fbpx

Интересен рецепт – Тава со ПРАЗ и ТИКВА!

tonus

Во својата сезона, секоја свежа храна поседува оптимални концентрации од своите најзначајни хранливи материи, како витамини, минерали, квалитетни јаглехидрати итн. Бидејќи созреале природно, свежите плодови имаат и посложен и побогат вкус – едноставно кажано, тие претставуваат нутритивно сконцентрирана храна, односно храна која е значајно да ја внесуваме редовно и во поголеми количини.

Затоа, купувањето сезонски намирници е особено важен дел од она што значи здрава исхрана и тоа од повеќе причини.

Исто така, во својата сезона, свежата храна има и најприфатлива, најдостапна цена. Дополнително, сезонските намирници најчесто речиси и да немаат пестициди и конзерванси, така што ќе го минимизирате внесот на овие штетни хемикалии.

"“Online”/

Рецептот кој денес ви го предлагаме, ги користи токму оние зеленчуци кои во претстојниот период се’ почесто ќе можеме да ги најдеме на пазарите. Тикватапразоткомпиритеморковите и печурките заедно прават вкусна и нутритивна опција за ручек или вечера, кога студените денови се на прагот.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • 1 супена лажица ладно цедено маслиново масло
  • 3 големи чешниња лук
  • 1 среден страк праз, исечен на крупни полу-кругови
  • 300g шампињони или некоја друга печурка по ваш избор, исецкани на мали парчиња
  • 500ml соја млеко (или друго растително млеко)
  • 1kg компири, неизлупени и исецкани на мали парчиња со големина на залак
  • 700g мускатна тиква, излупена и со извадени семки, исецкана на мали коцки
  • 2 големи моркови, исецкани на тенки полу-кругови
  • 2 кафени лажички морска сол
  • 1 кафена лажичка свеж или сув рузмарин
  • 1 кафена лажичка свеж или сув босилек
  • 1 ловоров лист

Начин на подготовка:

  1. Пред да почнете со готвење, вклучете ја рерната да се загрее на 200°С.
  2. На силен огaн, во едно големо тенџере или тавче со капак ставете 1 супена лажица маслиново масло и додадете ги двете големи чешниња лук. Потоа следат празот, сецканите печурки и тиквата. Сите овие состојки убаво промешајте ги и додадете 1 кафена лажичка морска сол.
  3. Потоа, додадете ги ситно сецканите компири и моркови, повторно посолете, па додадете ги сите билки и повторно промешајте. Поклопете го тенџерето со капак и оставете го зеленчукот да се готви околу 10-тина минути, но повремено промешувајте за да не ви се залепат состојките на дното.
  4. По 10-тина минути, почнете со додавање на овесното млеко, по околу 150ml на секои 2 минути. Додека го додавате млекото, потребно е постојано да мешате.
  5. Проверете дали морковот и тиквата се доволно омекнати. Ако се, промешајте уште еднаш, па тргнете го капакот на страна и префрлете го тавчето директно во претходно загреаната рерна. Печете го зеленчукот 10 минути.
  • Овој рецепт прави 3 порции.

Нутритивна вредност на 1 порција:

КалорииЈаглехидрати [g]Протеини [g]Масти [g]
 450 80 (13g фибер)18g 8g

Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамин А, витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б6, Б9) и витамин Ц, потоа бакар, железо, манган, фосфор, калиум, цинк, магнезиум.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор