fbpx

Таратор во две варијанти

tonus

Искорисете го ваквиот период од годината и освежете ги вашите јадења со свежо подготвен таратор. Тој претставува една лесна и хранлива замена на било која салата, а може да се употреби како прилог на било кој ручек, но и на појадокот и вечерата.

 

Краставицата е една од намирниците со најмала калориска вредност. Покрај тоа, таа содржи низа на микронутриенти, што ја прави навистина густо-нутритивна. Од 150g краставици, покрај само 22kcal, добиваме и:

 

  • 0,2g маснотии
  • 5,5g јаглехидрати
  • 1g протеини
  • 1g растителни влакна
  • 7% од Дневно Препорачаниот Внес за витамин Ц
  • 31% од ДПВ за витамин К
  • 5% од ДПВ за магнезиум
  • 7% од ДПВ за калиум
  • 6% од ДПВ за манган

Таа во својот состав содржи дури 96% вода, а тоа ја прави исклучително освежителна и лесна за во топлите денови.

"“Online”/

 

Таратор со кисело млеко

 

Ваквиот рецепт за таратор е особено нутритивен, а сепак ниско калоричен. Урдата и киселото млеко се добар извор на протеини и минерали и го прават ваквиот таратор исклучително вкусен. Набројаните состојки се доволни за околу 4 лица.

 

Потребни состојки:

  • 2 средно големи краставици, исецкани на коцкички
  • Едно канче кравјо кисело млеко (400ml)
  • 150g урда
  • 4 чешниња лук, ситно исецкани
  • Магдонос, босилок, малку мешавина од зачини за тартар сос
  • Малку мелен црн бибер
  • Неколку капки маслиново масло за декорација

 

Начин на подготовка:

  1. Во голема здела ставете ги исецканите краставици, лук, кисело млеко и урдата. Фино промешајте (урдата треба да е фино распределена низ киселото млеко)
  2. Украсете со набројаните зачини и пропрскајте со малку маслиново масло.
  3. Послужете како прилог на некој оброк, или како ужина со потпечено парче интегрален леб.

 

Нутритивна вредност на 1 порција:

 

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
 120 9 9 6,5

Овој оброк ги содржи витамините од Б групата, како и витамините Ц, А и К. Исто така, се содржат минералите : калциум, магнезиум, фосфор, натриум, селен и калиум.

 

Таратор со павлака и ореви

 

Ова е слична верзија на претходниот рецепт, но киселото млеко и урдата се заменети со павлака. Оревите се додатен извор на здрави масти (особено на омега-3 масните киселини) и протеини,а даваат интересен, богат вкус на тараторот. Набројаните состојки се за околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

  • 2 средно големи краставици, исецкани на коцкички
  • 250-300ml павлака (пожелно е со помала масленост)
  • 30g ореви, ситно исецкани
  • 3-4 чешниња лук, ситно исецкани
  • Кари, куркума, оригано и мелен црн бибер како зачини
  • Малку маслиново масло и магдонос за декорација

 

Начин на подготовка:

  1. Во голема здела ставете ги исецканите краставици, лук, павлака и оревите. Фино промешајте, додека парчињата орев не се еднакво распределени низ смесата.
  2. Украсете со набројаните зачини и пропрскајте со малку маслиново масло.
  3. Послужете како прилог на некој оброк, или како ужина со интегрален крекер или двопек.

 

Нутритивна вредност на 1 порција:

 

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
 150 12,5 6 10

Овој оброк ги содржи витамините од Б групата, како и витамините Ц, А и К. Исто така, се содржат минералите : калциум, магнезиум, фосфор, натриум, селен и калиум.

Оревите исто така  допринесуваат за внес на голем процент од потребните омега-3 масни киселини.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор