fbpx

Редовното ВЕЖБАЊЕ е ОДЛИЧНО за СЕЧИЕ СРЦЕ, а посебно за оние со ДЕПРЕСИЈА и АНКСИОЗНОСТ! – НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ

tonus

Сите сме свесни дека редовното практикување на физичка активност според препораките (на пример околу 10 илјади чекори за пешачењето на ден), се поврзува со намален ризик од кардиоваскуларни проблеми кај секој поединец.

Интересно, едно истражување со над 50 илјади пациенти со или без срцеви заболувања (и различни ризик фактори за нив), укажува дека редовната физичка активност има уште повидлив позитивен ефект, односно е поефикасна по здравјето, кај лицата што страдаат од депресија или анксиозност.

[Поврзано: Депресијата НЕ Е обична тага!]

Вежбањето е здраво за секого, но посебно за лицата што страдаат од депресија

Имено, волонтерите биле следени во текот на речиси 2 години, а заклучокот се движел во следната насока: испитаниците што страдале од анксиозност или депресија, имале двојно подобар ефект од активноста, во споредба со останатите.

Податоците покажуваат дека волонтерите со анксиозност и депресија имаат за 22% помал ризик од компликации или смртен исход од инаку доста честите кардиоваскуларни заболувања. Намалувањето на ризикот кај останатите лица бил 10%.

"“Online”/

Исклучително значајни податоци

Ваквите информации се од голема важност за земјите како Македонија, имајќи предвид дека кај нас срцевите заболувања се ,,убиец” број еден.

Сознанијата добиени од вакви студии треба да го охрабрат населението повеќе да вежба, не само заради помош при третирањето, туку и за превенција од најчестите ментални нарушувања.

Анксиозноста и депресијата се особено чести помеѓу денешната популација. Тоа важи и за кај нас, но и во светски рамки. Се проценува дека кај лицата со срцеви болести, ваквите нарушувања се особено чести – кај 15% до 30% од нив.

Затоа, лекарите препорачуваат дури и ,,скрининг” кај лицата со кардиоваскуларни проблеми, односно едноставен прашалник за нивната ментална состојба: како стојат со енергетските нивоа, со самодовербата, како се справуваат со стресот и слично. Задачата на докторите е да ги направат пациетите, па и општата популација, свесни за силната поврзаност помеѓу депресивноста и срцевите заболувања.

[Поврзано: Како да препознаете прекумерен СТРЕС на работното место?]

Нешто повеќе за истражувањето

Студијата се надоврзува на 2 претходни, користејќи и веќе добиени податоци од нив.

Во првото истражување, се покажало дека вежбањето ја намалува нервната активност поврзана со стресот, главно преку одредено влијание (регулација) на активноста на делот од мозокот наречен префронтален кортекст. 

Второто истражување всушност покажува дека претходно споменатиот механизам објаснува 7% од кардиоваскуларните бенефити на вежбањето.

Имајќи ги предвид овие откритија, сосема логично се поставило прашањето: Дали оние што страдаат од честите ментални нарушувања, би имале и поголем бенефит од редовната активност?

Токму тоа било хипотезата што се докажала во финалното истражување.
Не само што овие лица можат да си го подобрат расположението – што е од исклучителна важност при нарушувања како анксиозност и депресија – дополнително можат значително да си го намалат ризикот од срцеви болест (за двапати повеќе од остантите).

[Поврзано: Нездравата храна може да влијае лоши и на расположението

Извор:

CARDIOVASCULAR BENEFIT OF EXERCISE IS GREATER IN THOSE WITH ANXIETY AND DEPRESSION

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор