Со пролетта, пазарите стануваат се побогати со вкусна свежа храна. Тука секако се вбројуваат и тиквичките. Иако ги употребуваме како зеленчук во нашата кујна, сепак, од ботанички аспект тиквичките се всушност овошки.
Нивната убавина е во тоа што поседуваат долга листа на здравствени бенефити, а од друга страна, имаат толку уникатен и прилагодлив вкус и сосема ниска калориска вредност. Така, лесно можете да ги додадете во различни јадења за да им го збогатите вкусот и да ги ,,разиграте” со свежината на тиквичките. Но, во продолжение ќе видите дека тиквичките можат да бидат и основата за едно главно јадење!
Избегнувајте пржени тиквички, не се ништо поздрави од помфритот, на пример.
Пржените тиквички се особено вкусни, но во продолжение ќе ви понудиме рецепт кој е здрав, креативен и вкусен начин да ги употребите овие ,,овошки” во вашата исхрана.
[Поврзано: Зошто пржената храна е толку проблематична, односно нездрава?]
Тиквички – Нутритивно сконцентрирана храна!
Рецептот подолу е погоден за оние кои ја следат Медитеранската исхрана, а и за оние кои целосно одбегнуваат било каква животинска храна. Бидејќи е нискокалоричен и исклучително здрав, овој оброк можете да го готвите почесто ако сте во процес на намалување на телесната тежина.
[Поврзано: Тиквички – 6 причини да се потрудиме почесто да ги јадеме]
Тава со тиквички и „пармезан“ од ореви
За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:
- 2 големи тиквички, исечени на кругови
- 2 мали лажици маслиново масло
- 1 супена лажица нутритивен квасец
- 1 ½ кафено лажиче лук во прав
- 1 ½ кафено лажиче мешавина од суво оригано, мајчина душичка, рузмарин и слични тревки
- ½ кафена лажичка морска сол и ½ кафена лажичка бибер
- приближно 5 листови свеж босилек, ситно исецкан
За „пармезанот“:
- 50g индиски ореви или обични ореви, ситно издробени
- 3 супени лажици нутритивен квасец
- 1 супена лажица маслиново масло
- прстофат морска сол и бибер
Начин на подготовка:
1) Исечете ги тиквичките на мали кругови. Потоа, распоредете ги круговите на даска за сечење и посипете ги со сол. Оставете солта да ја извади вишокот течност од тиквичките така што ќе ја оставите да отстои 15-тина минути.
2) Загрејте ја рерната на 180°С и исушете ги тиквичките со чиста кујнска крпа.
3) Ставете ги сувите кругови од тиквички во голем сад и додадете маслиново масло, нутритивен квасец, лук во прав, италијански зачини, сол и црн пипер.
4) Следно, ставете ги тиквичките во средна коцкаста тава и наредете ги круговите по ред.
5) Откако ќе ги наредите тиквичките, потпечете ги во рерна околу 25 минути.
6) Во меѓувреме, направете го „пармезанот“ од ореви. Ситно исечкајте ги јатките и додадете ги квасецот, маслиновото масло, солта и биберот.
7) По 25 минути, извадете ги тиквичките од рерна и посипете ја мешавината од ореви и квасец. Вратете го садот во рерна и оставете да се пече уште 15 минути.
8) Извадете од рерна, посипете со свеж босилек и служете.
– Овој рецепт прави 2 порции.
– Остатоците може да се чуваат во добро затворен сад во фрижидер околу 3 дена.
Нутритивна вредност на 1 порција:
Калории | Јаглехидрати [g] | Протеини [g] | Масти [g] |
330 | 23 (8g фибер) | 17g | 21g |
Овој оброк е особено богат со следните микронутриенти: витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3, Б6, Б9, Б12), потоа бакар, железо, манган, фосфор, калиум, цинк, селен.