fbpx

ПОКАЧЕНА ТЕМПЕРАТУРА – Типови, причини, симптоми и третман

tonus

Покачената телесна температура или уште позната како треска, грозница (медицински: пирексија), претставува нормална, природна реакција на организмот на различни состојби, најчесто на некаква инфекција.

За покачена се смета секоја вредност за телесната температура која оди над 37,2°С.

Симптом на инфекциите

Покачената телесна темепратура најчесто се јавува како резултат на различните настинки, на грипот, коронавирусот и слични микробни инфекции. Ова всушност е показател дека имуниот систем работи напорно во целта да се избори со инфекцијата или болеста.

"“Online”/

Вообичаено, треската или температурата се јавува кога имуниот одговор продуцира повеќе бели крвни клетки, чија главна цел е справување со инфективните микроби. Зголемената продукција на леукоцитите, го стимулира мозокот да ,,нареди” загревање на телото.

Притоа, телото стимулира вазоконстрикција (стеснување на крвните садови) и контракции на мускулите, што води до тресење, а некогаш и до мускулна болка.

За нормален опсег на телесна температура се смета интервалот од 36,1°С до 37,2°С. Ако температурата се покачи над овој интервал, се работи за треска.

 

Типови на покачена телесна температура

 

  1. Слабо покачена телесна температура (субфебрилна) – до 38°С
  2. Умерена треска или умерено покачена телесна температура (фебрилна температура) – до 39°С
  3. Силно покачена телесна температура (пиретична) – од 39°С до 41°С
  4. Хиперпирексија – покачена температура над 41,1°С

 

Вообичаено, треската минува ,,сама од себе” за 1 до 3 денови. Но, во некои случаи покачената температура може да трае континуирано со денови или пак да губи и враќа во период од 2 недели. Во оваа смисла, повишената телесна температура се дели на:

  • Акутна – ако трае помалку од 7 денови,
  • Суб-акутна – ако трае до 2 недели и
  • Хронична – ако продолжува и по поминати 14 денови.

Хроничната треска често пати е еден вид симптом на сериозна здравствена состојба, дури и ако е само слабо покачена.

Симптоми на треската:

 

 

Итно побарајте медицинска помош ако имате температура повисока од 39,4°С повеќе од три дена, последователно. Симптомите на ваквата состојба вклучуваат:

 

  • Збунетост и силни главоболки
  • Осип на кожата
  • Силна сензитивност на светлина
  • Повраќање
  • Тешко дишење
  • Мускулни грчеви
  • Абдоминални (стомачни) болки
  • Дехидрираност
  • Напади

 

Можни причини

 

Како што претходно наведновме, најчестата причина за покачена телесна температура се различните инфекции: бактериски, вирусни, фунглани и паразитски. Тие можат да бидат респираторни, уринарни, кожни, гастроинтестинални итн. Сепак, како причинител може да се јават и:

 

  • Труења со храна
  • Топлотен удар
  • Изгореници
  • Изгорена кожа од сонце
  • Неинфективни воспаленија
  • Турмори
  • Ревматоиден арртритис
  • Некои автоимуни заболувања

 

Лекување

 

Треската најчесто не е опасна состојба и поминува за кратко време без посебни лекарства – неколку денови, а некогаш и само неколку часови. Најчестите совети од лекарите за справување со треската и побрзо опоравување се:

 

  • Пиење доволно течности и вода
  • Јадење на храна која полесно се вари
  • Одморање
  • Туширање со млака вода

Постојат и различни медикаменти кои можат да помогнат во зависност од тоа кој е причинителот за покачената температура. Тоа секако се антибиотиците, но никогаш немојте да ги земате без претоходно консултација со лекар, односно пред да бидете сигурни дека станува збор за бактериска инфекција. Антибиотиците се ефективни САМО при бактериски инфекција.

[Поврзано: Зошто антибиотиците се земаат ИСКЛУЧИВО по препорака на лекар?]

 

Исхрана при покачена температура

 

Она што го јадеме е доста важно за контролирањето, односно за олеснувањето на симптомите на покачената телесна температура и побрзото закрепнување.

Во вакви услови, телото има потреба од дополнителна енергија (калории) за да функционира нормално и да се избори со инфекцијата. Добро балансираната, здрава исхрана е важна и за имунитетот, кој е првата борбена линија од различните инфекции. Значи потребна е нутритивно сконцентрирана храна, но и храна богата со сложени јаглехидрати, квалитетни протеини и здрави масти.

Во првите денови на треската, исхраната треба да биде составена генерално од течна храна, како супа, овошни сокови и слично. Најдобро е наместо вообичаените 3 оброци, почесто да се јаде по помали количества.

Добро е да се јаде храна која е лесно сварлива, како меки овошки богати со витамин Ц (банана, јабоки, киви, портокали итн.), потоа житарки (на пример овесна каша), пробиотска храна (особено ако се зема антибиотска терапија), риба, јатки итн.

 

За време на треската, во организмот значително растат потребите за некои есенцијални хранливи материи, како витамин А, витамин Ц, витамините од Б групата, потоа минералите како калциум, железо и натриум.

[Поврзано: Вечно актуелниот – витамин Ц! А има и зошто!]

Примери за храна која треба да ја имаме на менито при покачена темепратура:

  • Храна и течности богати со електролити (минерали) – бидејќи телото губи доста течности, а преку нив и минерали.
  • Овошни сокови – витамински, но и енергетски бомби
  • Супи
  • Зеленчукови ,,смутиња”
  • Риба
  • Варен зеленчук – како компир, морков, сладок компир, тиква и слично)
  • Пробитоски јогурт
  • Кефир
  • Чаеви и вода

Примери за храна која треба да се избегнува:

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор