fbpx

Улогата на гените во однос на телесната тежина

tonus

Постојат многу фактори кои ја определуваат телесната тежина, а генетиката со сигурност е еден од нив. Организмот на секој човек реагира различно на храната и вежбањето и постои одредена вистина во тврдењето дека гојазноста е наследна.

Сепак, наследниот фактор не мора да биде вашата ,,судбина”. Влијанието на генетиката врз телесната тежина претставува само еден дел од комплексната сложувалка.

Улогата која ја игра генетиката во однос на телесната тежина


Сигурно сте забележале дека некои луѓе постојано јадат бурек и бели пецива за доручек и имаат нормална телесна тежина, додека други се здебелуваат од самото ,,погледнување” кон шеќерната храна. Тоа е така заради тоа што сите сме различни – благодарение во голем дел на гените.

"“Online”/

Имаме различна коса, боја на очи, висина и облик на тело. Така, ако двајцата родители имаат тенденција кон лесно покачување на телесната тежина, не е за очекување дека детето нема да има никаков проблем со тежината.

Не постои одреден ген кој е одговорен за телесната тежина. Всушност, според Harvard Health Publishing постојат повеќе од 400 гени кои се директно поврзани со телесната тежина (иако сé уште не знаеме како се одвиваат точните механизми на влијание).

Една студија на International Journal of Obesity утврдува дека луѓето кои имаат генетски ризик-фактор за гојазност, многу почесто ја зголемуваат телесната тежина по 20-тата година, во однос на оние кои немаат таков фактор.

Иако се потребни повеќе истражувања, една студија објавена во мај годинава во престижното научно списание Cell,ни дава интересни информации. Имено, таа анализира податоци од над 47 илјади луѓе, со цел споредба на ДНК на слабите и индивидуите со нормална телесна тежина. Резлутатите од анализата велат дека постојат одредени генетски варијанти кои се уникатни за слабите индивидуи.


Што со сигурност знаеме?


Нашиот генетски материјал, како и на сé останато, претставува основа и на одговорот на телото во однос на внесената храна, односно метаболизирањето на внесената храна и потребите од внесување на храна.

Една од познатите хипотези зошто гојазноста денес има пандемиски размери е дека во модерното време повеќето луѓе се во калориски суфицит поради начинот на живот и лесната достапност до калориска храна, а организмот еволутивно е ,,научен” да не испушти ниту една калорија, па секој вишок е внимателно складиран во масното ткиво. ,,Еволутивно научен” или приспособен заради тоа што низ историјата човекот многу често имал периоди на гладување, па од складирањето на енергија зависело преживувањето.

Гените кои тогаш го приспособиле човекот да преживее, денес сé уште се со нас, функционираат и н прават подложни на гојазноста.


Што велат последните истражувања?

Додека повеќето истражувања се фокусираат на тоа како генетскиот фактор влијае на гојазноста, најновите студии гледаат ,,подлабоко”, па ја бараат поврзаноста помеѓу генетиката, гојазноста и BMI (индексот на телесна маса) со текот на времето.

Во една студија објавена годинава во JAMA Cardiology, истражувачите ги анализирале податоци од преку 2500 возрасни лица, собирани од 1985 до 2010 година. Користејќи податоци за ДНК на учесниците, тие го пресметале генетскиот ризик за гојазност кај секоја индивидуа.

Анализите на истражувачите од оваа студија покажале дека BMI во помладите години дава објаснување за околу 52% од BMI на истата личност 25 години подоцна, додека генетскиот фактор има удел од само 14%. Всушност, заклучокот е следен: Исхраната и физичката физичка активност со текот на времето, се многу позначаен ризик-фактор во однос на гојазноста, отколку генетиката.

Научниците од студијата велат дека имањето на генетска предиспозиција за гојазност не значи дека не можете да имате контрола врз вашиот BMI или врз вашата телесна тежинаТие заклучуваат дека потребно е да си го познаваме телото, да знаеме што можеме, а што не можеме да очекуваме и да бидеме свесни дека контролата над главните фактори за телесната тежина е можна .

Начинот на исхрана и општо, стилот на живот се главните фактор кои ја детерминираат телесната тежина.

Што да правите ако сте генетски склони кон гојазност?


Заклучокот веќе го дадовме – точно е дека гените играат одредена улога во однос на телесната тежина, но клучни фактори за тоа какви бројки ќе видиме на вагата се нашата исхрана и животните навики што ги имаме.

Ако имаме чести проблеми со телесната тежина, дефинитивно треба да се посветиме на животниот стил, особено имајќи предвид дека само над него имаме контрола. Тоа подразбира – здрава исхрана, редовна физичка активност, добра хигиена на сон и наоѓање начин за менаџирање со стресот.

Зголемената телесна тежина претставува ризик-фактор за низа на хронични заболувања, како дијабетес, кардиоваскуларни заболувања и затоа треба сериозно да се сфати. Доколку сте свесни за проблемот, а сте се обиделе и не можете самите да си помогнете, барањето на помош од стручни лица секако е добра опција.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор