fbpx

КРАТКО и ЈАСНО: што треба да знаете за ТЕСТОВИТЕ за корона?

tonus

Заради сличноста на симптомите на заболувањето кое го предизвикува новиот корона вирус и некои типични сезонски грипови, тестирањето е единствен начин да дознаеме точно кој вирус ни ги предизвикува симптомите.

Повеќето тестови за корона вирусот подразбираат земање брис примерок за тестирање.

Новиот корона вирус, наречен SARS-CoV-2 го предизвикува заболувањето наречен CoViD-19. Развивањето на релевантни тестови за утврдување на присуството на овој нов корона вирус се смета за есенцијално во спречувањето на неговото ширење. Таков е и ставот на СЗО. „Имаме едноставна порака за сите држави – тестирајте, тестирајте, тестирајте“, кажа директорот на СЗО, Тедрос Аданом, минатиот месец во Женева за мерките за борба против пандемијата од новиот коронавирус.

"“Online”/

Аданом и другите експерти се сложуваат дека со масовното тестирање на Ковид – 19, болеста која ја предизвикува коронавирусот, би се овозможило да се изолираат позитивните случаи и би се помогнало да се идентификуваат оние кои доаѓале во контакт со нив. Ова би помогнало да се намали натамошното пренесување.

Како функционира тестот?

Постојат повеќе начини за тестирање за новиот корона вирус. Повеќето се молекуларни или серолошки.

Молекуларни тестови

Овие тестови ги бараат знаците на активната инфекција. Примерокот кој се користи за ова тестирање е брис кој се зема подлабоко од грлото со стапче со памучен врв. Потоа овој примерок под посебни услови се праќа на испитување во лабораторија.

Примерокот во лабораторија подложи на полимеразно верижна реакција (PCR тест). Овој тип на тестирање ги детектира специфичните секвенци од генетскиот материјал на вирусот.

PCR тестот може да потврди дијагноза со Covid-19 ако идентификува 2 специфични SARS-CoV-2 гени. Ако идентификува само еден, тестот ќе биде невалиден.

Молекуларните тестови може да помогнат да се дијагностицира моментално заболување Covid-19, но не може да се утврди и инфекција која неодамна била надмината.

Каква е точноста на овие тестови?

Во теоријата, точноста на молекуларните тестови треба да е голема ако се работи сосем правилно. Но, лабораториите ширум светот известуваа и за доста лажно позитивни и лажно негативни тестови. Причината за тоа може да биде лошото или недоволно земање на брис примерок, заради невниманието на заморените лабораториски техничари или заради загаденост на примерокот во различни стадиуми во подготовката. Дополнително, доколку луѓето се тестираат при самиот почеток на инфекцијата, можни се лажно негативни резултати. Лажно позитивните главно се должат на загадување на примерокот со RNK на вирусот од средината во која се работи.

Серолошки тестови

Овие тестови ги детектираат антителата кои телото ги продуцира за борба против вирусот. Вакви антитела се присутни кај сите оние кои успешно се излекувале од Covid-19.
Ваквите антитела постојат во крвта и ткивата низ целото тело. Затоа, за серолошкиот тест потребен е примерок од крвта.

Серолошките тестови, за разлика од молекуларните, говорат за тоа дали и во минатото сте биле изложени на вирусот, а не само дали моментално сте заразени. Значи, серолошката дијагностика овозможува детално испитување на примероци од луѓе кои не се потврдени случаи на COVID-19 во моментот. Ако луѓето биле изложени и развиле антитела против вирусот, со ваквите тестови ќе може да се известат официјалните лица од јавното здравство. Ова е неверојатно вредна информација во борбата против болест која е блага или асимптоматска кај многумина.

Според мислењето на авторите на една неодманешна студија од Универзитетот ,,Џон Хопкинс”, серолошките тестови можат да помогнат да се открие стапката на зараза во заедницата и така да се одреди стапката на смртност од болеста.

Имајќи ја во предвид природата на серолошките тестови, да ги детектираат антителата на поединци кои веќе ја надминале заразата со Covid-19, ќе се овозможи тие да бидат и донори на оние пациенти кои се моментално заразени со болеста.

Брзи или т.н. рапид тестови

Брзите тестови се карактеризираат со добивање на резултатите за присуството на заболувањето за многу брз период.

Американската агенција за храна и лекови неодамна го одобри првиот серолошки тест кој го разви биотехнолошката компанија Cellex и кој тестира антитела на коронавирусот од крв од прст. Од таа компанија велат дека нивниот тест може да открие дали лицето има Covid-19 за приближно 15 минути.

Добри вести доѓаат и од Германија. Имено, многу познатата компанија Bosh излезе со високо сензитивен и тест со висока точност, а со резулати за само 2,5 часа.

Се работи за целосно автоматизиран молекуларен тест со способност да ја детерминира инфекцијата со SARS-CoV-2, но и дополнително други 9 респираторни вируси во рок од само 2,5 часа. Методот се базира на утврдување на специфична геномска секвенца од новиот корона вирус со мултиплекс PCR реакција. Големата брзина се базира на целосната автоматизираност на процесот.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор