fbpx

Хроничен СТРЕС и ДИЈАБЕТ – како се поврзани?

tonus

Стресот е неизбежен дел од секојдневието и нажалост никој не може да го избегне во целост. Сите се подложни на ситуации кои може да предизвикаат стрес и напнатост. Често луѓето се навикнуваат на ваквите проблеми, па често го игнорираат и занемаруваат хроничниот, долгорочен стрес на кој се изложени. Меѓутоа, добро е познато дека стресот може да предизвика низа на проблеми со здравјето, а денес ќе зборуваме малку повеќе за поврзаноста меѓу стресот и дијабетот.

 

Што претставува стресот и кои се неговите најчести симптоми?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото. Тој може сериозно да го наруши здравјето и да го зголеми ризикот за бројни заболувања.

"“Online”/

Стресот го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани. Хроничниот стрес може да доведе и до одредени промени во организмот, како: промен во централниот нервен систем, промени во ендокриниот систем (лачење на стрес хормони), промени во респираторниот и кардиоваскуларен систем (забрзано срцебиење и дишење), стегнатост во мускулите, проблеми со дигестијата, ослабнување на имуниот систем и сл.

Многу повеќе за ефектите на стресот, особено на хроничниот стрес – може да прочитате тука.

 

Поврзаноста меѓу стресот и дијабетот

Поврзаноста помеѓу стресот и дијабет е доста комплексна и индивидуална. Не секој ќе има идентично влијание од стресот, но во секој случај истиот е извор на зголемен ризик за појава на дијабет или пак за влошување на веќе постоечката состојба. Во голем број случаи и самиот дијабет е извор на стрес. Ова предизвикува лачење на стрес хормони – првенствено кортизол и адреналин. Ваквите хормони може да предизвикаат проблеми со функцијата на инсулинот – хормон кој има незаменлива улога при регулирање на нивото на глукоза во крвта. Доколку стресот е долгорочно присутен, тој може преку стрес хормоните да ја наруши целосно функцијата на инсулинот и да дојде до појавата наречена инсулинска резистентност. Тоа би значело дека инсулинот веќе не е доволно ефикасен за да ја регулира глукозата во крвта. Ова го зголемува ризикот за дополнителни компликации.

Некои студии ги поврзуваат и стресот, депресијата и анксиозноста со зголемување на ризикот за појава на дијабет тип 2. Зголеменото ниво на кортизол може да допринесе и кон зголемување на масните наслаги, особено во пределот на стомакот. Ваквото адипозно ткиво е особено штетно и го зголемува воспалението во организмот. Ваквиот домино ефект се одразува и врз инсулинот и контролата на глукозата во крвта.

Токму поради тоа неопходно е да се регулира и менаџира нивото на стрес. Во тој поглед постојат многу начини и методи кои можат да помогнат – практикување на хоби, вежби за правилно дишење, прошетки и редовна физичка активност, разговор со најблиските и сл. Повеќе околу методите за опуштање и релаксирање кои може да ве ослободат од насобраниот стрес може да најдете тука.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

Може ќе ве интересира

Програми

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор