fbpx

ЕДНОСТАВЕН тест за хормонски дисбаланс кој можете самите да си го направите

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin
tonus

Менопаузата може да биде тежок период во животот на жената. Тоа е период кога нивоата на естроген драстично се намалуваат, што може да води кон низа на непријатни симптоми, меѓу кои: сува кожа, зголемен апетит и гојазност, лесна психичка надразливост, топли бранови итн.

Симптомите можат да бидат и влошени, но и да се јават само како резултат и од некои други фактори, како што се хроничен стрес, одреден витамински дефицит, лоша исхрана, физичка неактивност и некои други.

Па, како би знаеле дали за симптомите е одговорен хормонскиот дисбаланс или пак тие се поврзани со некој од другите споменати фактори?

"“Online”/

За да помогнеме во одговорот на ова прашање, во продолжение ви предлагаме да направите едноставен тест според чии резултати ќе видите дали навистина може да се сомневате во хормонски дисбаланс.


Зошто е важно да знаете дали сте во менопауза?

Важно е заради менаџирање на симптомите, но и свестноста дека сте во зголемен ризик од одредени заболувања, а највеќе од остеопорозата. Зошто остеопороза?

Една од најчестите причини за остеопороза е токму хормонскиот дисбаланс. Драстично намалените нивоа на естроген во менопаузата, директно делуваат на нарушувања во метаболизмот на формирање коскено ткиво. Тоа води кон зголемен ризик од кршливост на коските.

Fibro Gel

Американската национална фондација за остеопороза проценува дека дури половина од жените над 50 годиним, при паѓање, ќе имаат фрактура или скршеница на коските, како резултат на остеопорозата.

Тест за хормонски дисбаланс кои можете самите да си го направите

Одговарајќи на наредните 15 прашања, ќе дојдете до аргументи кои ќе го поткрепат вашето сомневање за хормонски дисбаланс, па ќе можете полесно да ја донесете одлуката за посета на лекар и применување на промените во животниот стил.

1. Дали имате над 40 години?  Првите и најјасни знаци на менопаузата доаѓаат со одредена возраст, односно од 50 до 55 години. Сепак, вреди да се знае дека пременструалните симптоми можат да се јават и во четириесетите години, па поретко и во триесетите.

2. Дали неретко имате силни потреби за ,,нешто благо”, сол, кофеин или општо, јаглехидратна храна?

3. Дали сте почувствувале непријатни ,,жешки бранови”?

4. Дали страдате од симптоми слични  на депресија, имате лесна надразливост и чести промени во расположението?

5. Дали сте забележале нетипични промени во апетитот?

6. Дали имате нарушен сон и се будите уморни наутро?

7. Дали имате истенчена коса и сува кожа?

8. Дали имате прекумерна телесна тежина или неодамна сте ги зголемиле масните наслаги околу стомакот?

9. Дали сте искусиле главоболки, повраќање, отечени гради и/или нагли промени во расположението во неделата пред менструација?

10. Дали имате проблеми со нередовен циклус и пообемни и можеби болни крварење во периодот?

11. Сте забележале ли неправиле ритам на срцето?

12. Имате ли намалено либидо?

13. Дали некогаш слушате зуење во ушите?

14. Дали во последно време имате необјасниви болки во зглобовите?

15. Дали можеби имате некоја од следните состојби: неплодност, ендометриоза, нарушена тироидна функција или слаба адренална функција?

Ако одговорите на неколку или повеќето од овие прашање се ,,Да”, тогаш е добро време да си закажете преглед кај вашиот матичен лекар кој веројатно ќе ви препорача хормонско тестирање.

Врз основа на добиените резултати од тоа тестирање, докторот ќе ви препорача соодветна терапија.

Важно е да запомните дека со периодот на менопауза вашите шанси за скршеници при евентуалните непријатни паѓања, се зголемуваат дури за дури 50%. Ваквиот ризик, повторно можете да го доведете до минимум ако превземете соодветни мерки.

Промени во животен стил – прва линија на терапија

Иако постојат повеќе истражувања според чии резултати хормонската терапија може да биде безбеден и ефикасен начин за контрола на симптомите, сепак докторите го избегнуваат ваквиот пристап како прв.

Повеќе медицински експерти кои се занимаваат конкретно со оваа тематика, советуваат најпрво да се обидете да направите некои модификации или промени во животниот стил.

Овие обиди треба да траат барем неколку месеци (3-4), пред да посегнете по хормонска терапија, доколку сметате дека нема никакви подобрувања.

Повеќе околку нехормонското третирање за симптомите на менопаузата прочитајте тука.

 

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X