fbpx

Мажите и жените различно реагираат на стресот + тест за проверка на вашето ниво на стрес

tonus

Стресот е неизоставна компонента на медицината на животниот стил. Ако нешто покажа науката за животниот стил, тоа е дека изминативе децении во голема мера ги потценивме исхраната и физичката неактивност. Но сосема извесно е дека влијанието на стресот е најпотценетата важна работа за нашето здравје, во комбинација со извонредното значење на редовниот и квалитетен сон.

 

Стресот е ,,замислен” да ни помогне, а не да ни наштети

 

Еволутивната смисла на стресот е сосема јасна: при ситуации на физичка загрозеност на нашето тело, организмот превзема чекори за да не подготви за соочување или бегање од опасноста (на пример, соочување со диво животно). Во кратки црти, биолошкиот механизам ,,бори се или бегаj” е контролиран од т.н. хормон на стресот – кортизол.

Но, што се случува во денешно, модерно време?

"“Online”/

Стресот во денешно време е еден од најголемите нарушувачи на квалитетот на живот. Предизвикан е од најразлични ситуации и состојби, а се дели на акутен и хроничен.

Иако повишената секреција на кортизол предизвикана од стрес е корисна на краток рок (природен механизам на телото за поуспешно справување со ,,итни” состојби), сепак постојано високите нивоа (дури и само не толку покачените) на овој т.н. стрес хормон, можат да предизвикаат најразлични проблеми, а притоа да покажат и одредени специфични симптоми. Модерното време се карактеризира со брз начин на живот, односно живеење со постојана изложеност на ,,стресори”.

Стресот не само што има силно влијание на менталното здравје, туку има и свои импликации врз физичкото здравје. Затоа е особено важно, пред сè, навремено да го препознаеме, а потоа и да му се спротивствиме соодветно според нашите предуслови.

[Поврзано: Како стресот ја зголемува телесната тежина и што можете да направите за да го спречите тоа?]

 


Истражувањата покажуваа различен ,,одговор” и влијание на стресот кај мажите и жените

 

На кој начин ќе ,,одговараме” на стресот во секојдневието зависи од навистина многу различни фактори (социјалниот фактор, личниот карактер, самиот вид на стресор итн.). Сепак, најверојатно ќе се изненадите кога ќе го прочитате следниот потврден фактор: полот.

Имено, утврдено е дека стресот различно делува кај мажите и кај жените. Ќе разгледаме неколку различни интересни студии што го потврдуваат ова.

 

Стресот ги прави жените поемпатични, а мажите антисоцијални, односно позатворени

 

Едно истражување од 2014 година се занимава со социјалните вештини што овозможуваат правилна проценка, емпатија и разбирање на туѓите емоции. Добиените резултати се навистина интересни – жените што се под стрес, покажуваат повисоко ниво на емпатичност и разбирање за другиот, во однос на жените што не се под хроничен стрес. Случајот бил сосема обратен кога станувало збор за мажите – оние под стрес имале понеразвиени социјални вештини што овозможуваат сочувство и разбирање за другиот.

Истражувачите заклучуваат – добиените резултати се силен индикатор дека стресот има просоцијална улога кај жените, а антисоцијална кај мажите.

 

Мажите соочени со стресот имаат тенденција да превземаат повеќе ,,ризични однесувања” во споредба со жените

 

Стресот влијае различно во однос на мажите и жените и на други начини.

Една студија од 2013 година вели дека, соочени со еден ист стресор, момчињата многу полесно превземаат ризици или постапки/начини на однесувања со неизвесен исход (финансиски, физички или емотивен), во однос на девојчињата. Повеќе научни истражувања покажуваат дека мажите се поподложни на консумирање на алкохол како резултат на стресот, во однос на жените.

[Поврзано: Животни навики – Алкохол]

 

Жените соочени со хроничен стрес, имаат поголем ризик од пост-трауматски стрес, во однос на мажите

 

Иако причините не се сосема познати, податоците од повеќе студии укажуваат на тоа дека жените се поподложни на PTSD, во однос на мажите.

На пример, една студија од 2016 година следела преживеани лица од силен земјотрес. Резултатите утврдиле дека жените покажуваат значително поголема тенденција за развивање PTSD во однос на мажите.

 

Стресот влијае на различен начин кај мажите и жените и на работното место

 

Повеќе истражувања покажуваат дека на слични работни места, соочени со ист стресор, жените се соочуваат со повисок степен на стрес во споредба со мажите. Дополнително, генерално земено, стресот на работното место влијае понегативно во однос на сатифакцијата од тоа работно место кај жените, отколку кај мажите.

[Поврзано: Како да препознаете прекуерен СТРЕС на работното место?]

Причините за добиените резултати од сите претходно наведени истражувања најверојатно во најголема мера се должат на бројните социјални, економски и културолошки разлики што се појавуваат помеѓу двата пола, на пример односот на надредените и колегите на работното место наспрема машките и женски лица.

 

Сепак, стресот е индивидуална работа

Сакате лесен и доверлив начин за да го утврдите своето ниво на стрес, следејќи ги сопствените симптоми?

Кликнете на следниот линк: Stress symptom checklist

Извор: The Anxiety and Phobia Wrokbook by Edmund J. Bourne, Ph.D.

 

Повеќе совети за справување со стресот, прочитајте во една од нашите претходни статии: Како да препознаете високи нивоа на КОРТИЗОЛ?

 

 

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор