fbpx

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ – како ВИСЦЕРАЛНОТО масно ткиво влијае на ризикот за појава на ДИЈАБЕТ?

tonus

Се проценува дека на глобално ниво, секој единаесетти човек страда од дијабет. Дополнително загрижувачки е што ваквата енормна бројка е во постепен раст. Секоја година бројот на дијабетичари се зголемува и може да се каже дека дијабетот е една од посериозните болести на денешницата. Постојат бројни фактори кои се заслужни за појавата на дијабетот, меѓу кои е и генетиката, но секако не можеме да го исклучиме и нашиот начин на живот како фактор.

Токму начинот на живот може да е заслужен за појава на одредени ризик фактори за дијабет. Имено, телесната тежина е еден од главните ризици, но нови истражувања покажуваат дека висцералното масно ткиво е подеднаков, ако не и поголем ризик фактор за појава на дијабет.

Што претставува дијабетот?

Дијабетот претставува состојба кога телото неправилно ја искористува и се справува со глукозата која е присутна во крвта. Ова најчесто е поради недоволно количество или поради не ефективност на хормонот – инсулин. Тој е одговорен за правилно регулирање и искористување на глукозата од крвта. Со негова помош таа успешно навлегува во клетките каде се искористува како извор на енергија.

"“Online”/

Постојат повеќе типови на дијабет – тип 1, тип 2, преддијабетна состојба, како и гестационален дијабет. Ризик факторите се бројни, но најчестите се: генетски, прекумерна телесна тежина, возраста, слаба физичка активност, останати здравствени состојби (хипертензија, покачен холестерол, покачени триглицериди), бременост и сл.

Без разлика на типот на дијабет, постојат лекарства, но и промени во нашите навики и начин на живот кои може да помогнат при контролирање, па дури и подобрување на состојбата. Една од промените е регулирање на телесната тежина, а едно ново истражување вели дека и намалувањето на висцералните масти има значителен допринос кон подобрување на дијабетната состојба.

Имено, постојат повеќе типови на масно ткиво и не сите се еднакви. Во најголемиот дел од телото, постои слој на масно ткиво што лежи веднаш под кожата и е наречен поткожно масно ткиво. Но, околу стомакот, масното ткиво е наречено висцерално и тоа се таложи и акумулира подлабоко и во просторот околу стомакот и околните внатрешни органи. Овој тип на масно ткиво може да создаде штетни соединенија, првенствено цитокини кои ги зголемуваат шансите за срцеви заболувања, но може и да ја намалат чувствителноста на телото кон инсулинот. На тој начин се зголемува и ризикот од појава на дијабет.

Истражување – што е поголем ризик, телесната тежина или висцералните масни наслаги?

Станува збор за мала студија која вклучила испитаници со тип 2 дијабет и испитаници без дијабет, со просечна возраст од 58 години. Тие имале BMI (Body mass index) од околу 24,5. Инаку BMI претставува мерка кој ја зема во предвид висината и тежината на луѓето. На тој начин, се пресметува дали таа тежина е прекумерна за нивната висина. Ова е доста општ начин за проценка на телесната тежина и за нејзина евентуална прекумерност. Средната вредност од 24,5 кои ја имале испитаниците во ова истражување, припаѓа во границите на нормална телесна тежина. Сите испитаници се придржувале до нискокалорична исхрана во период од 2 недели, а потоа имале исхрана за да ја одржат новата тежина – во период од 4-6 недели. Ваквиот циклус го повториле 2-3 пати и на крајот испитаниците имале помала телесна тежина за околу 10-15%. Пред започнувањето, во текот на и по истекот на ваквиот режим, биле мерени нивоата на инсулин и висцерално масно ткиво кај испитаниците.

На крајот од студијата, групата со дијабет изгубила речиси дупло повеќе висцерално масно ткиво, во споредба со групата од испитаници кои немаат дијабет. Кај дијабетичарите, мастите во панкреасот се намалиле од 5,1% до 4,5%. Исто така, вредностите за триглицеридите кај нив опаднале значително. Исклучително важно е тоа што две третини или 66% од дијабетичарите во истражувањето можеле да прекинат со земање на лекарствата бидејќи дошло до ремисија на нивната дијабетна состојба. Ваквите резултати покажуваат дека иако испитаниците имале релативно здрава телесна тежина, прекумерните наслаги од висцерално масно ткиво, се значителен ризик за појавата на дијабет. Тие не се само естетски масни наслаги, туку навлагаат и ги опфаќаат и внатрешните органи (црн дроб, панкреас итн.). Поради вишок на масно ткиво, нарушена е нормалната функција на инсулинот во црниот дроб, додека кај панкреасот, ваквото масно ткиво предизвикува намалено лачење на инсулин.

Научниците велат дека потребни се повеќе вакви студии, со повеќе испитаници, но се доста оптимистични дека резултатите ќе бидат реплицирани и дека овие резултати се доста значителни за разбирање и третирање на дијабетната состојба. Но, потребни се и други фактори што треба да се вклучат во ваквите студии, како возраст, пол, испитаници од различни етнички групи и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор