fbpx

Кога ви е потребен тест за тироидната жлезда?

tonus

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка.

Тироидната жлезда ги лачи хормоните T3 и T4. Овие хормони во крвта се јавуваат во слободен облик, како fT3 и fT4 и се врзани за транспортните протеини, тироксин – врзувачки глобулин, преалбумин и албумин.

Околу 0,3% од вкупниот Т3 циркулира kako fT3 и околу 0,04% како fT4. Овие форми се биолошки активни.

"“Online”/

Излачувањето на хормоните од штитната жлезда е под влијание на TSH (тиреостилуматорен хормон) кој го лачи хипофизата.

Всушност, овие хормони го регулираат катаболизмот, односно делот од метаболитичките патишта на создавање енергија од внесената храна. На тој начин, оваа жлезда е доста значајна во регулирањето на работата на срцето, мозокот и регулирањето на телесната температура.

Значи, ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам.

Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.


Симптоми на хипертироидизам


За жал, симптомите на оваа состојба често се помешуваат со некои други состојби со слични симптоми. Симптомите на хипертироидизмот се:

◦ Значително зголемен апетит
Оток во предниот дел на вратот
◦ Нагло губење на телесната тежина, иако се има истата исхрана како и вообичаено
◦ Забрзана работа на срцето или неправилен ритам
◦ Лесна надразливост, анксиозност, нервоза
◦ Тресење на рацете
◦ Зголемено потење
◦ Кај жените, нарушувања во менструалните циклуси
◦ Зголемена сензитивност на топлина
◦ Чувство на замор и мускулна слабост
◦ Проблеми со спиењето
◦ Истенчена и оштетена кожа и коса
◦ Поретко, но можно е да се јави и црвенио и насолзени очи, како и нарушен вид


Симптоми на хипотироидизам

Знаците на ова заболување може значително да се разликуваат кај различни поединци, но најчестите симптоми кои се забележани се:

◦ Чувство на ладно
◦ Многу полесно заморување и при полесни физички активности
◦ Сува кожа
◦ Запек
◦ Заборавање и деконцентрација
◦ Депресивност
Зголемена телесна тежина
◦ Мускулна слабост
◦ Истенчена коса
◦ Промени во гласот

Многу често симптомите се задоцнето предуредување

Како што споменавме, многу често симптомите на други состојби се помешуваат со горенаведените, а исто така доста често симптомите на нарушена тироидна функција луѓето ги препишуваат на лошата исхрана која ја имаат во моментот или пак со недоволната физичка активност. Ова е особено случај кога не се појавуваат некои од другите специфични симптоми, освен типичните нагли промени во телесната тежина и нарушен липиден профил во крвта(кога станува збор за хипотироидизам).

Хипертироидизмот од друга страна, многу полесно се забележува преку отокот кој најчесто се јавува во пределот на вратот.

Според експертите, имајќи предвид дека повозрасните лица(особено жените над 60 години) имаат повеќе неспецифични симптоми на хипотироидизам, кои многу лесно се помешуваат со симптомите на други болести поврзани со стареењето, лекарите неретко првично пропуштаат да препорачаат тестирање на тироидната жлезда. Но, непрепознавањето на симптомите на хипотироидизам или нивното помешување со други причинители често се случува и кај останатите возрасни групи.


Луѓе под особен ризик и можни компликации од хипо и хипертироидизам

Заради претходно наведените причини, многу е важно да можете да ги препознаете сите симптоми, особено ако сте во некоја ризична група – жени, особено над 60 години, поединци кои во семејството имаат некого со тироидно нарушување, поединците со дијабет тип 1 или целијакија(автоимуни заболувања), бремени жени и доилки и лица кои биле подложни на радиотерапија.

Но, треба да се знае дека лицата на било која возраст можат да развијат нарушено дејство на тироидната жлезда.

Ненавременото откривање на нарушената функција на тироидната жлезда или нетретирањето, може да води и до некои посериозни состојби, како што се: проблеми со срцето, остеопороза, проблеми со видот, кожата, нарушено ментално здравје, периферална невропатија, микседема, неплодност итн.


Кога ви е потребен тест?


Ако имате неколку или можеби повеќе од наведените симптоми на тироидно нарушување, ако LDL холестеролот постојано расте и/или телесната тежина постојано се зголемува сосема неочекувано, треба сериозно да поразговарате со лекарот кој ве води, околу тоа дали е потребно тестирање на тироидната жлезда.

Исто така, доколу сте жена и имате повеќе од 60 години, треба во консултација со вашиот лекар(генерално чувство, медицинска историја, ваша или на вашите предци итн) да утврдите дали е добра идеја да се направи тестирање на тироидната жлезда, дури и ако сте генерално во добра здравствена кондиција.

Поради есенцијалната улога на тироидните хормони во растот и развојот на организмот, тироидниот статус може да биде и од голема корист и кај новороденчињата и децата со нарушувања во растот и развојот.


Какви тестирања се достапни и кој тест ви е потребен?

За утврдување дали имате некакво тироидно нарушување, потребен е едноставен крвен тест(TSH) со кој ќе се проверат нивоата на тироидните хормони. За нормални нивоа на TSH хромонот во крвта се смета интервалот од 0,45 до 5mlU/L. Луѓето со вредности за TSH од 5 до 9,99mlU/L вообичаено не покажуваат никакви симптоми.

Доколку TSH е во нормален ранг, а сепак има некакво клиничко сомневање за тироидно заболување, најчесто дијагнозата се потврдува со помош на fT4 тестот.

Кај луѓето со хипертироидизам, доста полесно се забележуваат специфичните симптоми, па кај нив доста полесно оди и дијагностицирањето – гушавост(отоци на вратот), но и тресење на рацете.

При следењето на пациентите кои веќе се на терапија за некакво тироидно нарушување, лекарите често ги препорачуваат и fT3 тестовите, кои најчесто одат во комбинација со другите 2 споменати fT3 и TSH тестови. Вусшност fT3 и fT4 се биолошките активните форми на тироидните хормони.


TSH
или тиреостимулирачки  хормон е хормон на хипофизата, под чие влијание се излачуваат тироидните хормони T3(тријодтиронин) и T4(тироксин).

Иако нема докази дека скринингот (тестирањето на поголеми групи) би дал некакви дополнителни добри ефекти, сепак имајќи предвид дека доста од заболените не покажуваат симптоми, оние споменатите во ризичните групи, не е лошо да го проверат статусот на тироидната жлезда.

На пример, нарушената работа на штитната жлезда може директно да влијае на зголемување на холестеролот во крвта, па луѓето незнаејќи дека причината е токму оваа жлезда, без потреба да земаат терапија за холестерол (статини) и на тој начин да не ја третираат причината, туку последицата. На тој начин, тие можат да бидат зависни од непотребната терапија која може да има и несакани ефекти на подолг рок.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор