fbpx

Полнети тиквички на Медитерански начин

tonus

Со пролетта, пазарите стануваат се побогати со вкусна свежа храна. Тука секако се вбројуваат и тиквичките. Иако ги употребуваме како зеленчук во нашата кујна, сепак, од ботанички аспект тиквичките се всушност овошки.

Нивната убавина е во тоа што поседуваат долга листа на здравствени бенефити, а од друга страна, имаат толку уникатен и прилагодлив вкус и сосема ниска калориска вредност. Така, лесно можете да ги додадете во различни јадења за да им го збогатите вкусот и да ги ,,разиграте” со свежината на тиквичките. Но, во продолжение ќе видите дека тиквичките можат да бидат и основата за едно главно јадење!

Избегнувајте пржени тиквички, не се ништо поздрави од помфритот, на пример.

"“Online”/

Пржените тиквички се особено вкусни, но во продолжение ќе ви понудиме рецепт кој е здрав, креативен и вкусен начин да ги употребите овие ,,овошки” во вашата исхрана.

[Поврзано: Зошто пржената храна е толку проблематична, односно нездрава?]

Тиквички – Нутритивно сконцентрирана храна!

 

Рецептот подолу е погоден за оние кои ја следат Медитеранската исхрана, а и за оние кои целосно одбегнуваат било каква животинска храна (доколку го исфрлите сирењето и да додадете тофу!). Бидејќи е нискокалоричен и исклучително здрав, овој оброк можете да го готвите почесто ако сте во процес на намалување на телесната тежина.

[Поврзано: Тиквички – 6 причини да се потрудиме почесто да ги јадеме]

Полнети тиквички на Медитерански начин!

За овој рецепт, потребни ќе ви бидат:

 

Начин на подготовка:

  1. Подгответе ги сите зеленчуци така што ќе ги измиете и ќе ги исецкате според горенаведените инструкции.
  2. Загрејте ја рерната на 175°С и премачкајте една средна тава со малку маслиново масло.
  3. Исечете ги тиквичките по должина и извадете им ја средината. Премачкајте ја секоја половина со ладно цедено маслиново масло (на една тиквичка или две половинки, по една кафена лажичка). Тргнете ги на страна или наредете ги на тавата.
  4. Во еден сад со средна големина, додадете ги урдата, мелените ореви, бабурата, доматот, ситно исечканите шампињони, маслинките и зачините, па добро и темелно промешајте ги за да ги споите (можете да ја додадете и издлабената содржина од тиквичките).
  5. Наполнете ги тиквичките со смесата, распоредувајќи ја еднакво во вдлабнатините. Ставете ги тиквичките да се печат околу 15 минути во претходно загреаната рерна. Доколку ставате сирење, додадете го на крајот на печењето и сосема кратко оставете го да се стопи.
  6. Наросете го магдоносот, заедно со нането откако ќе ги извадите тиквичките од рерна. Можете да ги служите топли или ладни.

 

Нутритивна вредност:
(на 1 тиквичка [2 парчиња], СО урда, без пролетната салата)

Калории: 220 Јаглехидрати: 17g од кои растителни влакна: 5g и шеќери: 10g;  Протеини: 13g; Масти: 12,5g од кои заситени масти: 2g и омега-3: 1g; Витамин A: 3000IU; Витамин Б2: 0,8mg; Витамин Б5: 1.7 mg; Витамин Б6: 0,8mg; Витамин Б9: 120µg; Витамин Ц: 100mg (пред печењето); Витамин K: 270µg; Витамин Е: 2,1mg; Бакар: 0.5mg; Фосфор: 270mg; Селен: 13µg; Железо: 4mg; Магнезиум: 100mg; Манган: 0,65mg; Цинк: 1.8mg; Калиум: 1100mg; Калциум: 150mg

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор