fbpx

Како ГОДИШНОТО ВРЕМЕ и ТЕМПЕРАТУРАТА влијаат на КРВНИОТ ПРИТИСОК?

tonus

Моментално имаме абнормално нагло затоплување и период кога многумина од нас имаат потешкотии да се прилагодат на високите температури. Ваквото време секако ќе има влијание и на нашето здравје и секојдневно функционирање, а денес ќе се задржиме на крвниот притисок, односно ќе зборуваме како сезонските промени и температурните разлики влијаат на притисокот.

 

Како влијаат високите температури на телото?

Топлото време може да влијае на телото на разни начини и истото станува опасно кога изложеноста е подолга. Во прв момент, топлината може да предизвика дехидрација, а во посериозни случаи и топлотен удар. Дури и поблага форма на дехидрација е заслужна за промена во когнитивните функции и расположението. Ваквите состојби се штетни и може да бидат сериозни.

По подолга, повторувачка изложеност (неколку дена), екстремните температури може да делуваат врз функционирањето на внатрешните органи и особено да се отежне функцијата на кардиоваскуларниот систем.

"“Online”/

Важно е да се напомене дека топлото време влијае различно на популацијата. Децата, повозрасните, бездомниците и луѓето со веќе постоечки кардиоваскуларни проблеми имаат зголемен ризик за појава на здравствени проблеми поради топлината. Некогаш луѓето не се свесни дека премногу долго биле изложени на сонце или на висока температура, бидејќи симптомите се јавуваат кога е веќе доцна. 

 

Дали температурата и годишното време влијаат на крвниот притисок?

Сезонските промени може значително да влијаат на крвниот притисок поради различни физиолошки, но и фактори од средината. За време на постудените месеци, крвните садови се стеснуваат како одговор на пониските температури, процес познат како вазоконстрикција, зголемувајќи го периферниот отпор и следствено, зголемувајќи го крвниот притисок. Дополнително, пократкиот ден и намалената изложеност на сончева светлина може да доведат до пониски нивоа на витамин Д, дополнителен фактор кој се асоцира со повисок крвен притисок. Зимската сезона, исто така, често корелира со намалена физичка активност и зголемување на телесната тежина, што дополнително го влошува ризикот од хипертензија. 

Спротивно на тоа, во потоплите месеци, се јавува вазодилатација – состојба кога крвните садови се шират за да се губи топлина, што обично резултира со понизок крвен притисок. Зголемената физичка активност во текот на летото, но и поминување на повеќе време надвор, каде притоа имаме и поголема изложеност на сонце, ја подобрува синтезата на витамин Д, но и исто така придонесува за подобрена регулација на крвниот притисок. Генерално гледано, во летниот период сме повеќе физички активни, јадеме полесна храна и повеќе се потиме – фактори кои заедно допринесуваат за помал ризик од покачен притисок кај генерално здравите лица. Кај лицата со хипертензија, летниот период може да значи помал притисок од вообичаено, но тој сепак може да е над дозволените граници.

 

Поврзано: Што е НАЈДОБРО да се јаде при ПОКАЧЕН КРВЕН ПРИТИСОК?

 

Ваквите сезонски флуктуации ја нагласуваат важноста од прилагодување на навиките и животниот стил на годишното време и температурата, но и редовно следење на крвниот притисок во текот на годината за ефикасно справување со евентуално покачениот притисок.

 

Поврзано: Како ПРАВИЛНО да бидеме ФИЗИЧКИ АКТИВНИ кога е топло?

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор