fbpx

Зошто ПОКАЧЕНАТА ТЕЖИНА е особено проблематична и ризична за ПОВОЗРАСНИТЕ?

tonus

Покачената телесна тежина е проблематична за секого, но особено може да предизвика проблеми по здравјето кај повозрасните. Во продолжение ќе зборуваме токму за ова – зошто покачувањето на тежината е проблематично кај повозрасните и кои здравствени предизвици и можни проблеми се нагласени поради оваа состојба.

 

Покачената тежина – една од најчестите здравствени состојби на денешницата

Прекумерната тежина е дефинирана како состојба кога телото има абнормални, односно прекумерни резерви и наслаги од масти. BMI (Body mass index) е еден начин на кој лесно може да се провери нашата моментална состојба во поглед на телесната тежина. Секако, поради својата едноставност, ваквиот метод е доста општ и не секогаш целосно прецизен и објективен.

Во светски рамки, САД е на првото место како држава со најголема гојазност. Но, се проценува дека во периодот од 1975 па до денес, на глобално ниво, прекумерната тежина кај популацијата е за три пати позастапена. Таа исто така претставува најпревентабилна причина за предвремена смртност. Истата е поврзана и со бројни други заболувања, како што се: дијабет, кардиоваскуларни заболувања, мозочен удар и др.

"“Online”/

Во 2016 година, повеќе од 1,9 милијарди возрасни луѓе (над 18 години) ширум светот, имале прекумерна тежина.

Загрижувачки е што ваквиот пораст е забележан и кај децата и тинејџерите. Едно истражување покажало дека гојазноста кај оваа група е зголема за 10 пати од 1975 година до денес. Во 2016 бројот на деца и тинејџери со прекумерна тежина бил 124 милиони, наспроти 11 милиони во 1975.

 

Зошто покачената тежина е особено проблематична и ризична кај повозрасните?

Кај повозрасните лица, дебелината го влошува ризикот од хронични состојби како што се дијабет тип 2, хипертензија, кардиоваскуларни заболувања, остеоартритис и одредени видови на рак. Акумулацијата на вишокот маснотии, особено висцералното масно ткиво, придонесува за метаболичка дисфункција, зголемувајќи ги шансите за инсулинска резистенција и хронична инфламација кои се основниот двигател на многу од овие состојби. 

Дебелината кај постарите лица се асоцира и со намалена физичка подвижност, што доведува до поголем ризик на падови и скршеници, влошување на саркопенијата (загуба на мускулите поврзана со возраста) и намалување на севкупниот квалитет на живот. За разлика од помладите популации, постарите лица се соочуваат со дополнителни предизвици поради коморбидитети, веќе присутна терапија, но и физиолошки промени поврзани со возраста кои го комплицираат управувањето со тежината.

На пример, промените во метаболизмот поврзани со возраста, намалената физичка активност и променетиот состав на телото го прават губењето на тежината потешко и потенцијално опасно, бидејќи може да доведе до губење и на маснотии и на чиста мускулна маса. Дополнително, постарите лица често имаат и ограничен пристап до програми за управување со тежината приспособени на нивните специфични потреби, а социјалните фактори, како што се изолацијата или намалената социјална поддршка, дополнително ја попречуваат нивната способност да одржуваат здрав начин на живот. 

Поради тоа, постарите лица треба да внимаваат на својата тежина и доколку таа е прекумерна, бавно, но трајно да воведат промени во начинот на живот. Исхраната и физичката активност се секако првите чекори. Исхраната не мора да е воопшто ригорозна, но повеќе да се базира на овошје и зеленчук, риба, мешунки, житарки, пилешко и сл. Во поглед на физичката активност, пешачењето е најдобра опција за почеток. Тоа може да биде и само 20-ина минути дневно, а постепено со зголемување кондицијата, времето може да се продолжува. За да прочитате повеќе околу важноста од физичка активност кај повозрасните – кликнете ТУКА

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор