fbpx

Летни рецепти за тестенини со тиквичка

tonus

 

Периодот на навистина топли денови го отежнува нашето секојдневно функционирање, а особено делува и на начинот на кој се храниме и ја приготвуваме храната. Тешките, масни и калорични јадења кои долго се подготвуваат треба да ги избегнуваме и нив да ги замениме со оброци кои се состојат од помалку процесирани, свежи намирници. Па поради тоа, денес ќе ви предложиме два вкусни и лесни рецепти за подготовка на летни тестенини кои ја вклучуваат тиквичката, но и други сезонски зеленчуци.

 

Тиквичката – лесен и здрав зеленчук, карактеристичен за летото

 

Тиквичките се вбројуваат помеѓу најгустонутритивните продукти кои можат да се најдат на пазарот. Имено, од една страна имаaт особено ниска калориска вредност, а од друга, екстремно богат и уникатен микронутритивен состав.

 

Во околу 200g подготвени тиквички се содржат само 17 калории (1g протеини, помалку од 1g маснотии, 3g јаглехидрати и 1g растителни влакна), а од друга страна, микронутритивниот состав е импресивен:

"“Online”/
  • витамин А – 40% од дневно препорачаните количини
  • манган – 16% од ДПК
  • витамин Ц – 14% од ДПК
  • калиум – 13% од ДПК
  • витамин К – 10% од ДПК
  • магнезиум – 10% од ДПК

 

во помали количества содржат: витамин Б9, бакар, фосфор, витамин Б6, витамин Б1 , железо, калциум, цинк и други витамини од Б групата.

 

Тестенини со печени летни зеленчуци

 

За подготовката на овој рецепт потребни ви се околу 45 минути и истиот дава од 4-6 порции.

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • Околу 2-3 поголеми домати, исецкани (не многу ситно)
  • 2-3 главини кромид, исецкани на кругчиња
  • 4-5 чешниња лук, излупени и исецкани
  • Малку маслиново масло
  • Сол, бибер и оригано за зачинување
  • 1 средно голема тиквичка, исечкана на средно големи парчиња
  • Малку пченка (може смрзната или од конзерва)
  • Околу 300-400g интергрални тестенини

 

Начин на подготовка:

1 . Вклучете ја рерната (на 200℃) и оставете ја да се загрее. Во тавче во кое ќе ги печете зеленчуците, ставете малку хартија за печење. Ставете ги исецканите домати, кромид, лук и пропрскајте ги со маслиново масло, сол, бибер и оригано.

Печете го зеленчукот 15-20 минути. Потоа извадете го тавчето, додадете ја тиквичката и пченката, промешајте ги со останатите зеленчуци и вратете го тавчето во рерната. Печете дополнителни 5-7 минути.

2 . Во меѓувреме, сварете ги тестенините според упатството на амбалажата. Исцедете ги и вратете ги повторно во тенџерето. Кон пастата додадете го печениот зеленчук заедно со сите сокови кои ги испуштил. Додадете зачини по желба, промешајте и сервирајте со малку рендан пармезан.

 

Летна паста со зеленчуци и песто

 

За овој рецепт потребни ќе ви бидат околу 30 минути за подготовка и истиот дава околу 4 порции.

 

Потребни состојки:

За пестото:

  • Босилок – околу 20g или неколку китки
  • Малку сок од лимон
  • Малку изрендан паремзан
  • Маслиново масло
  • 2-3 чешниња лук, ситно исецкани
  • Сол и бибер

 

За тестенините:

  • 1 главица исецкан кромид
  • Малку маслиново масло
  • Една мала тиквичка, исецкана
  • 1 пиперка, исецкана
  • 1-2 домати, ситно исецкани
  • Некаков тип на интегрални тестенини

 

Начин на подготовка:

1 . Подгответе го пестото, така што ќе ги ставите сите состојки во блендер. Блендирајте се додека не добиете фина, кремава текстура.

2 . Тестенините подгответе ги според инструкциите на пакувањето. Исцедете ги тестенините кога ќе бидат сварени, но зачувајте околу 50-70ml од водата во која се вареле.

3 . Во друго тавче, на малку маслиново масло, пропржете го кромидот. По 4-5 минути, додадете ја тиквичката, кромидот, пиперката и доматот. Посолете и зачинете ги зеленчуците и динстајте ги околу 8-9 минути, односно додека истите не омекнат и ги пуштат своите сокови.

4 . Во тавчето со подготвените зеленчуци додадете ги сварените тестенини, пестото и водата од варењето на тестенините. Фино промешајте ја ваквата смеса, се додека тестенините не се целосно измешани и прекриени со пестото и зеленчуците. Потоа послужете со малку рендан пармезан или друг тип на кашкавал.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор