fbpx

3-ти Јуни – Светски ден на велосипедите! Зошто велосипедот е најдобро транспортно средство во градски услови?

tonus

Препознавајќи ја уникатноста, долгата традиција (над 200 години) и практичноста на велосипедот, на 17-ти април годинава, генералното собрание на Организацијата на обединетите нации прогласи ден за промоција на употребата на велосипедот – 3-ти Јуни.

 

Покрај низата здравствени бенефити, редовното користење на велосипедот како транспортно средство има и силни позитивни импликации на животната средина, но и позитивна социјална димензија – помалку издувни гасови, поефитин, а неретко и побрз транспорт!

 

Токму затоа и ние низ нашите статии често пати поттикнуваме луѓето да возат велосипед, како умерена, рекреативна физичка активност, што може многу лесно да се искористи и како практично, евтино, но и безбедно транспортно средство.

"“Online”/

 

Светската здравствена организација препорачува минимум 150 минути умерена физичка активност во текот на неделата. Возејќи велосипед, лесно можеме да ја постигнеме и надминеме ваквата граница.

 

 

Пандемијата – поттик за здрави навики

 

Како што насекаде во светот се олабавуваат рестриктивните мерки за заштита од корона вирусот, така животот сé повеќе се враќа во нормала. Тоа значи дека и одењето на работа и движењето низ градот се враќаат, а меѓу најважните алки во оваа смисла е јавниот транспорт.

[Поврано: Пандемијата како мотив за промена на навиките кон подобро]


Зголемената ,,зелена”
мобилност низ градовите, можеби уште една лекција на која нé научи корона пандемијата

Но, јавниот транспорт сè уште е ризично место каде што е поголема можноста за пренесување на вирусот, односно простор со голема концентрација на луѓе, но и многу мал и затворен простор. Ова дава уште една причина плус, зошто треба да се движиме пеш или со велисипед низ урбаните средини, па владите ширум светот веќе превземаат мерки со кои ги стимулираат граѓаните да возат повеќе велосипеди и да се движат пеш.

Тоа е случај и кај нас. Постојат субвенции за велосипеди, но сé поголема станува и инфраструктурата која им е неопходна на велосипедистите, па и за пешаците.

Во продолжение, се навраќаме на другите здравствени бенефити кои се значајно поврзани со умерената физичка активност кои уште еднаш ќе ве натераат да го извадите вашиот велосипедот од терасата/подрумот/гаражата.

 

1) Возењето велосипед е добро за здравјето на срцето

Една неодамнешна студија објавена во Medicine & Science in Sports & Exercise, ги следела активностите на над 1500 волонтери. Оние кои биле активни секојдневно, имале за 31% помала веројатност од развивање хипертензија(висок крвен притисок).

Возењето велосипед го зајакнува срцевиот мускул, го намалува пулсот при мирување и ги намалува маснотиите во крвта. Данска студија која траела 14 години за испитаници имала над 30 илјади луѓе, на возраст од 20 до 93 години. Генералниот заклучок на студијата бил дека велосипедирањето дефинитивно заштитува од повеќето кардиоваскуларни заболувања.


2) Умерена активност која е добра за зглобовите

Возењето велосипед е умерена активност која е лесна за зглобовите. Со седнувањето на велосипед, тежината ја ,,предаваме” главно на седиштето, додека при пешачењето и трчањето особено, тежината оди на нозете.

Експертите од областа на ортопедијата ја препорачуваат оваа активност за оние кои имаат некакви проблеми со зглобовите.

3) Велосипедирањето ги гради и затегнува мускулите

При возењето, во фазата на активно притискање врз педалите се употребуваат скоро сите мускули на нозете, а особено глутеусот од задникот, квадрицепсот од бутовите и мускулите на листовите. Во кратките одмори помеѓу вртењето се употребуваат тетивите зад коленото и оние кај бутовите и флексор мускулите на предниот дел од колковите.

Дополнително, се користат и абдоминалните, односно стомачните мускули за одржување на рамнотежа, а мускулите на рацете за контролирање на велосипедот.

 

4) Велосипедот е најеколошкото превозно средство

Секако, велосипедот се движи со нашата енергија, а не со онаа од некакви фосилни горива кои во атмосферата емитуваат стакленички гасови. Велосипедот најефективно ја користи вложената енергија, претставува еколошки прифатливо, одржливо решение за транспорт, а дополнително на тоа, ваквиот транспорт е особено евтин.

Според тоа, велосипедот е идеална замена за автомобилите и градскиот јавен транспорт. Освен тоа, возејќи велосипед, лесно ги избегнуваме гужвите што се формираат во одреден период од денот.

Тоа е уште една причина плус да возиме велосипед секогаш кога тоа е можно, а најдобро би било тоа да ни стане рутина, на пример да одиме на работа/факултет/пазар со него,  да стане дел од нашето секојдневието.

 

5) Помага при процесот на слабеење

Освен што не троши енергија која е штетна за околината, велосипедот ја троши нашата енергија која често ја имаме во вишок. Возењето велосипед се смета за умерена активност, а студиите покажуваат дека умерените активности делуваат подобро во однос на топењето маснотии, од поинтензивните физички активности.

Градењето на мускулите, што исто така се поттикнува со честото користење велосипед, исто така овозможува полесно согорување на калориите, дури и кога одмараме.

 

6) Активност која го подобрува балансот и координацијата

При возењето неопходно е постојаното држење на баланс, односно позиционираност и координација. Балансот се намалува со текот на стареењето и со неактивноста, па затоа оваа умерена активност е идална за негово задржување и во подоцнежните години, кога е многу важно заради избегнувањето на скршеници.

 

7) Подобрено ментално здравје

Возењето велосипед може да ги ублажи чувствата на стрес, депресија и анксиозност. Фокусирањето на патот додека возиме ни помага во развивањето на концентрација и свесност за сегашниот миг. Ова може да помогне да се оттргне фокусот од непријатните мисли и чувства.

Ако се чувствувате летаргично и без волја, обидете се да поминете некој километар со велосипед. Физичката активност предизвикува лачење на ендрофини, хормони кои помагаат да се чувствувате добро и да се намали стресот.

 

8) Одлична вежба за почетници

Возењето велосипед е умерена активност која не бара посебна физичка спремност. Тоа ја прави оваа активност погодна за секого – постари лица, деца, лица кои се опоравуваат од некакви оперативни зафати, хронично болни итн.

Поврзано: Како вашиот велосипед БУКВАЛНО ви го продолжува животот?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор