fbpx

ТИКВИЧКИ – 6 причини зошто да се потрудите почесто да ги јадете

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

Тиквичката припаѓа на видот Cucurbita pepo од семејството на билките Cucurbitaceae, во кое спаѓаат и сите тикви, краставиците итн. Се одгледуваат со векови, некои сорти потекнуваат од Јужна Америка, а некои од Индија и далечниот исток.

"“Online”/

Иако ги употребуваме како зеленчук, во салати или со протеинска храна, сепак од ботанички аспект станува збор за овошки. Постојат повеќе видови на тиквички во однос на бојата, големината и обликот, а кај нас најзастапени се зелените.

Достапни се низ целата година, но со најдобар квалитет се токму од мај месец, па се до крајот на летото. Важно да се напомене е дека станува збор за густо-нутритивна храна, која има достапна цена.

Кога ги купувате тиквичките на пазар внимавајте кората да е сјајна, неоштетена и свежа. Тврдата кора покажува дека таа е зрела или презреана. По купувањето чувајте ги во најлонска ќеса во фрижидер. Можете и да ги замрзнете, но по одмрзнувањето ќе бидат многу меки и со намален квалитет.

Тиквичките биле употребувани во традиционалната медицина, за лекување на акни, ублажување на болки итн. Сепак, сета нивна употреба во народната медицина, нема научна потпора во денешно време. Во продолжение, да видиме што вели науката, во однос на корисните дејства на тиквичките.

1) Густо-нутритивна храна!

Тиквичките се вбројуваат помеѓу најгустонутритивните продукти кои можат да се најдат на пазарот. Имено, од една страна имаaт особено ниска калориска вредност, а од друга, екстремно богат и уникатен микронутритивен состав.

Fibro Gel

Во околу 200g подготвени тиквички се содржат само 17 калории (1g протеини, помалку од 1g маснотии, 3g јаглехидрати и 1g растителни влакна), а од друга страна, микронутритивниот состав е импресивен:

• витамин А – 40% од дневно препорачаните количини
• манган – 16% од ДПК
• витамин Ц – 14% од ДПК
• калиум – 13% од ДПК
• витамин К – 10% од ДПК
• магнезиум – 10% од ДПК

• во помал обем и: витамин Б9, бакар, фосфор, витамин Б6, витамин Б1 , железо, калциум, цинк и други витамини од Б групата.

2) Богат извор на антиоксиданти и витамин Ц

Телото природно продуцира слободни радикали како метаболитички ,,отпад” . Ваквиот отпад е силно реактивен, па може да предизвика оксидативен стрес, односно да ги оштети различните клетки на организмот. Во спречувањето на овие процеси, клучна улога играат антиоксидантите.

Тиквичките се особено богати продукти со антиоксиданти, но и со витамин Ц, кој исто така има антиоксидативна активност. Витаминот Ц е особено значаен и за правилно функционирање на имунитетот. Останатите компоненти со антиоксидативна активност на тиквичките се: витамин А (алфа и бета каротени), супероксидативна дисмутаза, глутатион пероксидаза и глукозо-6-фосфатаза.

Дополнително, некои студии укажуваат дека протеинските изолати од семињата од сите ,,тиквенасти зеленчуци”, имаат анти-пероксидативни својства. Овие својства можат да ја подобрат детоксификационата функција на црниот дроб.

3) Антивоспалителното дејство може да допринесе за здравјето на срцето

Спречувањето на оксидативниот стрес, што може да го потпомогне и тиквичката со својот антиоксидативен ефект, го спречува развојот на хроничните воспалителни процеси во организмот, кои се еден од главните ризик фактори за сите хронични заболувања како: кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмер, па дури и малигни заболувања..

Дополнително, за спречување на кардиоваскуларните заболувања, може да помогат и растителните влакна од тиквичката. Повеќе студии ги поврзуваат растителните влакна со намалување на нивото на холестерол во крвта.

Пектин-фиберот, кој е пронајден и кај тиквичките, според некои студии може да придонесе за поздрави крвни садови и за намалување на нивните воспалителни заболувања. Ова исто така, може да придонесе за превенција од дијабет и инсулинска резистентност.

Дополнително, тиквичките имаат добар процент на минерали значајни за срцето, како што се калиумот и магнезиумот. Калиумот може да придонесе за релаксација на крвните садови, што пак го намалува крвниот притисок кој е главниот ризик фактор за повеќе срцеви заболувања.

Каротеноидниот состав на тиквичките, исто така може да придонесе за кардиоваскуларното здравје, според повеќе студии.


4) Тиквичките како густо-нутритивната храна се погодни за слабеење, но и за подобрена дигестија

Храната која има висок процент на вода и растителни влакна, а од друга страна малку калории и богат микронутритивен состав, се смета за особено погодна при слабеење.

Тиквичките се токму таква храна, па нивната редовна консумација може да направи разлика. Споменатиот состав, може да промовира чувство на ситост и контролирање на апетитот.

Повеќе студии даваат конзистентни резултати во однос на врската помеѓу губење на телесна тежина и употребата на свежа храна (овошје и зеленчук).

Тиквичките можат да придонесат за подобрена дигестија на неколку начина:

• имаат висока содржина на вода (ја омекнува столицата, го олеснува нејзиниот пат низ дигествиниот систем и превенира од констипација)

• висока содржина на фибер (подобра цревна перисталтика, храна за корисната цревна микрофлора итн)

• растворливите растителни влакна на тиквичката можат да ги нахранат корисните бактерии, кои од нив ќе создадат кратко-верижни масни киселини, за кои сè повеќе релевантни студии укажуваат низа на позитивни дејства, како: преку намалувањето на хроничното воспаление, обезбедуваат превенција од синдрмот на иритантни црева, Кронова болест и улцеративен колитис.

5) Високиот процент на витамин А може да придонесе за добро здравје на очите

Редовната употреба на тиквичките, може да придонесе за подобар вид.

Ова е случај поради високиот процент на витамин Ц и бета-каротен – два нутриенти во тиквичките кои се многу значајни за здравјето на очите.

Плус на ова е и содржината на антиоксидантите лутеин и зеаксантин. Истражувањата покажуваат дека овие два антиоксиданти можат да се акумулираат во ретината и да влијаат на намалување на ризикот од очни заболувања, особено оние заболувања поврзани со возраста (макуларна деградација, трајна загуба на видот и катаракта).

6) Неколку други потенцијални корисни дејства на тиквичките:

Здравје на коските – богати се со витаминот К, магнезиум и антиоксиданти, сите многу значајни за здравјето на коските.

Антиканцерогено дејство – анималните студии укажуваат дека екстректите од тиквички можат да го намалат растот на некои малигни тумори. Сепак потребни се повеќе клинички студии на оваа тематика.

Здравје на простата – анималните студии покажуваат дека екстректот од тиквички, исто така, може да помогне и во ограничувањето на растот на простата, што е најголемиот ризик од заболувања на простата.

Поддршка во функцијата на тироидната жлезда – некои студии покажуваат дека јадењето тиквички може да помогне во стабилизирањето на нивото на тироидните хормони во организмот.

DrMitov

DrMitov

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X