fbpx

СТРЕС И ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК – каква е поврзаноста и кои се можните последици?

tonus

Добро ни е познато дека секојдневието со себе носи низа на разни предизвици, проблеми и ситуации кои може да предизвикаат некаква вознемиреност и стрес. Нажалост, ова е неизбежен дел на живеењето, но истиот не смееме да дозволиме целосно да го уништи или загрози нашето здрав је. Доколку не го контролираме и не се справуваме соодветно со стресот, истиот може да предизвика низа на проблеми и компликации. Токму поради тоа, денес ќе зборуваме малку повеќе за поврзаноста меѓу стресот и еден чест здравствен проблем на денешницата – покачениот крвен притисок.

Што претставува крвниот притисок и зошто доаѓа до негово покачување?

Пред да зборуваме исклучиво за стресот и крвниот притисиок, најпрвин накратко да објасниме што всушност претставува крвниот притисок. Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

  • Систолен или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолен или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

Висок крвен притисок или хипертензија, е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната.

Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

Какво е влијанието на стресот врз крвниот притисок?

Едно ново истражување објавено во журналот на Американската асоцијација за срцево здравје, покажува дека има директна поврзаност меѓу покачените нивоа на стрес хормони и зголемениот ризик за појава на хипертензија, како и други срцеви заболувања. Имено, телото има доста комплексен и сложен одговор кон стресот, а еден дел од таквата реакција е и лачењето на хормонот кортизол. Тој се излачува од надбубрежните жлезди и допринесува за зголемување на нивото на енергија и му помага на телото полесно да се справи со итни ситуации. Стресот е исто така причинител за создавање на катехоламини. Пример за вакви хормони се допаминот, епинерфинот и норепинерфинот (последните два се познати и како адреналин и норадреналин). Овие хормони имаат клучна улога при автоматската реакција наречена „борба или бегство“ (fight or flight). Ваквиот одговор или реакција на телото се смета за природна и автоматска , каде организмот се обидува да се заштити при загрозувачки ситуации. Се смета дека овој механизам потекнува уште од нашите далечни предци кога се соочувале со опасности во нивните живеалишта и околина.

Стрес хормоните – заслужни за покачување на притисокот

Стрес хормоните кои ги набројавме до сега се заслужни за повеќе промени во телото:

  • Предизвикуваат стегање и стеснување на крвните садови со што влијаат директно на крвниот притисок
  • Го забрзуваат пулсот и ја зголемуваат силата со која срцето ја испумпува крвта до останатите делови од телото
  • Ги опуштаат и релаксираат мускулите на дишните патишта
  • Го контролираат метаболизмот на глукоза (шеќерот во крвта)

Овие промени во телото се пожелни за итни и вонредни ситуации. Но, како што рековме, константниот и долгорочен стрес може да предизвика сериозни здравствени проблеми. Имено, хроничниот стрес може да допринесе кон покачен крвен притисок, со што се зголемува ризикот и за појава на срцев или мозочен удар.

Начини за справување со стресот кои ќе помогнат при контролирање на крвниот притисок

Како што споменавме, стресот е речиси невозможно во целост да го елиминираме, но постојат едноставни начини преку кои истиот можеме да го контролираме. Во продолжение ќе издвоиме дел од најдобрите:

  • Редовен и квалитетен сон – лошата хигиена на спиење може да влијае негативно на расположението, концентрацијата и менталното здравје, а со тоа и врз стресот. Затоа целете кон „добра хигиена на спиење“, што всушност подразбира – редовност во спиењето, спиење барем 7-9 часа во текот на ноќта и сл.
  • Техники за релаксирање – слушањето на релаксирачка музика, читање на книга, прошетка во природа или пак разговор со блиските може да има особено корисен ефект и да го намали нивото на стрес.
  • Планирајте и менаџирајте го времето – доста често стресот доаѓа како резултат на недоволно време или пак на голем број обврски. Поради тоа, навремено и соодветно менаџирање на времето може да значи и поголем период каде ќе можеме да се одмориме и опуштиме.
  • Грижете сe за себе – негата за самите себе може да делува особено релаксирачки и да допринесе кон чувство на опуштеност и благосостојба. Во тој поглед – уживањето во вкусен и здрав оброк, масажа, топла и релаксирачка бања или пак попладневна дремка – може да се покажат како активности кои навистина позитивно ќе ни влијаат и ќе го намалат нивото на стрес на кое сме биле изложени.
  • Редовна физичка активност – често опфатена област на нашиот портал – редовното раздвижување е докажано, една од најкорисните алатки за справување и елиминирање на стресот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор