fbpx

6 типови ОДМОРАЊЕ што се НЕОПХОДНИ за СЕКОЈ од нас!

tonus

Дали некогаш сте се обиделе да го ,,решите” недостатокот на енергија во секојдневнието преку подолго спиење, а притоа повторно сте се чувствувале изморено?

[Поврзано: 5 причини зошто постојано се чувствувате ЗАМОРЕНО]

Aко ова ви се случува често, треба да знаете дека иако спиењето е клучно за да бидеме одморени, спиењето и одморањето не се една иста работа, иако најчесто така гледаме на нив.

"“Online”/

Во повеќе наврати низ нашите статии ја истакнувавме важноста на доволното спиење, но долгиот сон не мора да значи и одморен човек.

Честопати ја потценуваме важноста на другите начини за одмарање што очајно ни се потребни. Резултатот на ваквото однесување се индивидуи што имаат хроничен замор и потценувачки став за сето она што подразбира одмор.

На прв поглед одморот изгледа како ,,губење време” и всушност затоа најчесто тоа е и оправдувањето на амбициозните луѓе во врска со недостатокот од одморање.

Сепак, имајќи предвид дека одморениот човек има повеќе фокус, но и мотивација, лесно може да заклучиме дека одморениот човек е и најпродуктивниот.

Затоа нема смисла да си кратиме од одморот за да бидеме попродуктивни. На тој начин го правиме токму спротивното.

6 ,,типови” одмор клучни за соодветно чувство на релаксираност

1. Физички одмор, кој може да биде пасивен и активен

Пасивниот физички одмор вклучува физичко одморање преку спиење и практикување дремки во текот на денот.

[Поврзано: Ритуали за релаксација]

Активниот физички одмор пак, подразбира активности како што се јога, молитва, масажа-терапија која помага телото полесно да ја подобри циркулацијата, па и флексибилноста…

[Поврзано: Дневна дремка – добра за срцето, за мозокот и го намалува стресот]

 2. Психолошки или ментален одмор

Дали познавате колега кој секој работен ден го започнува со голема чаша кафе и често е лесно надразлив и неконцентриран? Овие лица најчесто имаат проблем со заспивањето навечер, па иако можеби спијат 6-8 часови, неретко се будат со чувство како воопшто и да не спиеле. Станува збор за недостаток на ментален одмор.

[Поврзано: Како до подобра концентрација?]

Добрите вести се дека не ни е потребен отказ од работното место или одење на годишен одмор за да си го добиеме потребниот ,,ментален одмор”. Во секојдневниот распоред за активност, вметнете помали паузи за одмор, на пример на секои два часа. Ваквите кратки воздивнувања имаат силен потенцијал да нè потсетат дека треба да ,,успориме”.

Дополнително, во оваа насока добро можат да послужат и техниките за справување со несоницата или тешкото заспивање.

[Поврзано: НЕСОНИЦА – едноставни совети за подобар сон!]

3. Сензорен или одмор на сетилата

Силната светлина, екраните од електронските уреди, звуците во позадина и различните типови галама, можат на еден начин да ги презаситат нашите сетила. На ваквиот проблем можеме многу едноставно да му се спротиставиме – обезбедувајќи си простор за одмор и спиење кој ќе биде соодветно изолиран од сите претходно наведени дразби.

Дополнително нешто што можеме да направиме е барем еднаш во денот да ги затвориме очите на неколку минути, без притоа да бидеме изложени на било какви сетилни дразби.

[Поврзано: Едноставни ВЕЖБИ за брзо опуштање од насобраниот СТРЕС!]

4. Креативно одморање

Овој тип одморање е особено важно за оние што во своето секојдневние мораат да решаваат проблеми или постојано да генерираат некакви нови идеи.

За ,,креативно” да се одмориме, веројатно најдобар избор е честото практикување прошетки во природа, односно одење на места исполнети со убави, живописни пејзажи.

[Поврзано: НЕДОСТИГ ОД ПРИРОДАТА – Како времето поминато во природа влијае врз нашето ментално здравје?]

Креативниот одмор може да се одвива и преку уживање во некаков вид на уметност. На пример во музика, слики, театарска претстава, опера и слично.

Претворајќи го својот работен простор во место за инспирација, преку поставување инспиративни слики и пуштајќи пријатна, релаксирачка музика можеме во голема мера да си помогнеме во целта за соодветна оддишка или одмор.

5. Емоционален и социјален одмор

Емотивниот одмор исто така изискува храброст да се биде автентичен. Емотивно одморениот човек може да одговори на најчестото прашање ,,Како си денес?” со искрено ,,Не сум добро.” и потоа да ги отвори темите за разговор што најчесто остануваат неискажани.

Способноста за ,,социјален одмор” подразбира потенцијал за диференцирање на врските и односите што нè исполнуваат, од оние што не истоштуваат. Социјално одморените луѓе се опкружени со позитивни лица и лица што се спремни да поддржат.

6. Духовен одмор

Станува збор за способност за подлабока смисла и чувство на припадност, љубов и цел. За да го добиете овој одмор, размислувајте подлабоко за смислата на животот и најдете го одговорот што е најблизу до вашиот вредносен систем.

[Поврзано: СВЕТОГЛЕДОТ како темел на духовното здравје!]

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор