fbpx

Можат ли проблемите со ТИРОИДНАТА ЖЛЕЗДА да предизвикаат ХИПЕРТЕНЗИЈА?

tonus

Хипертензијата или покачениот крвен притисок е една од најчестите здравствени состојби на денешницата. Се смета дека во светски размери, бројот на лица со хипертензија на возраст од 30 до 79 години се дуплирал, во споредба со статистиките од крајот на минатиот век. Причините за ваквата загрижувачка статистика се разни, а дел од нив ги имаме зборувано во нашите минати статии. Денес, ќе се задржиме на една невообичаена и поретка причина за можно покачување на крвниот притисок, а тоа е нарушената функција на тироидната жлезда.

Што претставува крвниот притисок и зошто доаѓа до негово покачување?

Пред да зборуваме за поврзаноста меѓу покачениот крвен притисок и холестеролот, најпрвин накратко да објасниме што всушност претставува крвниот притисок. Крвниот притисок е мерка за силата (притисокот) со кој крвта притиска врз ѕидовите на крвните садови. Тој се мери преку две вредности:

 

  • Систолен или т.н горна вредност за крвниот притисок, ја покажува вредноста за притисокот во артериите во текот на една контракција на срцевиот мускул
  • Диастолен или долната вредност при мерењето, го покажува притисокот во артериите измеѓу две срцеви контракции.

 

Висок крвен притисок или хипертензија е состојба кога ваквото притискање врз крвните садови е прекумерно, за време на подолг временски период. Притисокот подложи на промени во текот на денот, во зависност од нашите активности. Но, доколку преку целиот ден имаме покачени вредности за крвен притисок, тоа значи дека е можно да имаме состојба на хипертензија. Најчесто вредносите при кои се смета дека има покачен притисок се 140/90 mmHg.

"“Online”/

Постојат две форми на хипертензија:

  • Примарна – се појавува со стареењето и за неа нема очигледна причина.
  • Секундарна – се јавува побрзо и нагло и може да биде поизразена и опасна од примарната. Како главни ризик фактори за нејзина појава се:

 

  • Бубрежни заболувања
  • Опструктивна спиечка апнеа
  • Вродени срцеви заболувања
  • Проблеми со тироидната жлезда
  • Честа употреба на алкохол
  • Проблеми со надбубрежните жлезди

Дали нарушената функција на тироидната жлезда може да влијае на крвниот притисок?

Тироидната или штитна жлезда е  мала жлезда во облик на пеперутка, сместена во централниот, преден дел на вратот. Иако многу мала, таа игра екстремно значајни метаболитички улоги преку излачените тироидни хормони кои низ крвотокот се пренесуваат до секоја клетка. Нарушувањето на функцијата на  тироидната жлезда е доста честа појава, која сама со себе носи повеќе проблеми. Во зависност од формата (хипо или хипертироидизам) таа може да се забележи преку различни симптоми.

Ако нивото на тироидните хормони опадне (хипотироидизам), телото на некој начин успорува, односно не е во можност да создаде доволно енергија од која има потреба. Но, чест случај е и претераната продукција на тироидни хормони или хипертироидизам. Според статистиката, ваквите нарушувања почесто се случуваат кај жените, а во светот некакво нарушување на тироидната жлезда имаат над 200 милиони луѓе.

Нарушената тироидна функција може кај мал процент од популацијата да доведе и до хипертензија. Се смета дека лицата со хипотироидизам имаат покачен крвен притисок поради покачување на периферниот, васкуларен отпор. Проценките се дека кај околу 3% од луѓето со хипотироидизам доаѓа до покачување и на крвниот притисок, состојба која е често наречена и секундарна хипертензија. Покрај притисокот, хипотиродизмот се поврзува и со покачување на нивото на холестерол и триглицериди кај одредени лица, а тоа севкупно го зголемува и ризикот за кардиоваскуларни заболувања. Нажалост, терапијата за хипотироидизам не секогаш го намалува и регулира крвниот притисок. Понекогаш, самото стврднување и намалената еластичност на крвните садови го отежнува намалувањето на притисокот и покрај користење на терапија за регулирање на тироидните хормони.

Во една мала студија, која вклучила околу 30 испитаници, хормонската терапија за тироидната жлезда, довела до намалување на притисокот кај околу 50% од испитаниците. Научниците од студијата заклучиле дека хипотироидизмот доведува до своевидно стврднување на крвните садови, а со тоа и до хипертензија. Доколку дојде до оваа појава, консултација со медицинско лице е неопходна со цел добивање на соодветна терапија. Во оваа студија, терапија за тироидната жлезда, како и соодветна терапија за хипертензија довела до намалување и регулирање на крвниот притисок, како и подобрена еластичност на крвните садови. Важно е ваквите проблеми да не се игнорираат и навремено да се најде решение – правилна терапија, промени во начинот на живот (исхрана, физичка активност, квалитет на спиење) и сл.

Д-р Митов

Д-р Митов

Ние ви помагаме ВИШОКОТ КИЛОГРАМИ и поврзаните БОЛЕСТИ, на ПРИРОДЕН начин и трајно да ги отфрлите, за да бидете: ПОЗДРАВИ, ПОЛЕСНИ и ПОЛЕТНИ!

Leave a Replay

X
Добијте бесплатен пристап до нашиот неделен информатор