајмерова болест 

Ваквото ново истражување ја проучувало поврзаноста меѓу фазата на длабок сон и соединение наречено бета-амилоид. Бета-амилоид е соединение, протеин, кое моментално се смета за еден од главните ризик фактори за појава на Алцхајмерова болест. Лицата кои имаат големи концентрации од ова соединение во мозокот се смета дека имаат далеку поголем ризик за појава на Алцхајмерова болест. Покрај овој протеин и „тау“ протеинот се поврзува со влошена меморија и когнитивно ослабени функции. Меѓутоа, истражувачите откриле дека не секој со високи нивоа на овие протеини има влошени когнитивни функции, конкретно – влошена меморија. Кај некои лица, постојат одредени фактори, научниците ги нарекле „когнитивни резерви“ каде меморијата и здравјето на мозокот и неговата способност за извршување на разни функции е во добра состојба и покрај високите нивоа на овие протеини. 

 

Резултати од студијата

Во ова истражување биле вклучени 62 постари здрави лица кај кои не била дијагностицирана деменција. Половина од нив имале високи нивоа на бета-амилоид, а другата половина имала ниски нивоа. За време на истражувањето, на испитаниците им било следено спиењето, поконкретно биле мониторирани т.н „бранови на спиење“ – сигнали во мозокот кои се присутни кога спиеме. При будење, испитаниците требале да завршат задача која ја тестирала нивната меморија

Резултатите покажале дека оние кои имале повисоки нивоа на бета-амилоид протеинот, а притоа спиеле подолг период во „длабок сон“, имале подобри резултати на тестот за меморија. Научниците констатирале дека длабокиот сон е еден вид на „спасител“ на меморијата. Колку повеќе време поминуваме во оваа фаза од сонот, толку се подобри и поголеми придобивките за нашата меморија. 

Со овие резултати се потврдува неопходноста и важноста од квалитетен, редовен сон, особено во поглед на одржување на когнитивните функции.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор