fbpx

Како ПРИРОДНО да се справиме со СТРЕСОТ?

tonus

Свесни сме дека секојдневието со себе си носи голем број потешкотии, проблеми и предизвици. Тие често се рефлектираат и на нашето здравје и благосостојба, а еден од главните механизми и виновници за тоа е стресот. Тој се одразува и на ментално и физичко здравје на повеќе начини. Токму поради тоа, во продолжение ќе погледнеме неколку најдобри методи за намалување и регулирање на стресот. 

 

Зошто се јавува стресот?

Стресот се смета за нормална човечка реакција кон штетни и потенцијално опасни ситуации – без разлика дали се тие реални и навистина опасни или нашата перцепција за нив е едноставно таква. Изложувањето на ваква ситуација предизвикува бројни хемиски реакции во телото кои го подготвуваат истото да се бори или да ја избегне опасноста. Ваквата реакција е позната како „fight or flight“ или „бори се или побегни“. Тоа е автоматска човечка реацкија и била клучна за нашите предци и за нивниот опстанок. Стресот го зголемува пулсот, го забрзува дишењето, ги затега мускулите и го зголемува крвниот притисок. Телото на овој начин е подготвено да делува, односно да се одбрани.

Проблемот е што денес, ситуациите најчесто не се животно загрижувачки, односно изворот на стрес е често од безопасни извори. Сепак, перцепцијата за стресни ситуации е различна и индивидуална за секого. Нешто што е стресно за еден човек, може воопшто да не е за некој друг. Некои луѓе едноставно подобро се справуваат и функционираат со стресот.

"“Online”/

Понекогаш стресот во умерени дози може да делува и позитивно. Тој може да ни помогне да завршиме некоја важна задача со зголемена концентрација, фокусираност и прецизност. Но, долгорочниот – хроничен стрес има сосем поинакви ефекти врз телото.

 

Природни начини за контролирање и намалување на стресот

Постојат голем број природни решенија кои може да ни помогнат поздраво и подобро да се справуваме со стресот. Дел од нив се:

Одвоете време за опуштање

Најлесниот начин за справување со стресот е да одвоите време од денот за да се релаксирате, да практикувате некое хоби, да се социјализирате со најблиските и сл. Покрај тоа, вежби за правилно дишење, прошетки во природа или пак спортување во природа – се само дел од начините кои може да ви помогнат да се опуштите и навистина да го контролирате стресот. 

 

Физичка активност 

Покрај големиот број придобивки за нашето физичко и ментално здравје, физичката активност е еден од најефективните и наједноставни начини за намалување на нивото на стрес и кортизол (стрес хормон). Физичката активност може да биде од секаков тип – прошетка, возење велосипед, пливање, спортување, вежби со тежина, трчање и сл. Било кој тип на раздвижување, без разлика на интензитетот и времетраењето придонесува за намалување на стресот.

 

Квалитетен и редовен сон

Една од основните навики за намалување на нивото на стрес е практикување на редовен и квалитетен сон. Спиењето е клучно за нашето целокупно здравје, за одржување на оптимални нивоа на хормони, за нашиот имунитет итн. Без доволно сон, нивото на стрес хормоните природно се покачува, што може дополнително да ги влоши и нагласи несаканите симптоми на стрес, но и нивните штетни ефекти по здравјето. 

 

Внимавајте на исхраната

Исхраната може исто така да допринесе кон менаџирање на стресот. Таа директно или индиректно влијае на секој аспект од нашето здравје, а често се занемарува нејзиниот ефект на менталното здравје и на расположението. Со здрава и избалансирана исхрана може да се „избориме“ односно минимизираме штетните ефекти кои стресот ги има врз нашето тело. Во овој поглед, се препорачува зголемена употреба на: свежи намирници (овошје и зеленчук), полнозрнести житарки, риба, семиња, мешунки, пилешко и мисиркино месо, јаткасти плодови. Од друга страна, се препорачува да се лимитира внесот на: преработена и високо преработена храна, храна богата со додадени шеќери, пржена т.н брза храна, пијалоци со кофеин, алкохол и сл.

 

Користете природни – т.н „адаптогени“ билки

Супстанците со адаптогено својство или т.н „древни билки“ се користат ширум светот за нивното смирувачко и анти-стресно дејство. Покрај справувањето со стрес, тие може да помогнат и при анксиозност, замор и целокупно да ја подобрат нашата благосостојба. Како главен претставник на оваа група на растенија се смета ашвагандата, која е особено позната по ваквиот смирувачки, „анти-стрес“ ефект. Ашвагандата се смета дека има корисно и позитивно дејство врз ендокриниот, нервниот, имуниот и кардиоваскуларниот систем. Таа учествува во регулирање на метаболизмот и му помага на мозокот при изложеноста и одговорот кон некаква стресна ситуација. Дополнително, таа има антиоксидативно и анти-воспалително дејство, со што ги заштитува нашите клетки од оштетување кое може да биде особено нагласено при хроничен стрес.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор