fbpx

Печена тиква на медитерански начин!

tonus

Тиквата е извонредно здрав производ што периодов лесно може да се најде низ пазарите и маркетите.

Поради нејзината ниска калоричност, а висока хранлива вредност, тиквата се смета за особено нутритивно сконцентрирана храна.

Таа е богат извор на витамини, посебно на витамин А, но и на ЦЕ и витаимините од Б групата, потоа на минерали, како бакар, железо, фосфор, цинк и особено значајниот калиум.

"“Online”/

[Поврзано: Семки од тиква – грицкање без грижа на совест!]

Покрај ова, тиките се одличен антиоксидативен извор, пред сè на флавоноидните антиоксиданти. Заради исклучителната хранлива вредност, овој зеленчук се вбројува во редот на најздравите зеленчуци присутни на пазарите, особено на есен. Искористете ја максимално сезоната на вкусната тиква на почетокот на есента приготвувајќи ги најпознатите рецепти со неа.

Во продолжение, еден интересен рецепт за

Печена тиква со фета сирење, зачини и сос!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

  • една мускатна тиква од околу 1 килограм, излупена, исчистена и исечена на кришки
  • 1 главица лук, користете ги сите чешниња, но не ги лупете
  • ½ кафена лажичка оригано
  • ½ кафена лажичка сув босилек
  • ¼ кафена лажичка суво нане или мајчина душичка
  • ¼ кафена лажичка чили во прав
  • 100g фета сирење, распарчено
  • 50g ореви, искршени

За сосот/преливот:

  • 1 супена лажица вински оцет
  • прстофат кафеав шеќер
  • 6 супени лажици маслиново масло
  • ½ кафена лажичка сол
  • ½ кафена лажичка мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  • Загрејте ја рерната на температура од 200°C и подгответе еден голем плех за печење така што ќе го обложите со хартија. Исечете ја тиквата прво на половина и извадете ги семките, а потоа исечете ги на резанки (можете да ги излупите резанките пред печењето, иако печените кожинки имаат многу вкус и даваат добра текстура на јадењето). Префрлете ги резанките во плехот и додадете многу малку маслиново масло, неизлупените чешниња лук, чили, оригано, босилок, нане и мајчина душичка. Зачинете добро со сол и црн пипер. Плехот ставете го во претходно загреаната рерна и печете околу 30 минути додека тиквата не омекне.
  • Во меѓувреме, направете прелив така што ќе изматите вински оцет со кафен шеќер, малку сол и бибер, а потоа ќе го додадете маслиновото масло.
  • Кога ќе се испече тиквата, истурете го преливот преку резанките. Додадете ги фета сирењето и оревите, нежно промешајте со рацете, а потоа послужете.
  • Овој рецепт прави 4 порции.

Нутритивна вредност:
(на 1 порција)

Калории: 307 Јаглехидрати: 31.7g од кои растителни влакна: 8.6g и шеќери: 5g;  Протеини: 3.7g; Масти: 20.7g од кои заситени масти: 2.8g; Витамин Б6: 0.5mg; Витамин A: 28 132 IU; Витамин Ц: 45mg; Витамин Е: 6.5mg; Железо: 2.2mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор