fbpx

ТИНИТУС – Зошто се случува зуењето во ушите?

tonus

Дали ви се случува кога ќе легнете во тишина, да Ве измачува непријатен звук што највеќе наликува на зуење во ушите или можеби ѕвонење, бука или пак звук од морска школка? Ако страдате од овој проблем, дефинитивно не сте сами. Станува збор за проблем наречен тинитус – медицинска состојба што погодува 1 од 5 луѓе на светско ниво. Проблемот особено го таргетира повозрасниот дел од популацијата.

За оваа состојба податоци имаме уште од античките времиња. Впрочем, од тинитус страдале и големите Леонардо Да Винчи и Чарлс Дарвин.

 Тинитусот по дефиниција претставува звук кој се јавува во внатрешното уво, а воедно е и моментална психичка состојба на чувство на присуство на звук во ушите и главата без да постои реален звук од надворешната околина. 

"“Online”/

Па од каде тогаш доаѓаат овие звуци?

Како всушност слушаме?

Кога нешто слушаме, звучните бранови емитирани од средината доспеваат до нашиот систем за слух. Најпрво вибрациите преку надворешниот слушен канал доаѓаат до тапанчето и се пренесуваат до т.н. полжавче каде доаѓа до придвижување на неговата течност што е стимул за слушниот нерв. Ако звучните бранови од средината се доволни силни, тие се трансформираат во биоелектричен сигнал кој патува низ слушниот нерв до мозокот кадешто се ,,преведува” во звукот што го слушаме.

При тинитус, воопшто не доаѓа до пренесување на звучни бранови преку слушниот систем кои потоа би можеле од мозокот да се протолкуваат како звук. Наместо тоа, имаме интерно генерирани или создадени вибрации од нашиот централен нервен систем. Вообичаено овие самосоздадени звуци (или народски кажано, звукот по кој го ,,штелуваме” слушањето или ,,позадински сигнал”) се есенцијален дел од слушањето, односно без нив не би слушале. Кај сите цицачи слушниот нервен систем е постојано активен.

Кога нема звучни дразби од средината, ваквите активности се клучни за создавањето на она што се нарекува ,,нервен код” за тишина. Кога ќе се појави звук од средината, оваа активност се менува, што му овозможува на мозокот да направи разлика помеѓу звук и тишина. 

Мозокот се обидува да помогне, но………

Здравјето на слушниот систем може да има силен ефект врз овој ,,позадински сигнал”. Така, изложувањето на премногу силни звуци (хронично или акутно), одредени заболувања, токсини, па дури и природното стареење може да влијае негативно или да ги оштети нашите коклеарни клетки (клетките на слушното полжавче). Во 90% од случаите на тинитус, пациентите имаат проблеми и со губење на слухот.

Телото има механизам за обновување на коклеарните клетки, но ако доволно од нив изумрат, безразлика дали постепено или одеднаш, слушниот систем станува помалку сензитивен. Помалата сензитивност значи дека нервите создаваат послаби сигнали. Ова би значело неслушање или губење на голем дел од звуците од средината.

За да компензира, мозокот посветува многу повеќе енергија за мониторирање на нервната мрежа задолжена за слух. Ова би значело дека мозокот ги подесува нервните активности за да добие почист звук (како кога бараме почист сигнал на радио). Всушност, она што се случува е – мозокот го појачува претходно споменатиот ,,позадински сингал” за да помогне да се чујат и потивките звуци од средината. Така, тишината веќе не е тивка. Во оваа ситуација станува збор за т.н. субјективен тинитус – всушност најголемиот дел од сите случаи на тинитус. 

Субјктивен тинитус

Субјективниот тинитус е симптом што се поврзува со речиси сите познати слушни нарушувања, но не нужно е лоша работа. Субјективниот тинитус инхерентно нема негативни последици. Сепак кај некои поединци, епизодите на тинитус можат да бидат тригер или да поттикнат трауматични мемории и лоши емоции. Така, тој може да ги влоши симптомите на PTSD, несоница, хроничен замор, анксиозност и депресија

[Поврзано: Несоница – едноставни совети за подобар сон!

За жал, се’ уште не постои лек за субјективниот тинитус. Така, најважната работа што можат да ја направат докторите е да помогнат подобро да се разбере оваа проблематика и да им помогнат на пациентите да развијат неутрани асоцијации на овие често стресни звуци.

Како и да е, постојат низа третмани што можат да ги направат симптомите многу понеприметни и помалку непријатни. Со други зборови, значително да се подобри квалитетот на животот.

 Најчесто практикувани терапии се т.н. звучни терапии кои подразбираат пуштање пријатни звуци на дожд, звуци од птици или музика за да се ,,маскира” тинитусот и да се намали стресот. Постојат и други терапии кои подразбираат пуштање на звуци со истата фреквенција како онаа на тинитусот и слично. Т.н. бел шум предизвикан од апаратите може да го прикрие тинитусот и во одредени случаи значително да помогне во ослабувањето на јачината. Користењето на слушни апаратчиња исто така е доста корисно ако постои и проблем со загуба на слухот. Постојат и апаратчиња за маскирање на звукот на тинитусот.

Избегнувањето на претерано консумирање кафе, алкохол и тутун исто така може да биде од корист за овие пациенти.

[Поврзано: Зошто сме поспани и безенергични кога врне?]

Превенцијата и тука е многу значајна!

Доплнително, како многу важна мора да се нагласи превенцијата.

Изложувањето на голема бука, продолжени периоди, особено редовно, може да биде огромен ризик фактор за губење на слухот и тинитус. Затоа, особено кај лицата што се занимаваат со работа каде има честа изложеност на прегласни звуци, важно е да се користи слушна заштита.

Грижата за срцевото здравје исто така е дел од превенцијата, особено превенирањето на високиот крвен притисок.

Физичка активност дава извесно олеснување. Се препорачува пешачење, трчање, возење точак, пливање и други аеробни активности кои ја подобруваат циркулацијата во главата и вратот.

[Поврзано: Висок крвен притисок и исхрана]

 

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор