fbpx

Што треба да знаете за познатиот засладувач СУКРАЛОЗА?

tonus

Често пати сме зборувале на тема дијабет, од различни аспекти. Денес, нешто повеќе околу една многу значајна тема за лицата со дијабет, но и за оние што сакаат да ги намалат килограмите од најразлични причини – користењето на засладувачи. Поконкретно ќе се осврнеме на сукралозата.

 

[Поврзано: Стевиа – 300 пати послатка од шеќерот!]

 

Што претставува сукралозата?


Сукралозата претставува вештачки засладувач синтетизиран од обичниот шеќер. Процесот на добивање се базира на повеќестепено хемиско процесирање на шеќерот во кое неговите три хидроксилни групи се заменуваат со три атоми на хлор. Всушност, се добива продукт кој е ослободен од калориите, но не и од вкусот на шеќерот.

"“Online”/

Што е важно да се нагласи? Дигестивните ензими не можат да го разградат овој ,,новодобиен” шеќер.

Првпат сукралозата е создадена во 1976-тата година и тоа без конкретна намера.

Сукралозата нема калориска вредност, но некои нејзини продукти (Спленда, еден од најпознатите светски вештачки засладувачи) содржат јаглехидрати (декстроза, малтодекстрин), што им дава одредена калориска вредност. На етикетите од прехранбените продукти можете да ја најдете под кодот Е955.

[Поврзано: Научете правилно да ја читате ЕТИКЕТАТА ЗА СОСТАВ на производите]

Како и да е, овие калории се помалку од оние на шеќерот, а дополнително на тоа, сукралозата не може да се користи во поголеми количини поради тоа што е од 400-1000 пати послатка од обичниот шеќер. Само неколку милиграми сукралоза се доволни за да се добие сладок чај или кафе.

Дополнително, сукралозата нема горчлив ,,завршен вкус” како повеќето други популарни засладувачи.

[Поврзано: Дали КАФЕАВИОТ шеќер е само обичен бел, но ОБОЕН шеќер?]

Сукралозата може да биде проблематична при печење

Значи, овој засладувач може да ни ја обезбеди слаткоста, без притоа да нè оптовари со калории или енергетска вредност.

Сукралозата е одобрена од релевантни здравствени институции, како FDA, за широка употреба во прехранбената индустрија. Сепак, поновите истражувања покажуваат дека на повисоки температури (како оние при печењето), сукралозата може да има интеракција со глицеролот, компонента присутна кај масните молекули, формирајќи токсични супстанции наречени хлоропропаноли. Тие можат да го зголемат ризикот од канцер.

Иако се потребни повеќе истражувања да се потврди ваквиот ефект, најдобро е сукралозата да не ја употребувате за продукти кои треба да подлежат на печење (температурен третман над 170 степени).

 

Дали сукралозата е безбедна за консумирање?



Над 100 студии за безбедност, во текот на над 20 години истражување, велат дека овој вештачки засладувач е безбеден за консумирање. Покрај американскиот FDА, ова е потврдено и од СЗО и европската ЕФСА.

Според FDA, дневната препорачана употреба на сукралозата треба да се движи до 5mg по килограм телесна тежина.

 

Дали е безбедна за деца, трудници и доилки?

 

Горенаведените здравствени институции ја одобруваат сукралозата и за употреба кај децата и бремените жени, во границите што претходно ги споменавме. Истражувањата велат дека метаболизмот на сукралозата не се очекува да биде поразличен кај децата, отколку кај возрасните лица.

 

Сепак, важно е да се каже дека за децата се препорачува консумирање на вода и свежо овошје, пред било какви сокови (или било каква засладена храна), без разлика дали се тие засладени со обичен шеќер или вештачки добиен засладувач.

[Поврзано: Зошто водата е подобра од било кој сок?]

 

Сукралоза и дијабет

 

Храната и пијалоците со сукралоза или оние во кои е додаден овој засладувач, често се препорачуваат за лицата со дијабет. Сукралозата може успешно да биде алтернативна на шеќерот и на продуктите во кои шеќерот е додаден.

Како што веќе рековме, овој засладувач ја има слаткоста на шеќерот, но без притоа да ни ги ослободи неговите калории.

 

[Поврзано: Што секој од нас треба да знае за дијабетот?]

 

Истражувањата велат дека сукралозата не го покачува крвниот шеќер, но има и неутрален ефект во однос на хемоглобинот А1С, инсулинот и глукозата при гладување. Сето ова може да придонесе за подобро менаџирање на ситуацијата со дијабетот.

 

[Поврзано: Како до подобра контрола кај дијабет?]

 

Сепак, експертите сугерираат дека вештачките засладувачи се најкорисни за лицата со дијабетични нарушувања кои претходно имале лоши навики во однос на засладувањето на оброците и слатката храна и тоа кога се употребуваат внимателно, односно во строго определени, препорачани количества.

 

Постојат и одредени помали истражувања според кои нередовната употреба сукралозата може да го покачи нивото на шеќер за 14% и на инсулин во крвта за 20%. Важно е да се нагласи дека ваквите студии не нудат причинско-последични објаснувања. Затоа, потребно е да се истражува повеќе на темата.

 

Сукралозата и микробиомот

 

Корисната цревна микрофлора е особено важна за целокупното здравје на човекот, а не само за дигестијата.

 

Добросостојбата во микробиомот поттикнува подобар имунитет и го намалува ризикот од бројни заболувања.

 

Одредени анимални истражувања утврдуваат негативен ефект од редовната употреба на сукралозата во однос на корисната цревна микрофлора – намален број на корисни бактерии. Сепак, потребни се клинички студии на животни и луѓе за да се потврди ваквиот ефект.

 

Дополнително, моментално не постои стандардизирана дефиниција за она што значи здрав човеков микробиом. Иако постојат одредени стандарди, споменатата дефиниција се менува во зависност од индивидуата.

 

Сукралозата не се метаболизира од цревната микрофлора и досега не се утврдени негативни здравствени импликации на гастроинтестиналниот тракт кај луѓето.

Сукралоза и слабеење



Продуктите и оброците засладени со ниско-калорични и бескалориски засладувачи, како што е сукралозата, можат да играат значајна улога во одржувањето на нормалната телесна тежина, но и во процесот на слабеење.

 

[Поврзано: Важни принципи на слабеење – Што треба, а што не треба да правиме?]

 

Истражувањата покажуваат дека дури 50% од испитаниците што успешно слабееле, редовно употребувале одредени ниско-калорични засладувачи; 78% oд овие испитаниците изјавиле дека користењето засладувачи значително им помогнало во контролата на целокупниот калориски внес во текот на денот.

 

Постојат и други обемни, релевантни студии кои укажуваат дека ниско-калориските и безкалориските засладувачи можат значително да го помогнат процесот на слабеење.

 

 

Kако краток заклучок

 

Ако ви се допаѓа вкусот на сукралозата и вашиот организам добро ја поднесува, можете слободно безбедно да ја употребувате, па дури и да имате некој од горенаведените бенефит од неа. Досегашните студии не утврдуваат  токсично дејство, но сепак бидете внимателни да не ја користите за печење, односно за готвење на високи температури.

Ако ви се појават проблеми со дигестијата, задолжително консултирајте се со вашиот лекар и намалете ги количествата сукралоза.

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор