fbpx

АШВАГАНДА и нејзиниот т.н „адаптоген ефект“ – одлична за справување со СТРЕСОТ И АНКСИОЗНОСТА

tonus

Ашвагандата е билка која се користи илјадници години и чие име веќе е добро познато ширум светот. Таа е исклучително потентна и нуди низа на корисни здравствени придобивки, кои пак се поткрепени со научни студии. Еден од главните бенефити е нејзиното корисно и позитивно дејство при справување со стресот и анксиозноста, нешто за што ќе зборуваме подетално во оваа денешна статија.

Ашваганда – растение кое се употребува илјадници години

Ашвагандата е растение од семејството Solanaceae, поточно се работи за Withania somnifera. Расте во топлите краишта, а се смета дека потекнува од североисточните делови на Индија. Се нарекува уште и индиски женшен или зимска цреша. Најчесто се користи нејзиниот корен.

Ашвагандата е богата со низа компоненти кои можат на различни начини да делуваат позитивно врз здравјето на нашиот организам.

"“Online”/

Поседува антиоксидативни, антивоспалителни и антистресни својства, заради што се смета дека може да допринесе за подобро општо здравје и долговечност.

Според податоците на некои истражувања, ашвагандата покажала заштитен ефект од некои малигни заболувања, дијабет и невродегенеративните заболувања, како Алцхајмер и Паркинсон.

Дополнително, таа покажала и смирувачки ефект, како и одредена улога во балансирањето на повеќе важни хормони во човековиот организам.

Што значи терминот „адаптоген ефект“?

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“, во кои спаѓа и ашвагандата, се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Се смета дека тие регулираат одредени реакции во телото со што му помагаат истото да се доближи до некоја форма на рамнотежа и смиреност. Во тој поглед, Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

За некое растение да се смета за адаптогено, тоа мора да задоволни три различни критериуми:

  • Да нема токсично дејство кога се користи во препишаните, точно утврдени дози
  • Да му помага на организмот подобро да се справува со стрес
  • Да му овозможи на телото да се врати во одредена рамнотежа (хомеостаза)

Ашвагандата е докажан и потврден адаптоген и како таква може да помогне при секојдневната изложеност на стрес и анксиозност. Секако, таа не е трајно решение и наша задача е да пронајдеме соодветен начин за справување со стресот, особено долгорочно.

Денес, адаптогените билки се користат како додаток на исхраната (суплементи), најчесто како екстракти во форма на капсули или прав.

[Поврзано: Како стресот влијае на плодноста кај мажите и жените?]

Корисна при справувањето со стрес и анксиозност

Веќе споменавме, еден од најдобро проучените и познати ефекти на ашвагандата е оној на подобро справување со стресот и анксиозноста. Инаку, долгорочниот, хроничен стрес може сериозно да го загрози и влоши целокупното здравје. Повеќе за неговите ефекти може да прочитате тука.

Ашвагандата се смета дека директно влијае врз создавањето на одредени протеини и хормони (првенствено кортизол) и на тој начин го намалува штетното дејство на стресот. Исто така, таа се смета дека ја намалува активноста на одредени механизми кои се активираат во организмот при изложеноста на стрес. Во овој поглед, постојат голем број студии кои ги поткрепуваат ваквите информации.

Во една помала студија во која биле вклучени околу 60 испитаници, оние кои користеле суплемент од ашваганда во период од 8 недели, пријавиле намалено ниво на стрес, а кај нив било измерено и намалено ниво на кортизол – примарен стрес хормон. Дополнително, испитаниците пријавиле дека нивниот квалитет на спиење исто така бил подобрен, споредено со контролната, плацебо група.

Слични резултати покажала и уште една помала студија, каде испитаниците кои користеле суплемент од ашваганда (во количина од околу 240mg дневно) имале значително помала анксиозност.

Кога се користел во повисоки концентраии, како што бил случајот при едно истражување во кое биле вклучени 64 испитаници, екстрактот од ашваганда значително го намалил количеството на кортизол во крвта. Дополнително, не биле пријавени некои непосакувани ефекти од страна на учесниците во истражувањето.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор