fbpx

Здрави и вкусни супи од најкарактеристичната есенска намирница – ТИКВАТА!

tonus

Есента е во полн ек, а овој период е одличен за подготовка на голем број рецепти од свежи намирници бидејќи пазарите се особено богати со различни зеленчуци и овошја. Еден од нив е секако и тиквата, зеленчук кој има прилично карактеристична боја и форма. Тиквата е речиси синоним за есенскиот период, а истата е исклучително вкусна, здрава и достапна. Затоа, во продолжение издвојуваме два рецепти за подготовка на брза и нутритивна супа од тиква.

Тиквата – карактеристична за есента, колоритна, здрава и вкусна!

Тиквата се смета за зеленчук и припаѓа во истата група со краставиците, дињите, лубеницата итн. Вегетира во умерени климатски услови, па различните видови тикви се застапени и на нашите простори. Најчестите се оние со топчест облик и портокалова нијанса.

Освен специфичниот вкус и текстура, тиквата има да нѝ понуди импресивен хранлив состав, особено во поглед на микронутриентите.

"“Online”/

Тиквата е храна со ниска калориска, а особено висока хранлива вредност. Во 1 чаша тиква или околу 250g приготвена тиква (печена или варена), се содржат само околу 50 калории кои се добиваат од 13g јаглехидрати (3g фибер и 4g шеќери), 2g протеини и приближно 0g масти.

Кога станува збор за микронутритивната вредност, тиквата содржи навистина долга листа нутритиенти: витамин А, Ц, Е, низа витамини од Б групата (фолна киселина, витамин Б6 итн.), но и повеќе минерали: калиум, бакар, манган, железо, магнезиум, фосфор.

Тиквата е еден од најдобрите природни извори на каротеноидни антиоксиданти, особено на бета каротенот.

Тој е исклучително моќен антиоксидант кој всушност го дава и карактеристичното обојување на тиквата. Бета каротенот претставува провитамин А, односно телото има способност да го конвертира во витамин А.

Супа од тиква, сладок компир и морков

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 20 минути за подготовка и околу 75 минути за готвење, а истиот е доволен за околу 12 порции. За подготовка на оваа супа ќе ви биде потребен и блендер.

Потребни состојки:

  • Околу 1 килограм тиква, исецкана на помали парчиња
  • 1-2 главици кромид, исецкани
  • 5-6 чешниња лук, исецкани
  • 4 моркови, излупени и исецкани
  • 1 голем сладок компир, исецкан
  • Маслиново масло
  • Околу литар и половина растителен бујон
  • Сол, бибер и зачини по желба
  • Малку свеж магдонос

Подготовка:

  1. Во големо тенџере, ставете малку маслиново масло, а кога истото ќе се загрее додајте го кромидот. Гответе го околу 7-8 минути, а потоа додајте го лукот и гответе уште 2-3 минути.
  2. Потоа додајте ги и морковите и слаткиот компир, промешајте и оставете ги да се готват околу 5 минути.
  3. Додајте го растителниот бујон и тиквата. Промешајте и оставете течноста да зоврие. Потоа намалете ја температурата и оставете ги зеленчуците да се варат околу 30-45 минути, односно додека не омекнат.
  4. Потоа, тргнете го тенџерето од оган и оставете ја супата малку да се олади. Со помош на блендер, изблендирајте ја супата додека не добиете фина и кремава структура. Посолете и зачинете по желба.
  5. Послужете со парче интегрален леб и малку свеж магдонос за декорација.

Посна супа од тиква

За подготовка на овој рецепт ќе ви бидат потребни околу 50 минути, а истиот е доволен за околу 6 порции.

Потребни состојки:

  • Маслиново масло
  • 2 средно големи главици кромид, исецкани
  • 2 чешниња лук, исецкани
  • Малку доматно пире
  • Коријандер, кумин, сол и бибер
  • 1 шолја леќа
  • Околу половина килограм испасирана тиква
  • Околу 800ml растителен бујон
  • Малку сок од лимон
  • Малку песто сос, по желба

Подготовка:

  1. Во тенџере, загрејте малку маслиново масло, а потоа пропржете го кромидот неколку минути. Кога истиот малку ќе омекне, додајте го лукот, доматното пире и зачинете и посолете. Намалете ја температурата и гответе околу 5 минути, константно мешајќи.
  2. Потоа додајте ја леќата, пирето од тиква и бујонот. Фино промешајте и доведете ја супата до вриење. Гответе на таа температура околу 5 минути, а потоа намалете ја и гответе со капак (оставете мал отворен простор) околу 20-25 минути.
  3. Тргнете ја супата од оган и оставете ја малку да се олади. Потоа изблендирајте ја и повторно вратете ја да врие. Доколку е потребно додајте малку вода.
  4. Оставете ја ваквата густа супа да врие уште 5 минути, редовно мешајќи. Додадете сол и зачини по вкус и тргнете ја од оган. Кога истата малку ќе се олади, додајте сок од лимон и промешајте ја.
  5. Послужете со малку песто сос на врвот и парче леб на тост.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор